MajMyH
EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
- Член од
- 11 септември 2011
- Мислења
- 2.630
- Поени од реакции
- 2.256
Краток документарец за шаолин монковите од Македонија. Интересно и поучно. Гледајте го до крај.
не го догледав видеото од проста причина кога го слушнав времето кое го посветуваат на тренинг. 14 часа на ден, прво и основно на овие години ако си слободен да вежбаш 14 часа, а од тоа да немаш никаква финансиска придобивка ти претставуваш терет на опшеството и фамилијата. Друг бил животот кој го живееле овие монаси во древна кина, друг е нашиот сега. Не ја разбирам прво целта поради која вежбаат, ДА добро е пред се за духовен и физички баланс, но која е останатата придобивка. Од нешто мора да се живее, а дека може да се фура ваков филм во денешно време малку послабо, освен ако не си некој кој не го боли таквото за другите дома и си го фура филмот свој, а јаде од потта на домашните иако е магаре од 20 и кусуро години кога е во најдобра физичка и психичка спремност да придонесе во фамилијата. За пофалба е што вложуваат труд, но би требало да седнат со психијатар да му помогне да излезат од пубертет и од детските филмови за монкови, нинџи и такви чуда бидејќи реалниот свет функционира сосема поинаку.