Сезонска работа во Кипар Лето 2014 (хотели и ресторани)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tutor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 март 2010
Мислења
5.873
Поени од реакции
6.389
Локација
GPS signal lost....searching..
Фелоу кајганџии, посредувам/помагам за работа за предстојната летна сезона во Кипар.

Локации : Agia Napa , Protaras i Paralimni .
Позиции : Келнери (4) Келнерки (22) Собарки (3) Скараџии-гиро (2) Готвачи (2) Помошнички во кујна (3) Продавачки на гиро (3)
Услови: ЕУ пасош , Англиски јазик , работно искуство , Руски јазик за келнери/ки е предност.
Обезбедено е смештај за најголем дел од позициите, за другите помагаат работодавците да се најде и го плаќаат тие истиот.
Јадењето исто така е обезбедено од работодавците.
Агентка од агенцијата ќе ве пречекува на аеродромот во Ларнака и ќе ве однесе до местото каде ќе работите, тоа е вклучено во цената на услугата која се плаќа дури одкога ќе го потпишете договорот во самиот хотел, со газдата на истиот.
Цената на услугата е од 80 до 150 еу , за женските е поефтино бидејќи има поголема побарувачка а послаба понуда, обратно кај машките каде услугата е од 120-150еу.
Плата : Зависно од позицијата од 650-900 еу , плус бакшиж за одредени позиции.
Аплицирање : Испратете ми CV ( англиски,македонски,руски како ви одговара вам ) , за кандидатите кој ќе бидат влезени во потесниот круг, кој ќе бидат одобрени од агенцијата за вработување од Кипар , ќе побарам минимална такса од 500денари , бидејќи не ми се исплати за безпари да посредувам нели .
Инаку да спомнам само дека јас патував преку Солун, има редовни линии до Ларнака и коштаат од 80еу па нагоре зависно кога се резервира.Така да не е тешко ниту скапо да се стигне до дестинацијата.
Ако некој се сомнева , не верува :
Име на агенцијата - M.Mavromatis Employment Agency LTD. 112 Elevtherias str, shop 3
Број на лиценца на агенцијата 185 која може да се преовери на нет.
Агенцијата работи преку 10 години, успешно, пред 2 години лично јас ги користев нивните услуги, сосема фер и професионално, како обеќаа така испадна. Си платив 150еу во хотелот на потпишување договор , каде бев вработен како ноќен портир/рецепција . Оставаат телефон за итност, ако имате било какви проблеми секогаш спремни да помогнат, се легално се професионално...за заинтересирани и повеќе информации - ПП .
 
Со македонски пасош има некакви шанси или слабо ?
Слабо друже многу слабо за жал :( . Со мк пасош таму ќе си на црно без договор за работа без никаква заштита, тешко кој ќе се нафати да ти помогне на тој начин. Пробај за Црна Гора можеш со МК пасош разгуглај ... само малку пониски се платите таму но ипак...
 
Јас не посредувам - да се разбереме у старт
Но, кој сака да отиде на работа/сезонска во Кипар ( а моментално бараат доста од детски аниматори, до работници во кујни, шанк....) еве ви лице кое може да ви среди т.е договори
исконтактирајте ја на англиски https://www.facebook.com/maria.pitsillidou.3
 
еве една интересна понуда за љубителите на животни
работа - грижа за коњите на хиподром во Никозија-Кипар
https://ec.europa.eu/eures/main.jsp...atId=3&searchmembers=yes&lang=en&countryId=CY

друже ти пишав во пп ама те нема да вратиш па тука да си ја пробам среќата, пиши малку повеќе околу неа зошто на грчки пишува не можам да сфатам кај да аплицирам и остало/
 
друже ти пишав во пп ама те нема да вратиш па тука да си ја пробам среќата, пиши малку повеќе околу неа зошто на грчки пишува не можам да сфатам кај да аплицирам и остало/
Language Spoken: ελληνικά (el), English (en)
sappiou@dl.mlsi.gov.cy
Stella Papadopoulou - Appiou
 
со грчкиот сум најлош 3 збора знам така да отпаѓам од игра :)
А зошто ти е грчки ? Не ќе да зборуваш со коњите :LOL: . ќе им даваш да јадат, ќе им чистиш живеалиштата , ќе ги бањаш итн итн :) . Со газдите само научи Кала -добро , Охи-не , Не - да . калиспера калимера - добровечер добар ден . Кирија - господин ... пример калимера кирија тој и тој... ќе видиш шо ќе ти каже ти само Кала Кала и нема мака :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom