Секси е затоа што е глупава?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Од кога тоа мерило за тоа дали е некој привлечен е количината на неговата/нејзината глупавост?
Дали има некоја неодолива привлечност во старлети како Парис Хилтон, Ким Кардашијан или нашиве тука во регионот само затоа што се глупави?

Нели “секси“ беше атрубут за привлечна особа, од каде сега овој муабет дека колку си поглупав си попривлечен?

Пред некое време на форумов имаше жестока дискусија за тоа дека мажите сакаат глупави жени, ова не е таква тема, така да концентирајте се чисто на прашањето.

Дали и зошто глупавоста е секси?

Мажи повелете споделете си ги вашите искуства.
Жени, се согласувате ли?
 
Ова како некоја контра-тежа на тврдењето дека „интелегенцијата е секси“? :)

Глупавоста е најголем turn-off, во никој случај не е секси. Ми се случило безброј пати некоја да ми се чини секси, се додека не почне да збори.
 
Не бе крејзи имаат помешано појмови, обично мислат дека кај глупавите поише ке им запали за да ги легнат, а и којзнае секој ден се се менува и она што би требало да е трн офф може добива друга димензија, под тешки хемикалии ни растат децата..
Незнам како може некој да ти е секси, осем само да ќути и да го гледаш, друг начин не гледам.
 
Не е ни најмалку секси,дури разочарувачки и одбивно ми е.А она што неколку пати сум го приметил и многу ме изненади е што некои (не сите) од другарки и колешки од факс за кој што знам дека се интелегентни,понекогаш глумат наивност пред некој што им се допаѓа.
 
Дали и зошто глупавоста е секси?

Мажи повелете споделете си ги вашите искуства.
Жени, се согласувате ли?

Дали е ова констатација дека само жените се глупи и секси? :eek:
Фала за комплиментот, отсекогаш си знаев дека само сум секси со самиот факт што сум мажиште, ова е само потврда.

Што знам, секси и глупа може да биде за мене девојка која што во минич, со висока штикла и длабоко деколте се обидува да смени гума на отворен пат, а врти обратно со клучот за да го извади колцето.
 
Ова е ОК само во случај доколку си со неа само за една вечер или ја третираш како швалерка па ја носиш низ хотели и слично. Да ти биде женска или жена е ептен тапа. Замисли ја глупава неможе еден муабет да направи како што треба а ја влечеш по тебе секаде. Ќе те засрами и пред другари и пред било кој друг, ќе се понаша како дрво.
 
Дали е ова констатација дека само жените се глупи и секси? :eek:
Фала за комплиментот, отсекогаш си знаев дека само сум секси со самиот факт што сум мажиште, ова е само потврда.
.

Не, така ја поставив темата, затоа што муабетот беше така поставен, може и обратно да се посматра и да се споделува мислење, не е стриктно само за жени. :)
 
Што ќе ми е глупава? Па подобро бебе ќе посвојам и ќе го научам на многу работи и ќе ми биде поитнересно со него отколку со глупавава која сигурно нема да го разликува Горни Полог од Долни Полог. Е сеа ако некој му е за бенгбенг, тогаш нека си оди по глупавата, али сигурно оваа ќе го убедува како и' е прв пат и како е madly ин лаф во него. Крај краева двојцата да ги ставиш на терезија нема да има некоја разлика.
Можеби забегав малку, не ми е прв пат, али по секси-ness „ги мерам“ девојчињата по нивниот карактер и до негде, sense-от за хумор. Оние со извадени цицки, креони, сенки, драч кармин, штикла 12ка плус ми се на invisible лист и воопшто не ми се на „дневен ред“. :noze:

Ај време за школо.
 
Има една која седи позади мене, друг збор освен кур незнае да каже, со 6 машки што ги има покрај 22 девојчина, само таа се најде "паметна", секој ден да зборува колкав му бил на тој од српски филм, дека гледала по 10 порничи во ден, многу сакала црнци, таткое бил многу секси, и кога свршувала мислела на него.
Место комуницирање, вика комуникацирање, и ред други зборови да не ги редам сеа, а типкава ќе одела на специјализација, незнам ни ја на шо незнаеше да го кажи. 2 грама нема во мозокот, докторка ќе ми станува.
Важно цицките изваени до кај шо оди, а не се гледа дека е намовната и дека надвор е -10.
Глупа е, али машкте и паѓаат пред нозе ко листови во есен.

А што е секси во ова, не разбирам...
 
Не, така ја поставив темата, затоа што муабетот беше така поставен, може и обратно да се посматра и да се споделува мислење, не е стриктно само за жени. :)
Не можеше да почекаш малку со реплика за да се порадувам...:(
 
Секси е затоа што мене ми е секси.....тоа е релативна работа, ако глупавоста влегува тука ок тоа е една од карактеристиките.
Кај наоѓате за вакви работи да дискутирате не ми е јасно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom