Школски друштва

  • Креатор на темата Креатор на темата MATE™
  • Време на започнување Време на започнување
Еве јас завршив у ЈБТ демек шмизли кремци што не абе :pos: јазично уметничко подрачје А, 32 бевме, сите се дружевме меѓусебе, еден го испрашуваат, ако не е спремен 31 одговараат само да го попречат часот :D изостаноци еден куп, секад ние бевме у право, професорот никогаш а не не сакаа пошо бевме остри на јазик а не лизни мазни и тоа.

така да деновите од средно :love: најдете си друштво и топ ќе е јас имав среќа што цел клас бевме на иста фреквенција сосе класната и немаше делење, тоа е ко 1 на 10ка :P
 
Во главно RickyLFC9 ја кажа вистинската генерализација, со тоа што би додал дека помеѓу главните фаци и рајата има една група која е веројатно и најопасната. Тука спаѓаат учениците кои оригинално спаѓаат во рајата, но прават се' за да станат дел од „елитата“. И тие се вообичаено најлицемерните и најчесто ги зафркнуваат оригиналните друштва. Треба посебна претпазливост од нив, и среќа за мене што се тргнав од такви кругови.
 
Не го спомнавте и друштвото составено од едно машко и десет женски. Во секој клас има таков паун што не го интересираат муабети со машки и си формира свое женско друштво. :icon_lol: :pos:
Јас спаѓав во 1 и 4. Најучен ама не ме зафркаваа :P најлош и најглавен не поради пари и слава, туку поради тоа што прв имав моторола со антена. :D
 
Ние бевме 10 деца од 21 во клас, се разбира сите 10 бевме машки (толку бевме и во класот). Секогаш од нашето друштво имаше дете што каснеше на први час, но секако случајно каснеше и секогаш имаше дете кое бегаше 7ми час :pipi:. Сите не сметаа како најлоши, но нај учени.

Е со девојчињата се согласувавме само за домашното, да го лажеме професорот немавме ништо домашно, е тоа најчесто Физика или Македонски.
 
Не го спомнавте и друштвото составено од едно машко и десет женски. Во секој клас има таков паун што не го интересираат муабети со машки и си формира свое женско друштво. :icon_lol: :pos:
Јас спаѓав во 1 и 4. Најучен ама не ме зафркаваа :P најлош и најглавен не поради пари и слава, туку поради тоа што прв имав моторола со антена. :D

Тие таквите се најкритичната ситуација, машко со 10женски, се родил како машко а уствари незнае ни сам што сака да биде. Незнам какви родители имаат таквите од дома али поодвратно нешто од машко кое се однесува како женско и кое ќе го слушнеш да ти прави муабет за штикли, шминки и да ми врти со рацете ко змија е то е врв. Али оК е женските па си ги сакаат таквите али незнам дали за другарки или другари ги сметаат.
 
Ех кога би можела да се вратам средно само.( Најубавиот период мислам ми е тој,општо земено од периодот посветен на школите нели.)
Клас од 34деца,но се браневме и се држевме заедно.Немаше посебни групи.Секој со секого се дружеше.Сеуште контактираме... Фали тоа време навистина. Најголема грижа ни било да не ни стават неоправдан или единица.. Уствари најлошо поведение имавме во цело школо тогаш,но и најдобар просек од генерацијата.

Пс. имаше лижачи и слично, но си поминаа добар ремет па се преобразија после тоа.
 
Ми се допаѓа темата во врска со социјализацијата во средните училишта , но се согласувам со него делумно како ја анализира ,поделеноста во затворени групи на движење и комуникација .... Навистина не ми се допаѓа тоа и таква е реалноста кога ќе видите како е во средните училишта во Македонија а и насекаде,затворени групи,се дружат само тие кои се знаат од порано ,учеле заедно и има малтретирање на послабите кои се изолирани и не сакаат едноставно да се во таков систем на дружење ... знам како е ова ,сум бил и јас во средно училишта,учев во Орце ... реално таква е ситуацијата ,до ден денешен има малтретирања во училиштата ,дали физички или психолошки,а верувајте ми , не сакате да бидете дел од тоа ... најчесто дел од жртвите цел живот носат психолошки лузни од ова малтретирање .... но ова е еден дел,малтретирања .... сакам да обрнам внимание на вториот дел тоес дружењата во групи .... Групите како што знаете се делат и едноставно ги изолираат тие другите личности од комуникација ... најчесто се тие што се знаат од порано од како мали,од иста населба .... ми пречи многу навистина кога нема мешање и отворено дружење меѓу сите во класот или пак со сите во училиштето ....
 
Незнам во која група да се ставам.
Со сите се дружев,а во во основно и средно бев пробљем број 1.На факс се смирив и почнав поредовно да се дружам со девојки.
 
И ја како Фросе, само што разликата беше што моето училиште беше економско, и важевме за сељаци во споредба со гимназијалците. Ама затоа си пројдовме 10х подобро, се дружевме, смеа, забава, триста глупости на часови. Бегања од часови, кафиња, невидена дружба. Ден денес идам на кафе со другари од средно, ама многу поретко отколку порано, немам време поради факсов.
Иначе, не спаѓам во ниту една од групиве затоа што не бев ниту нерд, ниту сељак, ниту ЕлЏи. Бев од оние кои си седеа мирни, ама кога ќе дојдеше време да се одговара или решава тест се користев со сите можни помагала да добијам тројка. Не учев дома, читав пред испрашување, и често пати влагав во контрадикторности со професори и констастно се карав со нив. Имав некоја титула за smart-ass поради тоа што имав свои ставови и убедувања до кои се држев, а горе споменативе упорно сакаа да ми укажат друго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom