Од идеологија глава боле.... Политичка идеологија, животна идеологија, материјална идеологија, образовна идеологија, новинарска идеологија, филозофска идеологија, општествена идеологија, комшиска идеологија, религиска идеологија.... Сите овие нешта поттикнуват и креират некаков микс за идеолошкио свет у главата на еден човек.
Најинтересното е шо секоја на различен начин те дупе у здрав мозок, поставувајќи ти правила за како да го трошеш времето, како да си ги насочуваш мислите, и за какви мисловни процеси да си ја трошеш сопствената енергија и време...
Самото подведување на една идеја наспроти друга, доведува до искривена слика за самио мисловен синџир и сврзувајне на едно нешто со друго у главата. А ако има искривена слика, и нема некоја најсилна чиста вистина...
Иначе убаво е човек да си филозофира.. Ит мејкс хим фиил импортант...


И помеѓу сите тие идеологии, човек требе да си најде смислата зашо е жив...
А за сеејетно нешта: Засеј неколку стотина дрва, одржувај ги у живот, гледај ги како растат, как се развиват, силни, зелени, убави, како раѓат плодове па ќе прааме маабет дали е само материјално задоволството или има голема доза на духовно задоволство.
