Маца_мк
♫♥good girl gone bad♥♫
Осумдесет и еден отсто од жените секојдневно користат шминка, но малкумина од нас знаат за вистинската штетност на производите за разубавување, покажува последното научно истражување. Иако шминката би требало да направи да изгледате помладо, поубаво, поздраво, попривлечно, се чини дека го прави токму спротивното.
Во новата книга на Британката Кејт Лок се открива што навистина се наоѓа во шишенцата и кутиите со шминка, кои штетни реагенси ги содржат и како тие влијаат врз човековиот организам. Некои од нив предизвикуваат рак, некои влијаат на хормоните во телото, а пак некои создаваат проблеми со репродуктивните органи. Затоа пред купување на шминка обратете посебно внимание на материите од кои се изработени и потрудете се да ги избегнете оние шминки кои ги содржат следните супстанци:
Фталати
Што се тие?
– Претежно се користат при изработка на пластични производи со цел да им дадат поголема флексибилност, додека во козметичката индустрија се користат за стабилизирање на аромата која настанува при мешање на различни супстанци. Се користат во деодорансите, колонските води за бричење, парфемите, во производите за заштита на косата и на кожата.
Како влијаат врз нашето тело?
- Неколку студии покажале дека влијаат врз појавата на астма и алергија кај жените и тинејџерките. Негативно влијаат и врз плодноста кај жените на возраст од 20 до 40 години, како и врз нивните хормони.
Формалдехиди
Што се тие?
– Бидејќи лесно се мешаат со вода и служат за намалување на количината на бактерии и на габи, честопати се користат во козметичките производи кои функционираат на база на вода, односно кај шампоните, геловите за туширање и течните сапуни.
Како влијаат врз нашето тело?
– Можат да предизвикаат алергија, а некои луѓе се жалат дека формалдехидите им предизвикале астма и тешки главоболки. Сепак, најзагрижувачки е фактот што се вброени во групата на канцерогени материи, поради што се забранети во повеќе земји во светот.
Парабени
Што се тие?
– Синтетичка хемикалија која се користи како конзерванс која штити од бактерии и габи. Честопати е означен како метилпарабен, етилпарабен, бутилпарабен, пробилпарабен, исобутилпарабен, бензил парабен.
Како влијаат врз нашето тело?
– Познато е дека ги попречуваат некои хормонски процеси. Над 12 истражувања покажале дека оваа материја во телото се однесува како естроген, а докажано е дека предизвикува рак на дојка.
Пестициди
Што се тие?
– Позната хемикалија која најчесто се наоѓа во земјоделската индустрија и служи за производство на сирови материјали кои подоцна се користат за изработка на креми или шминка.
како влијаат врз нашето тело?
– Се уште не е утврдено колкава количина на пестициди стига до кожата благодарение на козметиката, но јачината на пестицидите не смее да се сфати несериозно. Тие можат да предизвикаат рак, абнормалности кај фетусот, намалување на плодноста кај мажите, како и Паркинсова болест.
превземено
значи момци и девојки, во иднина што и да купувате читајте го составот зашто изгледа ни деодорансот не бил така безопасен:nesum: