Shadow and Bone

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.796
Поени од реакции
39.369
Локација
Скопје
1680465232469.png

Shadow and Bone е американска фантастична серија креирана од Ерик Хајзерер за Нетфликс. Базирана е на случувањата од 5 книги од израелската авторка Ли Бардуго - трилогијата Shadow and Bone и дуологијата Six of Crows. Првата сезона од 8 епизоди имаше премиера на Нетфликс на 23 април 2021, а втората сезона, од исто толку епизоди, на 16 март 2023.

Серијата ја следи приказната на младата девојка Алина Старков, дете израснато во сиропиталиште која е обучена да биде картограф во фиктивниот свет на Бардуго кој се состои од државите Равка, Фјерда, Шу Хан, Керч, Новји Зем и Wandering Isle, секоја од кои се адаптација на елементи од јазикот, културата и традицијата на држави од вистинскиот свет од различни временски периоди. Алина Старков живее во Равка (по името можете да претпоставите дека се работи за alternate Русија), која е поделена на средина со огромно црно пространство наречено The Fold создадено со магија и во кое живеат мрачни суштества наречени Волкра кои убиваат се што ќе пројде низ The Fold (ако го видат или слушнат), иако Алина е со Шу Хан потекло (real life Кина).

Освен обичните смртници кои се викаат Отказат'сја, во светот на Бардуго живеат и „practitioners of small science“, таканаречени Гриша. Гриша се луѓе кои имаат моќ да управуваат со материјата на молекуларно ниво (нешто што нормално го нарекуваме магија, иако во Grishaverse магијата се нарекува Мерзост и е нешто сосема друго - моќ да се креира нешто со помош на магија и се смета за недозволено и опасно, додека Гриша се само практикувачи на она што тие го нарекуваат „мала наука“). Постојат три редови на Гриша:
  1. Корпоралки (Гриша кои управуваат со делови од човековото тело), кои можат да бидат:
    1. Heartrenders (Гриша кои се најценети и од кои сите се плашат, а можат да манипулираат со човековото тело - да го истиснат воздухот од белите дробови на некого, да му го забават пулсот, или буквално да го смачкаат срцето на некого - сето тоа од далечина)
    2. Tailors (Гриша кои имаат моќ да го изменат својот изглед и изгледот на другите (нешто ко shapeshifters))
    3. Healers (Гриша кои имаат моќ да лекуваат, зараснуваат рани и скршени коски...)
  2. Етериалки (Гриша кои управуваат со природните елементи и појави), кои можат да бидат:
    1. Squallers (Гриша кои манипулираат со притисокот и на тој начин можат да создадат ветер, бури, звучни аномалии и во некои случаи - грмотевици)
    2. Inferni (Гриша кои можат да манипулираат со запалливите гасови во воздухот како метан или водород и на тој начин можат да создадат оган (потребна им е само искра))
    3. Tidemakers (Гриша кои управуваат со водата, влажноста од воздухот, можат да создадат поплави и да ја претворат водата во мраз)
    4. Shadow Summoners (Ретки, но многу моќни, можат да повикуваат и манипулираат со темнината и сенките. Shadow Summoner го креирал и The Fold во Равка)
    5. Sun Summoner (Најретката Гриша, можат да повикаат и манипулираат со светлината и топлината од сонцето)
  3. Материалки (Гриша кои можат да манипулираат со предметите на молекуларно ниво), а можат да бидат:
    1. Durasts (Гриша кои можат да ги менуваат металите, текстилот, стаклото, дрвото и каменот)
    2. Alkemi (Гриша чија специјалност се отровите и барутот), но најчесто заедно со Durasts ги викаат Fabricators.
Гриша моќите не се добиваат, туку се стекнуваат од раѓање. Обичните смртници (Отказат'сја) најчесто не ги сакаат и се плашат од Гриша редот, особено откако Shadow Summoner го создал The Fold. За да се заштитат од евентуални напади од Отказат'сја, Гриша формираат т.н. „Втора армија“ која ја води генералот Александар Кириган, познат како Darkling, кој е Shadow Summoner и целиот свој живот го поминува во барање на Гриша која ќе може да повикува светлина, и е единствената личност која ќе може да го уништи The Fold.

Освен Алина Старков (Џеси Меј Ли) и Кириган (Бен Барнс), останатите ликови се во серијата се:
-Малјен „Мал“ Оретсев (Арчи Рено), најдобриот другар од детството на Алина,
-Каз Брекер (Фреди Картер), лидер на дружина наречена The Crows, платеници кои извршуваат секакви задачи за пари,
-Инеж Гафа (Амита Суман), член на The Crows,
-Џеспер Фахи (Кит Јанг), уште еден член на The Crows,
-Багра (Зои Ванамакер), Гриша тренер на Алина, мајка на Кириган,
-Николај Лантсов (Патрик Гибсон), принц од Равка,
-Џенија Сафин (Дејзи Хед), единствената позната Гриша Tailor, пријателка на Алина,
-Нина Зеник (Даниел Галиган), Heartrender Гриша, заложник на Фјерданците,
-Матиас (Калахан Скогман), Фјерданец Drüskelle (ловец на вештерки) кој ја заробува Нина Зеник,
-Вилан Хендрикс (Џек Вулф), алхемичар кој се приклучува кон The Crows во втората сезона
-Толја (Луис Тан) и Тамар Кир-Батар (Ана Леонг Брофи), Гриша брат и сестра од Шу Хан, блиски до принцот Николај Лантсов.

Откако првата сезона по само месец дена од премиерата ја гледале 55 милиони корисници на Нетфликс, истите експресно ја обновија серијата за втора сезона. Исто и критиката ја има оценето со позитивни 89% на Rotten Tomatoes, и со просек од 68 од 100 на Metacritic што не е перфектно, но е солидно.

Серијата можеби не е врвот во жанрот фантастика во историјата, далеку е под нивото на некои слични, но според мене е вредна за гледање, moreover што во моментов нема нешто слично што може да понуди слична забава. Не очекувајте да нема woke моменти и елементи и тука - има! Но веројатно не смета толку зашто и оригиналниот материјал, книгите на Бардуго имаат многу woke елементи. Вредно е да се спомене и дека дејството е споро, што на моменти е навистина досадно, но секој детаљ тука е важен за приказната, па така не смее да се пропушти ни еден момент. Искрено, мене ми беше супер серијата, иако пак ќе речам - далеку е од најдоброто од жанрот, само во недостиг на други фантастични серии, за мене ова беше бонбонче. Првата сезона ја гледав кога излезе, во 2021, но по втората мислам дека заслужува сопствена тема. Се надевам дека има и други кои ја гледаат / гледале, и дека ќе се развие дискусија, зашто Grishaverse има што да понуди во тој поглед.

 
Многу ми е мех серијата. Последниве неколку фантази серии се, шо знам, колку да се речи дека постојат.

Оваа, wheel of time, rings of power. Не дека се нешто лоши, освен тркалото, ама кај биле кај не биле. Единствено the Nevers na hbo ми беше поинтересна од овие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom