Шо му направи Хам на татко му Ное

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Во филмот не е баш така. Таму Ное на плажа лежи наместо во шатор. Најверојатно режисерот сметал дека на плажа каде што е отворено има поголеми шанси Ное да налета на нудисти и да опаши неколку млади девојачки од по 100-200 години наместо на жена му која била мислам некаде околу 500-700.

Дај не шири дезинформации. Потоп се случил човече, кај ги најде нудистите, и да ги имало порано како што викаш млади крцкалчиња од по 100 години, кога се случило тоа светот бил потопен под вода и сите биле удавени.
 
Аман па ептен буквално сфаќате. :pos:
 
Ное е познат лик од Библијата, него Бог го прогласи за единствен праведник кој заслужил да (со своето семејство) го преживее потпоп, нему Бог му се јави му кажа да направи ковчег со дадени димензии во него да смести од сите животни и така после повлекување на водите од Ное и животните кои ги спасил се насели пак земјата со живот.
Е сега има некоја мрачна семејна тајна во фамилијата на Ное, имено од ко помина целиот тој спектакл со водите, Ное си посади лозје, си направи вино, се испијани и легна гол во шаторот. Таков го виде син му Хам и му кажа на браќата нешо као “А бе старио камен се направи ене го во шаторот лежи тасма гол“ и појдоа браќата со алишта и го покрија, арно ама ко станал ное и разбрал шо му направил Хам, го проколна за век и веков да биди најдолен слуга на браќата
Во Библијата тоа е вака опишано:

20. А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје.
21. И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој.
22. А Хам, таткото на Хананејците, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата браќа свои.
23. Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваќи ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голотијата на таткото свој.
24. А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот син,
25. па рече, „Проклет да е Ханан; на браќата свои ќе им биде најдолен слуга!”

прашањето е што Хам му направил на пијаниот гол татко за така да го проколне за цел живот?
Хам го видел гол на дедо Ној бе.
Очигледно е чим авторот потенцира дека другите не го виделе и ептен се труделе да не го видат. Види го болдираното во цитатот.
 
Хам го видел гол на дедо Ној бе.
Очигледно е чим авторот потенцира дека другите не го виделе и ептен се труделе да не го видат. Види го болдираното во цитатот.
детето влегло в шатор и го видел старио пијан летва гол, и сега детето проколнато за цел век да биде најдолен слуга ооти татко му се испијанил ко стока и така пијан се свлекол гол и заспал во шаторо. Јас не знам во библијата да има закон “Ко ќе влегваш во шаторот на таткоти мижи за да не го видиш случајно гол и пијан заспан“
Башка ко ќе почиташ текстот ќе видиш дека го проколнал зато што нешто МУ направил.
Не е само гледање тука... има некоја пострашна работа...
 
Хахахахах

Тоа е тоа бе, во тоа време ако го изнервираш татко ти ќе те проколне. :)
 
детето влегло в шатор и го видел старио пијан летва гол, и сега детето проколнато за цел век да биде најдолен слуга ооти татко му се испијанил ко стока и така пијан се свлекол гол и заспал во шаторо. Јас не знам во библијата да има закон “Ко ќе влегваш во шаторот на таткоти мижи за да не го видиш случајно гол и пијан заспан“
Башка ко ќе почиташ текстот ќе видиш дека го проколнал зато што нешто МУ направил.
Не е само гледање тука... има некоја пострашна работа...
Јас мислам дека треба да се обратиш кај стручни лица од типот на MIKI1, Изгрев и тој со црвениот фонт, му го заборавив никот. Од нив ако добиеш Амин, значи така е.
 
Јас мислам дека треба да се обратиш кај стручни лица од типот на MIKI1, Изгрев и тој со црвениот фонт, му го заборавив никот. Од нив ако добиеш Амин, значи така е.
Јас му вервам само на Спиро, тој директно зборва со госпо и добива упатства, нему дедо боже лично му ги диктира постовите шо ги пиши на Кајгана
 
Јас му вервам само на Спиро, тој директно зборва со госпо и добива упатства, нему дедо боже лично му ги диктира постовите шо ги пиши на Кајгана
Е тој, Спиро, не ми текнуваше на никот. А велиш газ и гаќи се со госпо!? Ако си го имаш муабетот со него, прашај го дали е во план 2nd Edition од Новиот Завет, редно време е еден update да му се направи.
 
Хам се срамел од голотијата на Ное затоа го покрил. Каде е тука грешката и зошто Ное го проколнал?
Адам и Ева биле голи и не се срамеле од своето тело. Кога Ева легнала со Сатаната и останала трудна тогаш Бог ја проколнал и ја избркал од Рајот. Отако ги избркал Бог од рајот тогаш Ева и Адам се погледнале и се засрамиле од своето тело затоа тие се облекле и ја покриле својата голотија.
Ное е чист и гол, со покривањето Хам го враќа гревот (грешката) која Ева ја направила, го враќа срамот, ја прави истата грешка која Ева и Адам ја направиле. Затоа Ное е многу лут и го проколнува својот син.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom