Себично е да сакам се`?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Не е себично се додека со нашите постапки не вмешуваме и повредуваме некоја трета особа... Се додека не повредуваме никого, ништо не е себично и се ни припаѓа нам...
 
„Себично“ и „сè“ се многу неодредени поими.

„Себично“, во принцип, не постои. Можеби може да се дефинира како „гледање на своите интереси, без разлика на туѓите, макар и по цена тие да бидат повредени, како и другите луѓе“.

Е сега, ако А и Б се гладни, и има храна само за еден (која не може да се подели), зарем нема едниот да го убие другиот, за да дојде до храната?

И како би можеле да тврдите дека тој што ќе преживее е себичен? Тоа е само борба за опстанок.



А „сè“ е исто така матно - можеби поточно е „сè што е моментално од интерес“. Зашто никој не може да има сè, да сака сè, ниту дури да поими сè; само она што во моментот мисли дека го сака. До идниот момент, кога ќе посака друго.
 
Ууф...ова ми е вечна дилема, кога се прашувам себеси дали барам многу или јас сум нешто невред, себична сум ли, и слично...Се трудам да си ги исполнам реално можните потреби, желби не, зошто не зависат од мене секогаш, а дали сум себична кога го посакувам најдоброто за себе, секако дека ќе си кажам НЕ. Сакам да бидам ситуирана, да се потрудам повеќе да стигнам до некои скалила во животот,иако знам дека ме чека неправедност од секој агол, но ќе пробувам...Не е себично да сакам да си го подобрам животот, ако не загрозувам нечиј, секако. Никогаш не се помирувам, но со некои работи се справувам правејќи ги пофлексибилни, иако ми доаѓа да врискам и да се прашувам зошто мора да трпам скратувања кога не сакам, и терам напред, да сменам макар 1%. да се чувствувам подобро...
 
Да се сака се не е ама работата е ако се погоди некој што сака и по секоја цел ќе се потруди да го има тоа што и да е. Тогаш е лошо
 
Себично е да им го земаш на луѓето она што го имаат...а ако се мисли дали е себично се што посакуваме тогаш сите сме себични
 
Што мислите дали е себично, егоистично од една персона да сака се во животот?Иако напоменувам дека тоа се е релативен поим и дека се за сите е различна работа.
Се помирувате со тоа што го имате и оставате на тоа што ќе ви даде животот или се борите за тоа се што го сакате?
Мислите ли дека понекогаш фактот дека сакате се е причината поради која, тоа што го имате никогаш не ви е доволно?
:devojce 1:

Секој го сака најдоброто за себе, а од тука следува дека во одреден момент ќе му се присака сето тоа да биде негово.
Не е себично, туку е желба за да се има убавото и најдоброто покрај себе. Не се помирувам со тоа што го имам, затоа што знам дека секогаш можам да имам и подобро од тоа.
Се согласувам дека тоа што сакам сè ме прави незадоволен од тоа што го имам, но јас само на тој начин можам да функционирам.
Така постојано имам предизвик кој треба да го освојам, а предизвиците ми се мотивација за успех во животот.
 
Да посакуваш нешто за себе незначи дека нешто некому треба да му ускратиш. Не, не е себично да се сака „се“ секој има право да биде среќен и да има се што му е потребно.
Себично е да сака се само за засебе и ништо за друг.
 
Не е себично да сакаш се! Себично е да имаш а да не помогнеш кога можеш и кога на некому му е потребно очајно помош......
Ја сакам многу од животот и остварувам дел од тоа.................
Секој се стреми кон некој идеал да создаде повеќе и тоа што си го има зацртано за некои е НЕРЕАЛЕН сон а за тој самиот лично ЦЕЛ !
Ја сакам СЕ да исполнам од она што го посакувам за себе како визија или цел и многу повеќе од тоа, но тоа не ме прави себична;) Едноставно барам повеке.....
 
Не е себично да се сака се...бидејќи додека си живи луѓето постојано ке сакаат повеќе и повеќе...
 
Не можеш да сакаш се`.
Можеш да сакаш највеќе една половина од работите, затоа што другата половина е exactly the opposite.
 
Се.Не сакаш сигурно се,сигурно си сакаш работи што се во добра корист за твојата иднина и твојата среќа.
Јас ете не оставам што ми нуди животот туку се борам за повеќе и повеќе,а не е тоа дека јас сакам се па така правам туку правам работи што мислам дека можам и сум сигурна дека ќе ги достигнам.
 
Кај луѓето поседот е вид на воспоставена контрола, нешто што на луѓето им предизвикува чувство на лагодност. Потребата да се поседува, контролира е сосем природна и нормална и се јавува кај човекот како карактеристика на видот.
 
себично е да сакаш се само за себе, да сакаш се што е убаво е нормално..ама не да бидеш алчен и по било која цена да си го земеш...и мислам дека колку и да имаме секогаш ке сакаме нешто повеќе..ама ако тежнеме кон се нема да бидеме ни среќни ни задоволни. Од се по нешто,малку или малку повеќе, за мене би било вистинско изобилство :))
 
На светот не постои недостиг од апсолутно ништо. Постои недостиг од духовност, скромност, едноставност. Себично, хм. И те како е себично, али ми се чини вистинското прашање е зарем не е малку апсурдно да сакаш се, пошо реално тоа СЕ-то не можеш да го имаш. Барем не така спакувано - СЕ. Мене најубаво пиво во животот ми е било поделеното, така да никогаш не сум сакал се.
 
Ќе искористам една мисла од Вонегут со мали измени која конкретно не се однесува на овој топик, но по мое суштински ги доловува луѓето кои декларираат дека сакаат се.
Многу е пријатно да престојуваш во проветрена соба со еден или два отворени прозори, но кога ќе се отворат сите прозори од таа соба ако не заминеш за брзо ќе добиеш пневмонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom