Кога беше натпреварот бев зафатен и не стигнав да направам, али чунки денес направив: една вегетаријанска, една мрсничка гурманска
Состојки во вегетаријанската: домашно тесто, домашно подготвен доматен сос, печурки, зелена пиперка,маслинки, домат, овчо сирење, чедар кашкавал и ајдамер.
Состојки во гурманската: златиборац чајна, домашно тесто, домашно подготвен доматен сос, печурки (обично не ставаат на „пеперонито“ печурки, но дома ги сакаме на секоја можна пица), чедар кашкавал, ајдамер.
Немав моцарела да ги појачам, а и од другиве кашкавали не ми се додаваше поради калориите

, али и вака на вкус се одлични.
Голема благодарност и до
@Matthias околу советите за тестото, направив мала модификација кај мене, али overall е по рецептот што ми го пиша.

