Седење на две столици

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Сите знаеме што значи изразот "седење на две столици", иако варијанти околу оваа тема има безброј:
- паралелна врска
- расипана дволичност
- извлекување корист од две спротивставени страни....

Ретко кој барем еднаш во живото на кратко не седел на тие две фамозни столици.Без оглед на причините кои довеле до такво "седење" сигурно не сте се чувствувале удобно.
Меѓутоа има и особи на кои седењето на две столици им е стил на живеење и тоа воопшто не им пречи.

Дали сте седеле некогаш на две столици и како сте се чувствувале? Што мислите за луѓето кои пречесто седат на такви столици?
 
Чек сега, во живото има две ситуации: дали ќе бидиш тој шо избира на која “столица“ ќе седни, или ќе бидиш една од “столиците“.

Поради моето лошо искуство со ваквите заебанции и ситуации, нит сакам да седам на две столици, нити да бидам столица. Кратко и едноставно, одлучен сум за секоја акција во животот (или некоја туѓа акција во мојот), недозволувам да се топка топката натаму наваму, и да прај шпански серии со турски примеси и зачини. Чиста сметка долга љубов, за било која ситуација од животот.

И за крај, една народна која што вели: Не седи на две столици, на крај ќе останиш да седиш на земја.
 
Мораш да имаш две опции за секој проблем.Ако првата не успее,секогаш можеш да ја употребиш втората.Во мојата работа е самоубиство да се доведеш во ситуација да имаш една опција.Секогаш треба да седиш на две столици,да држиш две личности за да можеш да постигнеш погодок.Лицемерно?Не,воопшто.Животот е борба,мораш да научиш да се бориш за да преживееш.Во спротивно конкуренцијата ќе те срамни со под.Интересот и профитот не бираат средства,научна фантастика е да бидеш чесен во бизнис.Такви не постојат,лаже оној кој ќе рече дека не користи матни опции.
Денес за 5 денари ќе те продадат,ќе продадат 20 години соработка за 5 евра пониско.Нема другарство и доверба во работа,тоа е за приватен живот.
Две столици во љубов е најопасна комбинација,таму нема игри.
 
Би замолила оние кои се грижат за форумот, да зачистат малку од офтопик постови :smir:
Околу темата би кажала "јака им душа" на тие што можат да живеат живот на две столици.
До сега не сум имала такво искуство, а и не сакам да имам. Сум видела како поминале некои сончогледи, така да ја не би играла како нив.
Пошо од кол, на кол....колот у дупе.
 
Јас би сакал да го почитувате она што makedonka1985 сака да го каже со темава, и наместо да тропате без везе муабети, пробајте да напишете нешто со кое реално ќе може да се прошири темава.

Сум седел на две столици, и тоа не еднаш. И нема да се правам совршено суштество за да речам дека не ми било убаво кога на две различни страни сум го добивал она што сум го сакал. Сепак, не е убава особина и затоа и ја избегнувам. За луѓето кои пречесто седат на две столици можам само да кажам дека тоа се луѓе кои константно се несигурни во се она што го прават и поради тоа што не знаат на која страна ќе успеат, влечат на две, па и на повеќе други страни. Како и да е, седењето на две столици скоро секогаш завршува со силен тресок на газот, затоа што додека сме седеле на едната, некој поминал и ја собрал другата. Па во моментот кога ќе сакаме да ја смениме столицата ќе се треснеме на земја и додека станеме за да се вратиме на првата, веќе е доцна за да сфатиме дека ниту таа нема да остане вечно празна и да не чека нас.
 
Мораш да имаш две опции за секој проблем.Ако првата не успее,секогаш можеш да ја употребиш втората.Во мојата работа е самоубиство да се доведеш во ситуација да имаш една опција.Секогаш треба да седиш на две столици,да држиш две личности за да можеш да постигнеш погодок.Лицемерно?Не,воопшто.Животот е борба,мораш да научиш да се бориш за да преживееш.Во спротивно конкуренцијата ќе те срамни со под.Интересот и профитот не бираат средства,научна фантастика е да бидеш чесен во бизнис.Такви не постојат,лаже оној кој ќе рече дека не користи матни опции.
Денес за 5 денари ќе те продадат,ќе продадат 20 години соработка за 5 евра пониско.Нема другарство и доверба во работа,тоа е за приватен живот.
Две столици во љубов е најопасна комбинација,таму нема игри.

еее леандро леандро... отсекогаш сум те подржувал али овој пат не баш... дека ек те шитнат за 5 денара ид ека нема ни пријателство ни љубов многу и многу у денешно време да.. точно е и за тоа се согласувам али за тоа седењето на 2 столици јок... АКО ПРВАТА НЕ УСПЕЕ ТОГАШ КЕ УСПЕЕ ВТОРАТА.. ххммм златна резерва а? ен е ОК тоа.. замисли ти да си му некому златна резерва и притоа случајно или неслучајно да дознаеш.. што мислисш какво ке ти биде чуството? ПА ОК Е/.. БОРБА ЗА ЖИВОТ.. или не?

самоубиство е да имаш само една опција.. хмм зашто самоубиство?? ако си сигурен дека таа една опција ти е црвста и дека нема да очекуваш некој кикс што воопшто ке ти е втора опција?

П.С мислам дека темава е некако... двострана :) не за друго.. еден муабет е за седење на 2 столици од аспект на љубовта а друго е за општи муабети.. ко у првиот пост што е

Јас работам меѓународен транспорт,ако едниот камион се расипе пред утовар кој е со датум врзан,што да му кажам на клиентот?-еј извини се расипа почекај да го направиме :pos:
Мораш да има две опции,оставете приказни настрана.
 
аааааааа.... па така кажи бре леандра :) погрешно сме се разбрале... види се дешава и другиот да се расипа затоа барај и 3та опција дури ! хехехе инаку убаво си кажав... треба да се разграничи темава..
 
Не капирам изглеа шо дефинирате како седење на две столици.
Да имаш 2 “столици“ на кои им “потседнуваш“ но не сте во “седечка врска“, или едноставно кажано да имаш швалерка која ти е подеднакво важна со женска ти и сеуште немаат дознаено една за друга. ?
 
За да оствариш некоја цел во животот нормалное е да го бираш полесниот пат но треба да бидеш подготвен и за потешкиот пат односно втора опција тоест за една цел треба да имаш две опции според мене тоа нее седење на две столици
Според мене седење на две столици е да се молиш и во црква и во џамија па на крај да испаднеш атеист
 
Моето досегашно искуство се сведува на клечење помеѓу двете столици, не од некоја калкулантска причина, туку заради чекање на калкулантните да ослободат една од столиците.
 
Да седиш на две столици треба многу умешност ... препреденост.
Мене не ме бидува една лага да скријам а камоли да седам на две столици ... сум била признавам на два ума, ама тоа не е исто.
Почесто ми се случувало нешто да усерам па потоа да се каам - ама и тоа не е исто.
Јас сметам дека не спаѓам во таа категорија на луѓе иако на работа среќавам луѓе сурфери, газолизачи, сончогледи и слично.
Повеќето мои пријатели се такви ... додека им требаш се тука, после цццц ... нигде ги нема
Живот пише романе - јеби га
 
За луѓето што често седат на две столици би им препорачала да си обезбедат уште една и да си прилегнат :wink: :pipi:
Шала на страна...не е убаво за другата страна но се додека топ се снаоѓа лицето и не го откријат е супер...а ако го откријат ќе си остане без двете столици па ќе тргне во потрага по нови столици :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom