Што би смениле во вашиот град / општина доколку утре станете градоначалник?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Нема ингеренции да ги спречиш луѓето да бушат кога ќе им текне и да си ги приберат кучињата по дома да не лаат по цел ден, така да би си драпал мадиња на функција 4 години. Еден јавен ред и мир се нема капацитет да се среди тука не па нешто повеќе.
 
Интересни ви се идеиве, супер што сакате да подобрите нешто у општината што живеете, арно ама поголемиот дел од овакви идеи се неизводливи, од проста причина. Пари.
Општините немаат пари. Сеа некој ќе рече ааа пријателе ами даноци за шо плаќаме ние фирми воа ноа, мхм точно, баш за тоа плаќаме да имаме одржлива постоечка инфраструктура и изградба на нова за градовите и општините да се развиваат, подобро место за живеење бла бла, арно ама пак нема пари.

Разгледајте кои даноци што ги плаќате се слеваат во општинската каса. Пример данок на имот, административни такси за градежни работи, продажба на парцели, тоа се општински средства додека даноците на платата што ви одземаат секој месец, на купувањето во маркетите итн. се даноци кои се слеваат во централниот буџет и може да бидат наменети од државата за други цели во друга општина или за државни потреби(плати, пензии, одбрана, здравство, враќање долгови итн).

Можете да направите 1 многу битна работа. Да отворите и да ги видите буџетите на општината за последните 4 години и да извадите просек-или барем последната година затоа што приходите ќе бидат во тие граници.(напомена, внимавајте да не ги извадите средствата на целосниот буџет, само оние средства што се на општината, значи дотациите од државата наменети за градинките, школите итн. не се дел од буџетот, тие само влегуваат во касата одат за наменската цел и ако остане нешто се враќа назад на централниот буџет).

*Пример Велес има буџет од некаде 1.3Милијарди од кои повеќе од 900М се слеваат од државата за дотации.

Еве линк до презентација како изгледа буџетот на Општина Велес за 2025 година и убаво и сликовито со графикони е прикажано од каде доаѓаат средствата, во која програма на општината ќе се слеат и како ќе се трошат.
Ова изгледа супер - 1.3 Милијарди

Прегледај го приврзокот 452833
Ама ако кликнеш на сликата ќе видиш дека 945М ќе отидат на само на образованието, градинките, музеите, библиотеките и противпожарната служба, односно за плати.

Детално ако кликнеш на линкот, ќе видиш остатокот од средствата како се планирани односно во делот на расходи кај ќе одат. Тука мораш да имаш во предвид и плати за државната администрација во општината вклучително вработени и совет.
Општината најголемиот дел од средствата кои и се достапни за планирање ги ставила во комунални дејности, што е и целта на општината да гради и подобрува инфраструктура, но затоа што ако гради само и асфалтира патишта не значи дека треба да заборави и на другото.
Тука се дополнителни средства кои ги одвојува за локален економски развој, урбанизам, животна средина, култура итн.

Општински буџет се планира исто како семеен буџет или народски кажано, пушти си ги нозете колку чергата. Супер е да кажеш ја да сум градоначалник абе се ќе изасфалтирам, се од школи ќе реконструирам, сите паркови ќе ги обновам, секое маало спортски терен, културни настани секој викенд и општината банкрот за помалце од 1 месец, таман кога ќе дојдат првите фактури :pos:

Општините може да имаат и други приходи, пример од донации/грантови од ЕУ преку програми за развој или преку задолжување.
За првиот дел мора да имате спремни проекти и партнери да аплицирате на отворен повик кој би се појавил за да може да се аплицира за вториот дел зависи од тоа дали ви е претходно задолжена општината дали има можност уште да се задолжи, дали ќе ви одобри Советот, министерството за финансии, ама и да имате на ум дека тој кредит ќе ви јаде од наредните буџети.
Секоја општина си има свои буџети согласно големината и развиеноста, ја извадив мојава како пример зашто е најтранспарентна па со 2 клика се наоѓа се, а за вашите општини гуглајте или одете на сајтот на општината кај што живеете.
Добро, ова ти е докторска дисертација за буџетарење.
Да ти кажам право, ако секој што предлага идеи за општина прво го поминуваше овој „курс по реалност“, ќе немаше толку постери „Ај да направиме аквапарк и трамвај до Ѓорче“.

Пари нема, ама со малку мозок и проекти - може да се најдат. Проблемот е што кај нас често идејата почнува со „Еј, ќе биде многу јако ако…“ и завршува со „Епа, нема пари“. Пушти си ги нозете колку чергата, ама гледај чергата да не ти е крпена од сите страни.

Враќање на сите што дошле од провинција или мрежи на нивните балкони. Ебате работа, соберете си ги остатоците и трошките од јадење, не да ги тресете чаршафите на тие доле.
Малку вон тема, ама Ронче ме изиритира со кучињата.
Е ова ти е класична урбана утопија - „враќање“ на сите од провинција.
Ама да ти кажам, ако тргнеме по таа логика, половина град ќе се испразни, а другата половина ќе се прашува кој ќе им пече бурек сабајле. За чаршафите и трошките, тоа е стар скопски спорт кој нема никогаш да се искорени.
 
Сега малку зависи дали на Скопје или Аеродромот, ќе пишам и за двете. Мене екологијата би ми била прва точка, не може бе секоја ебана ноќ да смрди на запалена пластика. Второ дислокација на отпади надвор од градот. Не може во двор му текнало отпад и цели кули ѓубришта. Исто санација на Вардариште еднаш засекогаш, како и довршување на отстранување на линданот во Охис.

Проблемот со кучиња скитници секако треба да се реши, но за трајно решение треба и менување на законите.

Од инфраструктурата би го продолжил кејот на Вардар кој сега е до Ново Лисиче да оди барем до пругата. Со ова би се утепале и две муви зашто баш таму знаат да фрлаат отпад и да палат. Исто треба и општина Гази Баба да средат од другата страна, на ништо не личи.
 
Циганите се златна кокошка на локални избори и во некои избирачки места можат пресудно да влијаат на исходот од гласањето така да верувајте ми никој нема да ги реши. Може само да им наштанцаат лични карти по брза постапка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom