Шпанија прифати да гостува во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата |И.И|
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
НЕИЗВЕСНО ГОСТУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКИОТ ПРВАК

ТВ-правата ја бркаат Шпанија од Скопје

Застапникот на ТВ-правата на Македонија, „Спорт 5“, не се согласува евентуалната средба меѓу Македонија и Шпанија следната година да ја пренесува застапникот на „црвената фурија“. Од тие причини, доаѓањето на европскиот шампион во Скопје и понатаму е неизвесно. Како што пишуваше „Време“, веднаш по завршувањето на Европското првенство, претседателите на фудбалските федерации на Македонија и на Шпанија, Хари Хаџи-Ристески и Анхел Мариа Вилар, пред полуфиналниот меч Шпанија - Русија усно се договориле за пријателски натпревар. Добрата волја на Шпанците да дојдат во Скопје во август 2009 година, како дел од прославата од стогодишнината на македонскиот фудбал, ја покажале и на средбите со ФФМ од 1 до 3 ноември во Мадрид, кога беше потпишан меморандум за меѓусебна соработка. За да гостува, „црвената фурија“ ги намалила барањата на минимум, се откажале од паричниот надомест за гостување, но сакаат да ги задржат ТВ-правата од директниот пренос. - Шпанците дадоа согласност за натпреварот. Со претседателот Вилар договоривме да дојдат во полн состав и да не бараат финансиски средства за гостувањето. Термините им се зафатени до 2015 година, но за прославата на еден век од првиот фудбалски натпревар во Македонија прифатија да гостуваат во август 2009 година. Но, проблем има со телевизиските права, кои се продадени на Шпанската телевизија (ТВЕ). ТВЕ ги продава правата преку својот застапник, а „Спорт 5“, кој е застапник на ТВ-правата на Македонија не се согласува Шпанците да продаваат пренос од средба што се игра во Скопје. Ќе се обидеме да го надминеме проблемот и да ја искористиме можноста да ги одмериме силите со европскиот шампион - изјави Хари Хаџи-Ристески, претседател на ФФМ.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1549&ArticleID=102153
 
Глупости живи,знаев дека ке најдат некој изговор ама надежта последна умира така да ке видиме дали ке идеме на градски да ги гледаме Шпанците или ке гледаме на Телевизија ц ц ц :kesa:
 
охооо торес, виња, чави, иниеста, касиљас, пујол, рамос...

Замислете како ке биде: "Шумуликовки му ја одзема на Чави на средината ,додава до Пандев , одличен потег на Пандев се ослободи од Пујол , Еден на Еден со Касиљас УДАР!!! и ГОООООЛ!!!! Води репрезентацијата на Македонија....(многу фантазирам ) :vozbud:

незнам шо ке се дешава низ македонија да се деси то :pos2::pos2:
 
Како да има дупли теми а вие шо викате?
АЛООООО МОДЕРАТОРИ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom