Што е полошо: пушење или дебелина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Што е полошо: пушење или дебелина?

  • Пушење

    Гласови: 4 8,3%
  • Дебелина

    Гласови: 6 12,5%
  • И двете подеднакво

    Гласови: 38 79,2%
  • Ниедно - зависи од личниот стил на живот

    Гласови: 0 0,0%
  • Не можам да одлучам

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    48
Дебелината побрзо убива, ама и двете се многу лоши.

Жена ми ме убеди да прекинам со цигарите, и качив од 85 кг на 120 кг. Сега работам на намалување на тежината, ама канцелариска работа и многу стрес те тера на допамин хит од храна.
Од тој допамин хит од храна ние пола ден сме поспани и летаргични а пола ден ни е тешко на стомакот, ама мислиме дека тоа е нормално бидејќи сме заборавиле како е да се осеќаш убаво. Знам дека си Америка, верувам слично е и таму како овде, ние јадеме месишта, лебови, компири уз пиво, претходно салата со две три ракии за ручек, после благо и се трпаме ненормално а желудникот како мешалка без престан работи. И тоа е така секој ден. Да не спомнувам буреци, теста, лиснати, некакви благи и разно разни глупости кои ги внесуваме на дневна база.
 
Додека пушев цигари немав никаков проблем со одржувањето на тежината. Мислам дека проблемот кај мене беше што цигарите како навика ги заменив со грицики и експлодира тежината за 2 години.
 
Оземпик никако не е лек за слабеење, туку лек за третман на дијабет. Така што, хигиено диететски режим и физичка активност!!!

Оземпик е двете и многу повеќе. Ве молам немојте со логички грешки од типот на мора да биде природно или не го бива, има луѓе кои имаат сериозни проблеми и не можат со вежбање и исхрана да ослабат, а ако ослабат се пак на иста килажа за кратко време.

Сооднос на неуспех/успех е над 85% се на иста тежина за 1 година долгорочно со исхрана и вежбање.

Оземпик е буквално чудо во науката.
 
Оземпик не е лек за лекување дебелина. Оземпик е лек за лекување дијабет со несакан ефект губење тежина.

Ве молам не ширете небулози.
 
Nonsense
 
Nonsense е твоето, дури мислам дека треба да ти го избришат коментарот затоа што промовираш нездрав начин на слабеење.

Ozempic e semaglutide, истата состојка во малце поголема доза се користи за менаџирање на гојазност.
 
Ти збориш за Wegovy. Тоа е точно, генериката е таа, но станува збор за луѓе со екстремна дебелина, не луѓе кои имаат 10-20 кг вишок.

Сакам да потенцирам дека е погрешно да се промовира семаглутид (Оземпик) како лек за слабеење кај луѓе со умерена прекумерна тежина. Семаглутидот е пред сè лек за дијабетес тип 2, а неговата употреба за слабеење е ограничена на пациенти со тежок степен на гојазност и со придружни ризици, под строг медицински надзор!

Има причина зошто е тоа така. Овие лекови може да имаат значајни несакани ефекти, вклучувајќи гастроинтестинални проблеми, панкреатитис, и други, па затоа не треба да се користат како прв избор или како што викаш ти “магично решение” за слабеење.

Затоа, здравите животни навики, односно правилна исхрана и физичка активнос секогаш остануваат основа и прв приоритет за слабеење и одржување на здравјето, особено кога нема сериозни болести кои бараат фармаколошка интервенција.
 
Воопшто не е погрешно, од натурализам ми е преку глава, луѓето умираат 20-30г заради вашиот fear mongering.
 
Ти збориш за Wegovy. Тоа е точно, генериката е таа, но станува збор за луѓе со екстремна дебелина, не луѓе кои имаат 10-20 кг вишок.

Сакам да потенцирам дека е погрешно да се промовира семаглутид (Оземпик) како лек за слабеење кај луѓе со умерена прекумерна тежина. Семаглутидот е пред сè лек за дијабетес тип 2, а неговата употреба за слабеење е ограничена на пациенти со тежок степен на гојазност и со придружни ризици, под строг медицински надзор!

Има причина зошто е тоа така. Овие лекови може да имаат значајни несакани ефекти, вклучувајќи гастроинтестинални проблеми, панкреатитис, и други, па затоа не треба да се користат како прв избор или како што викаш ти “магично решение” за слабеење.

Затоа, здравите животни навики, односно правилна исхрана и физичка активнос секогаш остануваат основа и прв приоритет за слабеење и одржување на здравјето, особено кога нема сериозни болести кои бараат фармаколошка интервенција.
За Wegovy осигурањето покрива ако си над 30 BMI, или над 27 BMI со коморбидитет. (високи масти или холестерол)
 
најлош сајд ефект е кожинката обесена, телото претерано слабее без кожата да може да се прилагоди. Посебно на лицето е грдо, како логораш од аушвиц.
 
Океј, не користете оземпик, земете си по некој цревен паразит, поприродно е.
 
За Wegovy осигурањето покрива ако си над 30 BMI, или над 27 BMI со коморбидитет. (високи масти или холестерол)
Епа така де, тоа го кажав. Луѓе со коморбидитети и под строг медицински надзор.

А не промовирање како магичен лек на форум. И после ти идат пациентите и дај ми та дај ми Оземпик да ослабнам.

Пешачење, трчање, физичка активност, режим на исхрана….па после се друго, во консултација со лекар.
 
Дали читаше што напишав?

Дали го виде делот дека грото од луѓето НЕ МОЖАТ да ослабат долгорочно со исхрана? Дали тоа не ти даде до знаење дека зборувам за нив а не за сите?

Дали ги знаеш "несаканите ефекти" на умирање 20 години порано од просечен животен век и дали дали истите се подобра опција од подуеност?

Дали и со колку гојазни луѓе си работела и која ти е статистиката на успешно одржување на постигната тежина на 2-5 години кај истите пациенти?

П.С. Да, Оземпик е магија.
 
Во целина пушењето е полошо од проста причина што влијае и на тие околу тебе. За лично здравје зависи од повеќе фактори.

Има луѓе со гени резистентни на цигари/хемикалии во цигарите па за нив и не е толку страшно.

И двете не се добри. Недоволна физичка активност е погубна за здравјето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom