Секое дрво со свој ID и email

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Што мислите за идејава да секое дрво во Скопје добие персонално ID и соодветна имејл адреса ???
да се направи мапа со улиците, да се обележат дрвата ( но само оние кои припаѓаат на градот) не и оние во сопствените дворови -за нив нек си се се грижи сопственикот - кога ќе го дотерува , кастри или отсече.
Властите во Мелбурн направиле каталогизација на 70 000 градски дрва и на секое му дале персонално ID и соодветна мејл адреса. Смислата била, да секој граѓанин може полесно да го известува градот / властите за возможните проблеми, ко на пример опасно надвиснати гранки , стари стебла...... и да овие што побрзо и полесно ги отстранат - а и јавноста да биде воедно запознаена
lead_large.jpg


Резултатот од експериментот се покажал неочекуван дури и за градската управа .Наместо да соопштуваат за проблемите , жителите на Мелбурн почнале да праќаат писма на мејловите на дрвата
еве едно од нив :pos:
One letter writer ended up talking politics with a red cedar:

Western Red Cedar, Tree ID 1058295
1 July 2015


Hi Tree,
Are you worried about being affected by the Greek debt crisis? Should Greece be allowed to stay in the European Union?
Regards,
Troy



А, на линков може да видите како изгледа мапата со дрвата во Мелбурн http://melbourneurbanforestvisual.com.au/
 
Последно уредено:
Каде има пари, има и идеи кои можат да се реализираат.
Мислам дека ова е корисно и, пред се, симпатично.
Ама, не сум убеден дека овде може да заживее
 
Деца умират по болници, старци наоѓаат по брегови на реки. Реки со слив од километар квадратен урнисуваат градови. Градовите ни наликуваат на јапонски градови од 45та. Луѓе од 45та ни се мнозинство во државава. Момци се евакуираат од државава со авиони и не се враќаат.
Држава кај што дрвото има празник, а дијаспората ни ја одлучува сегашноста и иднината. И минатото.

Време е дрвата да добијат и матични броеви, изгледа...
 
Прво да се преброиме ние луѓето во Македонија, па после може да почнеме со дрвјата.

Инаку да, навистина интересна идеја. Очекувам вакви проекти да спроведат и други големи градови кои се грижат за своето зеленило.

Најјакото е што можеш наместо да го унакажуваш дрвото со В + С во изгребено срце, да му го пратиш тоа по меил. Колку романтичнооо... :love:
 
Picture 1153.jpg .Picture 1159.jpg .Picture 1154.jpg е ова е во Македонија, далеку од Австралија .....
проект Скопје 2014, заштита на дрвата во градот само во чив џеб отидоа парите, или дали ги вложива за нови садници
Picture 1164.jpg Picture 1162.jpg Picture 1168.jpg Picture 1167.jpg Picture 1165.jpg а ова чудо
само за да се добие уште некое паркинг место се исечени овие дрва во општина Аеродром, држава Македонија....
образложение: немале ИТ адреса и Емајл и не биле заведени во книга на родени и матично и наесен ја загадувале асфалтираната површина на паркингот со лисја паднати од нив,за што е поднесена и соодветна пријава до министерство.
 
Се средивме, па уште за ова остана да се погрижиме. А и кај нас невозможно е ова нешто да се направи.................., како пример ќе го земеме Водно. Што дека ќе им ставаш ID и e - mail (e - mail на дрвата:cautious:) кога дрвата постојано се сечат за богаташите да се населуваат се погоре и погоре на Водно.
 
[асфалтираната површина на паркингот со лисја паднати од нив,за што е поднесена и соодветна пријава до министерство.
:eek::eek:не ми се верува .....како само можеле , а и ЗОШТО -зарем само заради паркинг?
Ова е навистина без логика , безсмислие , за ова треба некој дебело да одговара-
Кога било ова Anco?
И граѓаните ништо не презеле, не реагирале пред да ги исечат дрвјата?????:facepalm:
 
Не знам дали знаете, но веќе секое дрво и камен во земјава имаат свој мејл (уште од времето кога MSN беше популарен). Последниве неколку години истите тие добија и свој фејсбук профил.



Како идеја, што знам... може и непотребно. Ете и по улица, по број, по објекти може да се им се лоцира местото каде што има проблем со виснати гранки, но прашање е колку нашите се заинтересирани да реагираат.
При секое возење со двокатен автобус гранките закачуваат во него. Зарем не пријавиле од ЈСП? На еден има и напукнато предно стакло горе, што не искучувам можност дека е од некоја поголема гранка.
 
Не знам дали знаете, но веќе секое дрво и камен во земјава имаат свој мејл (уште од времето кога MSN беше популарен). Последниве неколку години истите тие добија и свој фејсбук профил.
.
мислам дека си грешка, најголемите „дрва „и „камења„ сметам дека се овде http://www.mio.gov.mk/ и надлежностите што ги има
наместо да се занимава со работи од своја област и воведување современи технологии , разни новини.... тие се бафтале со изготвување каталози на работни места, промоции на валидатори за автобуси..... :facepalm: неможе човек да им се изначуди просто
Туку, прочитав дека министерот станал Зоне побегуља:pos:
 
Ее колку има дрва кај нас... :rolleyes:
Шала на страна, ама ќе го оптовариме Гугл со дрва, ќе се здрви Gmail (секако ако оди преку овој провајдер)... :pos:
 
:eek::eek:не ми се верува .....како само можеле , а и ЗОШТО -зарем само заради паркинг?
Ова е навистина без логика , безсмислие , за ова треба некој дебело да одговара-
Кога било ова Anco?
И граѓаните ништо не презеле, не реагирале пред да ги исечат дрвјата?????:facepalm:
минатата година ги исекова, веднаш дента мислам ги ставив сликите во темата „3 слики од мене“.
паркингот е карши паркот-споменикот на Сандански па до трговски центар Бисер.
----------
А ова, сте го забележале ли:
навечер после 22 часот, колона од камиони натоварени со дрва од Националниот парк Маврово,од Бистра,од Дебарца,
се движат кон Гостивар и најчесто до Тетово, интересно е што дента немале време да ги пренесат или им смета сонцето.
А уште поинтересно е што никој не ги стопира и контролира, па ниту полицијата која баш случајно ќе се најде на наплатните рампи кога поминува овој конвој на СРАМОТ. Каде е Македонецот ова да го стопира, па ова кражба сите ја знаат,дури и утките.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom