Cannon
Doctor
- Член од
- 22 март 2009
- Мислења
- 5.101
- Поени од реакции
- 5.842
Унијата денес многу потсетува на Римската Империја пред распаѓањето, која исто така просперираше, па ја проголта кризата и пропадна
Нам Европејците засега наизглед ни оди добро. Ја преживуваме кризата, но тоа го правевме и порано. Пукаат личните и трговските врски, но и тоа ќе го пребродиме. Ако се свртиме кон историјата, можеме да видиме слична слика. Римската Империја просперираше за да ја проголта кризата, па се распадна. Империјата се гаснеше во текот на многу векови, а во Европа, имајќи го предвид незадржливиот технички и социјален напредок, тоа може да биде многу пократко. Што е заедничко во падот на големите империи?
1.
ВОЈНИ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА
Сличноста меѓу ЕУ и Римската Империја е забележлива уште од самиот почеток. За обединување на Стариот континент пред неколку години придонесе економијата. Тоа не се случи веднаш. За економската и за царинската унија уште пред сто години зборувале индустријалците и банкарите на германската империја. Но тоа се случи дури по двете светски војни, кога моторна сила станаа претприемачи од двете страни на реката Рајна, кои сакале да ги обединат рудниците за јаглен и железна руда, металуршките и машинските заводи.
И раѓањето на Римската Империја било предизвикано од материјални причини. Стотици години пред настанокот на таа империја, трговците го поврзувале Медитеранот со мрежа на поморски патишта. За присоединување на нови провинции толку многу не се залагале владетелите на Рим, туку претставниците на трговските кругови, кои во хиерархијата на власта биле една скала пониско. Италија за нив била премала. Римскиот „златен век“ траел два века.
2.
ОГРОМНИ ДАНОЦИ
Европа слабее поради економска депресија, поради комбинации на бавен пораст на економијата, стандард без покритие, долгови, инфлација и невработеност. Уште пред десет години се сметаше дека сето тоа може да се совлада, а по неочекуваната експлозија на светската криза, во тоа почнаа да се сомневаат. Иако главната причина сé уште не е јасна, економијата очигледно страда. Таков ист ребус се решавал и пред два милениуми. Римската Империја исто така била сложен организам со 100 милиони жители (во ЕУ денес живеат пет пати повеќе луѓе). Империјата ги имала сите земјопоседници, финансиери, косопственици, рудари и занаетчиски здруженија. Дури ни тие „претприемачи“ не можеле да објаснат зошто одеднаш станало полошо од пред некоја година. Од третиот век инфлацијата почнала да расте. Луѓето на пазарите одбивале да примаат обезвреднети пари, враќајќи се на трговијата во натура. Почнале да се гаснат градови и села. За градската стока во селата повеќе немало интерес, бидејќи квалитетот на стоката бил многу полош и таа брзо се расипувала. Властите постепено изгубиле контрола над производителите и не можеле да ги присилат редовно да ги плаќаат даноците. Затоа морале да платат повеќе од останатите. Превисоките даноци ги задушувале трговијата и занаетчиството. Сличноста е случајна. Европа и денес го решава прашањето колкави треба да бидат даноците за да можат луѓето да ги поднесат, а државата нормално да функционира.
3.
ТЕРИТОРИЈА СО КОЈА ТЕШКО СЕ УПРАВУВА
ЕУ настана како ексклузивен клуб на најразвиените западноевропски држави. Тој клуб потоа растеше и на крајот стана неконтролиран. За десет години ЕУ се помести за илјадници километри на исток. Огромниот организам стана тромав и со него беше тешко да се управува. Уште повеќе што во ЕУ влегоа држави со различно ниво на економски развој и различна култура. Приближно исто беше и со Рим. Освојувањето на нови територии прво било поздравувано со триумфални маршеви и со изградба на монументални споменици. Но наредбите од императорот кон границите оделе со недели, а војските се движеле со месеци. Владетелите и генералите кои се наоѓале далеку од центарот се бунеле против централната власт. Наместо тоа, тие денес ги користат дотациите од Брисел, но ненаменски.
4.
АПСОЛУТНА ДЕГЕНЕРАЦИЈА НА МОРАЛОТ
Современа Европа во 19 век одела по нагорна линија единствено зашто елитите и обичните смртници сакале или биле принудени многу да работат. Но токму таа елита се стопи. Тешката работа е заменета со култ на слободно време: поп-музика, фудбал и придобивките од сексуалната револуција од модата до порнографијата. Рим цветал токму тогаш кога аристократијата, селаните и занаетчиите сакале да донесуваат одлуки, да војуваат и да работат. Кога во Италија од сите страни влегло богатство, целото царство станало тромаво. Оргиите и празнувањата во престолнината траеле со месеци. Но немало нешто што можело да го подигне моралот. Најдрастичните каприци биле исправани со насилство. Императорот Калигула прво го именувал својот коњ за сенатор. Општеството некако го поднело тоа. За императорот судбоносна била грижата за буџетот. Празната каса тој сакал да ја наполни преправајќи го дворецот во раскошна јавна куќа, во која ги нудел жените и ќерките на аристократите. Крај на овие планови му ставиле мечевите на побунетите офицери.
5. НЕПОСАКУВАНО РАЃАЊЕ ДЕЦА
Традиционалното семејство било нарушено од начинот на живеењето, а државата се темелела на семејството стотици години. Луѓето изгубиле интерес за деца. За римските жени раѓањето деца било преголема обврска, од која на секаков начин сакале да се ослободат. Бременоста влијаела и на лошиот физички изглед. Бидејќи тогаш луѓето живееле пократко од денес, немале време за флертување и барање љубовници. Општеството би ги исмејувало. За многу работи, овој пат за машкиот свет, говори тоа што филозофот Плутарх чувствувал потреба да каже дека љубовта кон девојките исто така е пријатна како и љубовта кон момчињата.
6.
ПРЕСЕЛУВАЊЕ НА НАРОДИТЕ
Додека владееле декадентни погледи, кои постепно продирале во сé пониските општествени слоеви, не чуди што империјата немала доволно луѓе, посебно тие што ги плаќале даноците. А тоа е всушност и проблем на современа Европа. Континентот забрзано се празни. Пред сто години секој петти човек во светот бил од Стариот континент, а денес секој десетти. На празните места доаѓаат луѓе од Африка и Блискиот Исток, или пак од Југоисточна Азија, па во крајна линија и од словенскиот исток. Пред 80 години сé било обратно. Се зборувало за пренаселеност, а вишокот Британци, Французи и Холанѓани се „претопувале“ во колониите. Од една страна, Европа денес ги поздравува доселениците - тие треба да ја обезбедат исплатата на идните пензии. Дали тоа мислење е наивно, ќе покаже времето. Но веќе денес нивното присуство предизвикува нетрпение и јакнење на ксенофобичниот популизам. Во Рим проблемот од приливот на нови луѓе успешно го решавале до тогаш додека странците не ја добиле власта. Кога во армијата странците станале мнозинство, настапил пресвртниот момент. Војската се хармонизирала и новите команданти, грубите племенски водачи, си дозволиле огромни овластувања, и во крајни стадиуми освојувале целосна власт, а последните императори ги претвориле во свои марионети. Армијата без потребна обука и дисциплина не можела да ги зачува границите. Од 300 година Римјаните не напаѓале, туку се бранеле. Воинствените монголски Хуни и германските Готи, Вандали и Франки, ја поделиле империјата, а на освоената територија завеле ред по свое. Со Западот целосно завладеале, а Истокот успеал да се извлече. Но суштинската улога почнале да ја играат Грците, а Ерменците имале поголемо влијание и од самите Римјани. Секако, некој ќе рече дека такво нешто во Европа не може да се случи, бидејќи тука армијата има сосема ограничена улога. А што ако сé повеќе странци застанат на чело на градските власти, во редовите на пратеници и министри?
7. НЕПОСАКУВАНИ НАСЛЕДНИЦИ
Како што сметаат некои историчари, Римската Империја не пропаднала, таа едноставно се трансформирала. Но и тие истражувачи велат дека трансформацијата била проследена со огромен пад. Белгиецот Анри Пирен дури ја изнел тезата дека дефинитивниот крах на античкиот свет бил предизвикан од исламската експанзија. Конзервативните заштитници на европските вредности песимистички додаваат дека таа теза, за жал, е точна и денес. Но ваквата аналогија охрабрува. Римската Империја не згаснала без наследници. Империјата ја замениле неколку држави. Во жестоката конкуренција, колку тоа и да изгледа чудно, не можел да победи моделот кој преовладувал во најголемиот и најразвиен дел - во Византија. Како што покажало времето, попаметни се покажале тие што живееле на периферија на империјата, во примитивните области покрај северните граници, на Рајна и Дунав, а не среде Средоземното Море. На неговите брегови уште долго опстојувале цивилизирани луѓе, кои пречесто се потпирале на традициите, а ги отфрлувале новостите.
извор Нова Македонија
Јас мислам дека и се ближи крајот на ЕУ, што мислите вие???