Шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Во последно време Арсенал се поврзуваат со тандемот од Лион Бензема-Бен Арфа.
 
Зимска трампа на великаните
Станува се поизвесно дека триаголникот Милано, Мадрид и Барселона наскоро ќе биде затворен и дека двете големи ѕвезди Кака и Роналдињо по јануарскиот преоден рок ќе бидат во своите нови клубови.

Шпекулациите за големите зимски трансфери на Кака и Роналдињо полека како да стануваат реалност.

Барселона е се погласна во најавите дека ја прифаќа понудата од 65 милиони евра за да го пушти Роналдињо во Милан. Сума на пари со која во каталонскиот клуб можат да ги пополнат сите дупки во стартната постава.

Претседателот на италијанскиот тим, Силвио Берлускони парите за бразилскиот ас би ги обезбедил со продажбата на својата голема ѕвезда Кака во Реал.

Зделка во која кеш ќе види само Барселона, но трансакција во која нормално сите ќе бидат среќни и задоволни.

"Имам договор со Милан до 2011 година, мене не ми се брза да го продолжам, а гледам дека ниту во клубот нешто не им се брза. Ако претседателите на двата клуба се договорат, добро јас си заминуван, ако не јас останувам во Милан", изјави Кака, кој прв се реши да ги прокоментира шпекулациите.

Барселона е поопуштена околу заминувањето на Роналдињо, кој игра се послабо, а неговото евентуално заминување се отвора простор за Меси, но и за ѕвездите кои доаѓаат Сантос и Кркиќ.

А на Милан и Реал ќе им се реализира сонот во кој Роналдињо и Кака би ги носеле нивните дресови.

Сапунската опера ќе потрае уште едно два-три месеци и ќе мораме да бидеме трпеливи и да го видиме нејзиниот епилог.
http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=089393056026A348BBAEC84758BEB583


Аииии...:vozbud:
 
Абе Роналдињо гарант не си иде, а Кака не се знае ...
 
Баш е обратно...

Него еве нешто пресно, Милан сфатија дека имаат недостиг од напаѓачи, па тргнаа вп поход по напаѓач од светка класа.

Роналдињо, Дрогба и Бензема се кандидати.

Од друга страна пак Челзи се заинтересира за играчот кого исто така го следат и Јуве и Интер. Станува збор за еден од најдобрите и најталентираните млади дефанзивци, србинот Иванович.

Реал бара замена за повредените централни дефанзивци, моментално најзагреани се за новиот Лусио, тоа е Брено од Сао Пауло. Доста добар талентиран играч, на кого му се предвидува блескава иднина. За него истотака се заинтересирани и Јуве и Баерн...
 
Баш е обратно...

Објасни ми логично, зошто Кака би заминал од Милано. И да би сакал, кој би му дозволил такво нешто и со какво лице после тој чоек ќе излези во јавност?

Берлускони нема шанса да си го продаде најјакиот и најомилениот играч за пари. Не му требат како прво, а како второ ќе го уништи Милан, а на сите ни е јасно колку го сака Милан.

Незнам шо ви е филмо, демек ако вервате во вакви неизводливи шпекулаци ќе се постигни пласибо ефект и навистина ќе се случат.

едит: На Влатко се однесува посто не на Јове. Незнам кај терам нема врска.
 
Објасни ми логично, зошто Кака би заминал од Милано. И да би сакал, кој би му дозволил такво нешто и со какво лице после тој чоек ќе излези во јавност?

Абе не реков дека ќе си замине, само реков дека не се знае. Сепак све е можно.
И плус тоа што реков се однесува на зимскиов трансфер период.
Берлускони го сака Роналдињо, Реал го сака Кака. Тоа е очигледно.
Ќе се опари и тоа на големо Берлускони ако го шитне Кака за тие 70м ...
Има и Роналдињо и свети Роналдињо да го купи со тие пари ...
 
Објасни ми логично, зошто Кака би заминал од Милано. И да би сакал, кој би му дозволил такво нешто и со какво лице после тој чоек ќе излези во јавност?

Берлускони нема шанса да си го продаде најјакиот и најомилениот играч за пари. Не му требат како прво, а како второ ќе го уништи Милан, а на сите ни е јасно колку го сака Милан.

Незнам шо ви е филмо, демек ако вервате во вакви неизводливи шпекулаци ќе се постигни пласибо ефект и навистина ќе се случат.

едит: На Влатко се однесува посто не на Јове. Незнам кај терам нема врска.

Абе дај таму Галијани нека купува играчи да не го дотераат Милан во втора лига.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom