Седење до доцна

Најголема студентска будалаштина ви е предозирање со нес кафе. Несот е најсилно кафе и може да ви предизвика тахикардија. Уште поголема глупост ви е да го комбинирате со чаша кока кола. Така направи една моја другарка кога спремаше испит, па кога ја стегнало срце во 2 саат ноќе се извадила од памет. Муабетов ми е, не се форсирајте многу со вакви работи. Ако ви треба одмор, подобро прилегнете малку отколку да бдеете ко зомби над книга. И онака нема да учите ефективно во такви услови.
Јас пак мислам дека најголем мит е ова со нескафето. Нескафето ми е најопуштувачко кафе, мислам без млеко.

Инаку, малце прорчкав низ нетов, и мислам дека исто кофеин имаат(горе-доле). Еве, конкретно 75мг има во една шоља нескафе, кој знае за турско нека каже :)
 
Направи црн чај, ама појак, 2 дена око нема да склопиш.

Еве добар одговор на ова, зашто и од мене проверено е. Црн чај е иначе оној турците што го пијат по серииве :D
Еднаш после трета смена незнам што ми текна се напив едно мало чавче црн чај, тоа беше во 7 сабајле. Неможев да заспијам до 5 после пладне, а во меѓувреме бев и во теретана да извежбам. Од тогаш кога сум трета смена на работа а не се осеќам одморен обавезно правам црн чај и досега не ми се приспало на работа (на рецепција работам).
А кај мене лично кафиња нескафиња и слични работи не реагирале, еднаш после прва смена на факултет стегнав два ред була и дома кога дојдов легнување во кревет КУФЕР :D
 
Ако си навикнат да стануваш рано, потешко е да седиш до касно. Ако сакаш, мачи се, неколку вечери по ред, пиј кафиња, седи и на компјутер, прави нешто занимавај се и полека ќе почнеш да седиш до покасно. Ама пази се. Кога еднаш ќе го пореметиш биоритамот, после тоа мака ќе си мачиш да го средиш, па несоницата ќе ти стане најдобра друшка. Од искуство ти кажувам.
 
Најголемо изместување од ,,нормалното" станување и легнување имам во лето. Минимум 4 часот ме фаќа, си преслушувам албумчиња во тоа време раат на слушалки во посебна атмосфера, гледам некое добро филмче и читам нешто интересно низ нетов. Да не ги заборавам хорор игрите, кои најдобро се апсорбираат тогаш :) Ноќта ми прави поголем кеф од денот, обично денот е напнат, Сонцето пука, се излегува онака ради реда, но вистинскиот одмор го наоѓам во ноќното седење и дружба.
За колоквиуми полагање не правам муабет, некогаш ненаспан директ на полагање :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom