Што ако вашиот партнер/ка има различен вкус за музика или начин на живеење од вашиот?

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
ако една единка ја означиме со А а друга со Б и ако тие меѓусебно имаат различен стил на живот Ц, тогаш А*Ц1 е различно од Б*Ц2, ако А и Б имаат иста константа исто важи условот ако и само ако Ц е негативен број.
 
Сепак мора да има заеднички координати во врската, столб на сплотеност што ќе го градат заедничките интереси и емоционални влогови. Тоа е всушност и умешноста за успешност во врската - да надвладее формирањето на „нашето“ во однос на различното и „моето“. Компромис.

Што се однесува на стилот на живеење, не ми одговараат екстремни барања да одам драстично против мојата природа и вкус. Значи - оргии и дрога не доаѓаат в предвид.
Музиката и местата за излегување во моменталната врска ги регулираме според моменталното расположение и со дијалог :). Не можам да се вклопам во фенси друштва, скапи коли, вечери во ресторани во кои не знам со кој од десетте ножеви што да исечам итн.
Погледот на животот и плановите за заедничка иднина мора да се во глобала заеднички.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom