Што е тоа што ги држи многу незадоволни луѓе во Македонија да седат во државата...

  • Креатор на темата Креатор на темата пунтер
  • Време на започнување Време на започнување
Немам пари моментално да заминам. Немам ниту карта да си платам до некоја рандом дестинација, нека е и Црна Гора за сезона.
Да имав досега сигурно немаше да седам овде, и да работам келнерка за мочани 250 денари во денот.
 
„Дежа ву“ тема, ама ајде добро е да се споменат некои работи.Можеби некои луѓе кои упорно тврдат дека е лесно да се замине конечно ќе се освестат и ќе разберат дека не е се така црно-бело.Е сега, ако вие луѓе сте си заминале од државата зошто сте можеле, супер и гледајте да не се вратите.Ама треба да разберете дека има и луѓе кои не се во можност да заминат од тука, не зошто не сакаат, туку зошто не можат!Не е кај сите исто како кај вас.
Сега ако барате веќе да ви кажам зошто, тоа е на еден начин навлегување во приватниот живот на еден човек.Можам само да ви кажам дека некои се мизерно ситуирани, некои се помизерно ситуирани во животот и покрај никаквите примања во државата и толку......Јасно и кратко.
 
Мојот пост беше исклучиво наменет за таа група на луѓе. Веруј дека има и такви какви што ги опишав во првиот пост.
Мене ми е јасно дека има голем број луѓе кои од немукает едноставно си ја бараат среќата во други држави. Човечка несреќа, безработица на се ќе те натера. Ама она што уште повеќе ми е јасно дека со зборење нема да се поправи ситуацијата, туку со превземање акција и подигнување на гласот, а воедно и свеста.
Има луѓе што ќе се жалат, на пример, а кога ќе дојде време за не знам на пример штрајк, протест, што и да е, викаат: Е да бе, за што да се замарам, не можам, и да излезам што ќе сменам... итн, итн. А со седење дома и жалење, што ќе се смени?

Еве пример студенти. Може е оф-топик, ама оди во прилог на дискусијава. Се жалат како професорите се иживљаваат врз нив, а кога има протести во врска со тоа - одат на кафе, не можеле да се замараат. Или што ги тераат да ги купуваат книгите за поени. Кога реков, зашто не се буните? Па и на нас ни одговара, лесно добиваме така поени.
И? Кој е крив? Цацко?
Интересно, а што ќе кажеш за некој кој во рок од 3 месеца аплицирал на близу 50 работни места од секаков профил и ниту еден од тие не му се јавил да го извести за било што, аплицирал и да оди да им работи за без пари за да стекне искуство и пак не го викале и единствена можност му била преку агенција за привремени вработувања (тоа значи за месец два ќе те шутнат од работа и ќе работиш непријавен) да работи местење фасадни прозори, без слободен ден (со тоа што во сабота и недела се работи до 2) за плата од 9000 ден. Оди кажи му на тој дека не му се работи или дека има работа, а нема кој да ја работи.
 
Добро ми ги читате постовите или јас на кинески пишувам?
Јас говорев исклучиво за таквата група на луѓе. Не зборував за луѓето што си имаат мака. Стварно се нервирам кога не ми ги читате постовите. Нит реков дека во Македонија цветаат ружи, ни дека е совршено, само дека има одредена група на луѓе кои само кукаат, а кога има иницијативи за промена, викаат дека не се замараат и не можеле они и така да променат ништо. А демек со зборење се менува? Не знам како попросто да објаснам за кој дел од популацијата мислам. Најголем дел од нив се студенти.
 
И кај мене причината зошто сеуште сум тука се финансиите. Се разбира невозможно е некој што немал таков проблем да го сфати тоа. Теоријата и практиката се две различни работи. Многу лесно е да се рече „земам парталите и фаќам магла“ ама во пракса е поинаку. Некогаш желбата не е сама по себе доволна. А креаторот на темата не е репрезентативен примерок, па врз основа на својот пример да ги проценува луѓето и различните животни ситуации.
 
Добро ми ги читате постовите или јас на кинески пишувам?
Јас говорев исклучиво за таквата група на луѓе. Не зборував за луѓето што си имаат мака. Стварно се нервирам кога не ми ги читате постовите. Нит реков дека во Македонија цветаат ружи, ни дека е совршено, само дека има одредена група на луѓе кои само кукаат, а кога има иницијативи за промена, викаат дека не се замараат и не можеле они и така да променат ништо. А демек со зборење се менува? Не знам како попросто да објаснам за кој дел од популацијата мислам. Најголем дел од нив се студенти.
А кој човек кој што е без работа си нема мака? Неговите нема вечно да живеат и да го издржаваат и нема да може вечно да ја чека работата од соништата. Студентите ќе зборуваат така додека се студенти и додека и самите не испробаат како е да најдеш работа. Она што конкретно ми сметаше во твојот пост беше - Работа има, ама нема кој да работи. Точно ќе најдеш работа кај што ќе се убиваш од работа и ќе работиш се и сешто без фиксно работно време (уште камшикот да ти го удрат па да се осетиш комплетен) и тоа не е проблем, проблем е кога на крај од месец ќе видиш колку пари си земал и тогаш почнуваш да го колнеш денот кога си се родил во ова ругло од држава.
 
Ми ги извртуваш зборовите, ама максимално!
Се повлекувам дефинитивно од дискусијава, затоа што очигледно пишувам на кинески.
 
Искрено јас не сум запознал такви случаеви ама ако можат да си го дозволат тоа и така да го живеат животот секоја им чест, не се само финансиите битни како причина да се работи.

Сега си го смени постот така да нема врска, не мислев ништо лошо или па да се расправам. :)
 
Немам пари моментално да заминам. Немам ниту карта да си платам до некоја рандом дестинација, нека е и Црна Гора за сезона.
Да имав досега сигурно немаше да седам овде, и да работам келнерка за мочани 250 денари во денот.

Џабе се објаснуваш со човек кој заборавил од каде дошол или кој не гледа прст пред око. Подобро терај си го гајлето, него да ја трошиш тастатурата.
 
Значи прво сакам да се заблагодарам на сите дикутанти кој што зедоа учество, не дека се кажа нешто што не се знаеше али добро беше да се повтори и да се слушнат мислењата од прва рака.
Може да се заклучи дека нашите мрчатори кој што секој ден се дерат на глас дека сакаат да заминат од државата а сепак остануваат во неа не можат да заминат бидејки немаат финансиски средства и други фактори кои нема да ги спомнуваме бидејки сепак финансиите се еден од главните фактори а не остануваат поради патриотизам и љубов кон домовината, всушност тие иако знаејки дека не можат да го направат тоа сепак само го повторуваат колку да си ја испразнат душата и да најдат некоја утеха дека некој ке најде разбирање за нивната мака. Знам дека многу што ја читаа темава и влегоа со дискусија сигурно си викаат овој е крајно дрзок и безобразен или како што еден вика не ставај сол на здрава рана или еден од последниве дискутанти вика тоа е веке навлегување во приватниот живот или на кратко испаѓа дека јас немам разбирање за маката на нашиве секојдневни мрчатори а јас би го поставил истовремено какво е однесувањето на нашиве мрчатори од нивна страна према лугето кој што имаат различно мислење од нив. Што гледаме од нивна страна, исмејување, цинизам и понижување на секој кој не мисли како нив, глуменње паметњаковици, овој бил глуп патриот овој незнам што и слично да не редам. Како што спомна некој тука еден вика можеби македонците се основоположници на на печалбарството, и да навистина имаме стари иселеници, имаме голем број на иселеници,голем број од нас се потекнуваат од некогашни иселенички фамилии,во исто време имаме голем број на потенцијални иселеници меѓу кои и овие нашиве секојдневни мрчатори и што се случува, одат наши дечки по тугина секој ден,некој добро ке се снајде некој не баш добро, зависи од повеке фактори ама нема да навлегуваме во тоа ( за тоа во други теми), некој ке се осеќа како прероден, ке мисли дека го фатил господ за стап, некој не се чуствува комотно во новата средина, нешто му недостига, можеби финансиски не поминува како што очекувал, кај некој игра емотивниот фактор али не е ни битно, таквите особи ке почнат истото да го прават како нашиве мрчатори да кукаат да се жалат или само ке ја коментираат новата ситуација во која се нашле,и какво е разбирањето од нашиве бедни мрчатори за тие луѓе, од старт ги дочекуваат на нож со цела жестина знаат да кажат дојди ваму да живиш да видиш како е или му лепат етикета на канализиран патриота глумат паметни и еден куп други срања неразмислувајки за состојбата на тие други мачници кој што избегале од истите причини како што сега сакаат да бегат нашиве мрчатори а ама сега се нашле во ситуација угоре високо надолу длабоко.
Патем оваа тема беше отворена само поради ова последново спомнато колку да нашиве мрчатори видат како изгледа и другата страна од медалот кога некој ке те земе меѓу рогови, т.е да бидам попрецизен беше контра на тоа нивното ДОЈДИ ВАМУ ДА ВИДИШ КАКО Е јас го поставив прашањето ШТО ТЕ ДРЖИ ДА СЕДИШ ТАМУ АКО ТИЕ НЕ УБАВО.
Толку од мене, сега ако сакате можете да продолжите со дискусија а јас ке се вратам назад во мојата БЕТИНГ ЗАЕДНИЦА околу светот каде што поминувам најголемиот дел од денот т.е најмалку едно работно време, зашто тука е само празен муабет и кукање.
 
Едноставно не си одам зошто верувам дека може да се промени нешто а и јас да допринесам во тие промени (позитивни нормално), и да не сметам дека во државава се живее толку лошо па единствен “излез“ да ни е бегање во странство. Главниот проблем кај нашиов народ е тоа што нема никаква мотивација и секогаш се осеќа како нешто пониско за разликата на пример од “Европјаните“ а тоа е резултат на потчинетоста.. не за џабе сме биле 500 години под Турско ропство мора уште да има влијание од тоа.. а да и премногу сме ограничени (во глобала) ние секогаш чекаме за готово.. кога не ни чини ние секогаш ги обвинуваме другите и секогаш чекаме другите (да ни дадат плата пример) а не помислуваме зошто ние да не даваме на други пример ?

Трето воопшто народов не размислува отворено секогаш има некоја работа што е “срамота“ за нив, и повеќето од форумов никогаш не би прифатиле да речеме да живеат на село иако таму ќе имаат 10x поголема заработка а поарно им е да работат за 9000 цел месец кај некој газда . А во селото се живее и по-мирно ем е на не повеќе од 10-тина километри од градот а тоа е ништо. Инаку не живеам јас на село, но го кажувам од она што го гледам во околината ..
 
Патем оваа тема беше отворена само поради ова последново спомнато колку да нашиве мрчатори видат како изгледа и другата страна од медалот кога некој ке те земе меѓу рогови, т.е да бидам попрецизен беше контра на тоа нивното ДОЈДИ ВАМУ ДА ВИДИШ КАКО Е јас го поставив прашањето ШТО ТЕ ДРЖИ ДА СЕДИШ ТАМУ АКО ТИЕ НЕ УБАВО.
Можда и твоите реченици за т.н. мрчатори за некого е мрчаторство...зависи. Луѓето ти објаснија, немале можност да добијат работа, престој виза во странство. Некои пробале, не добиле виза...други немале доволно средства за да отпочнат нов живот. Посебно ако си слабо платен или невработен пари многу тешко за документи, молба, пат, престој ...илјадници долари ...
запрашај се зошто данци, аустралијци или шпанци...не бараат постојано жителство или азил кај нас... оти е преубо ама не се информисани :D

Бтв, кај вас таму странцтво не мрчат луѓето? Која држава си ако не е тајна?
 
Храброста. Да сменат нешто, а не да бегаат.
Или да додадам на твојот одличен и интелигентно смислен пост: Зоната на комфорот и "лаки живот на туџа леџа" на оние кои не се осудуваат да излезат од таа опасна зона.Тоа се луѓе кои се навикнале некој друг да им го сервира ручекот пред нос,без притоа да се запрашаат како е да се заработи тој ручек,тоа се луѓе на кои излегувањето од дневната банално-снобовска дневна шема им предизвикува стресови од невиден размер,па тие и најобична прошетка до оближното прекрасно ридче би ја сфатиле како замор и нешто непотребно,тоа се луѓето т.н. "бамбини" кои сеуште со своите 35 и повеќе години живеат со своите родители кои за жал сеуште ги издржуваат итн итн.Вакви ги има премногу во нашава Македонија,и самата држава мора да преземе нешто за да ги размрда,инаку кога ќе побегнат работливите во јабана,ќе останат вакви и ќе нема кој да работи!
 
Можда и твоите реченици за т.н. мрчатори за некого е мрчаторство...зависи. Луѓето ти објаснија, немале можност да добијат работа, престој виза во странство. Некои пробале, не добиле виза...други немале доволно средства за да отпочнат нов живот. Посебно ако си слабо платен или невработен пари многу тешко за документи, молба, пат, престој ...илјадници долари ...
запрашај се зошто данци, аустралијци или шпанци...не бараат постојано жителство или азил кај нас... оти е преубо ама не се информисани :D

Бтв, кај вас таму странцтво не мрчат луѓето? Која држава си ако не е тајна?

А што е битно во која држава сум, ако можам да прашам, ти ке оформуваш мислење во зависност во која држава сум, едно ке биде ако ти кажам дека сум во Шпанија а друго ако речам Канада, можеби сум во Македонија, што има врска тоа ? На крајот еве и ти го потврдуваш тоа што го кажав за мрчаториве, сакаш да тераш мајтап со тоа странцтво на секој потенцијален условно кажано странец а од друга страна истите мрчатори сакаат да станат странци.
 
битно е. ако веќе отвораш муабет за луѓето кои не можат да избегаат оттука, ако сакаш да дискутираш барем отвори ги картите и одговори на некое од прашањата. Вака и ти само мрчиш дека тие наводно мрчат без да знаеш што се дешава со овие луѓе. Со твоето искуство за вадење виза, извор на средства за пат и престој таму во вредност од неколку илјади долари, начин на наоѓање работа и исплатливост можда ќе им помогнеш на барем 5% од мрчаторите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom