Seavus

  • Креатор на темата Креатор на темата Chandler
  • Време на започнување Време на започнување
Подобро да ги гледам 2-3 сати дневно а да се најадени, добро сместени, пари колку сакаат да имаат, одколку да ги гледам 24 сати на ден кај што ми пиштат за пари, а јас едвај да склопувам месец со месец.:wink:
 
SeaGull напиша:
E dobro be plackovci, pa ne e samo Seavus takva firma vo RM... Imam i jas mnogu dobri prijateli tamu, taka da znam kako e.
Ama i znam kako e da se raboti vo fabrika, zime ladno, leto zesko, imam raboteno 92 dena bez sloboden den, aj da ne ti kazuvam po kolku saati na den. Pa skoro vo site firmi se raboti prekuvremeno.
A sto da kazat onie koi rabotat po konfekcii 1-3-2 smena, za pomalce od 100 eur???? A?
Taka da, dosta bre vakvi muabeti, ta ne ste sade vie, ta ne ste sade tuka!
Не е поентата за плачковци, сосема за друго нешто правиме муабет сега. Тоа е исто како тебе сега некој да ти каже "е добро бе плачко, ти си работел 92 дена без слободен ден, ама јас сум работел 105 дена без плата и слободен ден". Да, јас сум работел толку и без плата и без слободен ден, навистина.

Дека во многу фирми се работи прекувремено е факт. Но, кога веќе сме отвориле тема за некоја фирма и ги изнесуваме нашите сознанија или искуства, вреди да се спомене тој факт за таа фирма, за сите оние кои ќе конкурираат и ќе помислат да работат таму да знаат што ги чека. Тоа е поентата.

Конфекции, монфекции... зошто секогаш се тешите со нешто бетер? Демек, луѓе работат за 6000, ајде ќутете таму. Со такво мото не се оди подалеку.
 
Фирма како фирма SEAVUS (ѕвер) е стварно тоа. Учењето на многу работи е на највисоко ниво за разлика од било која фирма.Значи и платите се екстра, но единствениот проблем е стручноста на претпоставените и прекувремената работа.Не може мене да ми биде претпоставен некој кој паралелно влегол во фирмата со мене и има завршено менаџмент во Грција (пример) и ми кажува ова треба да се заврши за 2 дена, а реалното е 2 недели. Не би полудел?
 
Ги гледам муабетиве и неможам да се изначудам. Ево да си кажам јас шо мислам. Вашево размислување 200+ евра за програмер дипломиран се разбира е многу мала плата дури и за Македонија. Ако сте запознаени со платите на програмерите на запад ке видите дека тие се мунимум тродупло поголеми од просечните плати. Така да за кај нас не држи вода за мала плата да си го продавам моето знаење(се разбира ако е квалитетно). Имено Seavus е компанија основана во Шведска од страна на вујко од еден мој многу добар другар. Секако дека се квалитетна и светски позната фирма но не би можел точно да кажам какви се условите и колку плата се земат. Мојов другар зеде 400 евра за два месеци работа (Web design и logo design) но тогаш тој немаше ни средно завршено, а се разбира и фирмата е од вујко му. А јас кога би завршил факултет сигурно не би р'мбал за 200 или 300 евра туку би се вработил некаде со повисока плата и со поубај работни услови. Крај краева не вервам дека во Seavus овозможуваат неубај услови за вработените сепак е една од најдобрите програмерски фирми во Македонија и платата сигурно би била според квалитетите на вработениот. А за курсевите сигурно дека секој заврсен студент нема доволно искуство со работата што ке ја работи во животот и тој треба практично да се доучи. Толку од мене поздрав.
 
deXterche напиша:
Подобро да ги гледам 2-3 сати дневно а да се најадени, добро сместени, пари колку сакаат да имаат, одколку да ги гледам 24 сати на ден кај што ми пиштат за пари, а јас едвај да склопувам месец со месец.:wink:
Епа финтата е што ќе ги гледаш 2-3 саати, ама нема да имаат пари колку што сакаат. Далеку од тоа. Со некои си 20.000 плата таму, би имале за храна, ама пак би ти пиштеле за облека и други тракатанци :)
 
DaSiDe напиша:
Ги гледам муабетиве и неможам да се изначудам. Ево да си кажам јас шо мислам. Вашево размислување 200+ евра за програмер дипломиран се разбира е многу мала плата дури и за Македонија. Ако сте запознаени со платите на програмерите на запад ке видите дека тие се мунимум тродупло поголеми од просечните плати. Така да за кај нас не држи вода за мала плата да си го продавам моето знаење(се разбира ако е квалитетно). Имено Seavus е компанија основана во Шведска од страна на вујко од еден мој многу добар другар. Секако дека се квалитетна и светски позната фирма но не би можел точно да кажам какви се условите и колку плата се земат. Мојов другар зеде 400 евра за два месеци работа (Web design и logo design) но тогаш тој немаше ни средно завршено, а се разбира и фирмата е од вујко му. А јас кога би завршил факултет сигурно не би р'мбал за 200 или 300 евра туку би се вработил некаде со повисока плата и со поубај работни услови. Крај краева не вервам дека во Seavus овозможуваат неубај услови за вработените сепак е една од најдобрите програмерски фирми во Македонија и платата сигурно би била според квалитетите на вработениот. А за курсевите сигурно дека секој заврсен студент нема доволно искуство со работата што ке ја работи во животот и тој треба практично да се доучи. Толку од мене поздрав.
И кај би работал ти за повисока плата овде во Македонија? 200 евра се на почеток, после растат, може и 1000+ па и повеќе, ништо чудно. Патот до успехот е трнлив, никој нема да те пречека со плата од 5000 евра и сопствена канцелраија одма кога ќе дипломираш. Сивус е повеќе од солидно работно место за млад програмер.

Мистичен напиша:
Епа финтата е што ќе ги гледаш 2-3 саати, ама нема да имаат пари колку што сакаат. Далеку од тоа. Со некои си 20.000 плата таму, би имале за храна, ама пак би ти пиштеле за облека и други тракатанци :)
200-400 евра е само за почетниците, а сигурно ако работам 10 години минимум платата ќе ми биде 700+евра, зошто сигурно ќе имаш огромно искуство и ќе те ангажираат на посериозни проекти каде се плаќа доста солено. Исто имаат награди кај некои проекти, се зема доста пара од тоа Сивус. Барем како што кажуваат до сега.
 
deXterche напиша:
Подобро да ги гледам 2-3 сати дневно а да се најадени, добро сместени, пари колку сакаат да имаат, одколку да ги гледам 24 сати на ден кај што ми пиштат за пари, а јас едвај да склопувам месец со месец.:wink:[/quote

Не е проблем што ќе работиш 8-9-10 саати туку што ќе почнеш да носиш работа и дома. Проблемот ќе го решаваш дома така да од приватниот живот ќе ти остане само спиењето од 4-5 саати!
 
deXterche напиша:
И кај би работал ти за повисока плата овде во Македонија? 200 евра се на почеток, после растат, може и 1000+ па и повеќе, ништо чудно. Патот до успехот е трнлив, никој нема да те пречека со плата од 5000 евра и сопствена канцелраија одма кога ќе дипломираш. Сивус е повеќе од солидно работно место за млад програмер.

200-400 евра е само за почетниците, а сигурно ако работам 10 години минимум платата ќе ми биде 700+евра, зошто сигурно ќе имаш огромно искуство и ќе те ангажираат на посериозни проекти каде се плаќа доста солено. Исто имаат награди кај некои проекти, се зема доста пара од тоа Сивус. Барем како што кажуваат до сега.

Верувај ми дека имам колега од што е премногу посветен на работата и има искуство од 10 години и е ептен стручен, за секој проблем го викаат него, верувај ми дека на работното место со потпрена рака дреме 5 минути и продолжува со работа. Дали тебе ова ти личи на нормален човек, со нормално работно време и нормално спиење?
 
deXterche напиша:
И кај би работал ти за повисока плата овде во Македонија? 200 евра се на почеток, после растат, може и 1000+ па и повеќе, ништо чудно. Патот до успехот е трнлив, никој нема да те пречека со плата од 5000 евра и сопствена канцелраија одма кога ќе дипломираш. Сивус е повеќе од солидно работно место за млад програмер.

200-400 евра е само за почетниците, а сигурно ако работам 10 години минимум платата ќе ми биде 700+евра, зошто сигурно ќе имаш огромно искуство и ќе те ангажираат на посериозни проекти каде се плаќа доста солено. Исто имаат награди кај некои проекти, се зема доста пара од тоа Сивус. Барем како што кажуваат до сега.

А бе види ваму не реков дека јас сум работел за поголема плата од 300 евра ама муабетов ми бесе немат јас да се отепам од работа две три години за после да ми ја покачет платата на 250 евра и така за 300 години да достигнам јас 5000 евра. Неколку месеци е патот на транзиција и ако не ги видет твојте квалитети(ако ги имаш секако) тогаш е чао чао нова работа. А ако само те мавтет кога ке си ојш одма ке се понудет да ти ја покачет платата. Али гледајте на The brighter Side Македонија ко Македонија но сепак има да понуди добри работни места со високи плати на програмерите и луѓето во IT индустријата.
 
Премногу сте негативни...ам ако не успеете таму, на друго место...тогаш до вас е проблемот а не до работодавецот:smir:
 
deXterche напиша:
Премногу сте негативни...ам ако не успеете таму, на друго место...тогаш до вас е проблемот а не до работодавецот:smir:
Не заборавај дека ти сеуште си студент и воопшто немаш искуство со работодавци. Затоа, не донесувај шаблон заклучоци од книга.

Знаеш, не е се црно или бело. Има многу бои и нијанси помеѓу нив кои го прават спектарот :smir:
 
deXterche напиша:
Премногу сте негативни...ам ако не успеете таму, на друго место...тогаш до вас е проблемот а не до работодавецот:smir:

Видиш во право е чоекот (Мистичен) муабетов е ако си ти квалитетен и стварно вредиш. А за работодавци има секакви и ти а и јас ке се соочиме со вистински предизвици и проблеми од возрасниот живот. како што рече Мистичен не е се црно на бело
 
ОК, не е се црно и бело. Нормално дека никаде не тече мед и млеко, ама кога правиме муабет за Сивус, за Македонија можеби е и бест солушн. (зборам за Македнонија). Јас сум немал некое работно искуство, ама незначи дека незнам како стојат работите...
 
изгледа дека незнаеш :)
не секогаш убавината во работата е големата плата или `интересниот проект`, познавам луѓе, меѓу кои се вбројувам и себеси, што на прво место ги ставаат работните услови, а на крај платата
со твојот памет ти ке прифатиш и 1500 евра месечно, газдата да ти го извади џигерот од работа, прекувремено и сл., ке рикнеш за година дена ако не и мање
 
Декстерче, колку само ти ќе се разочараш....Лесно е да збориш од дома како е добро да работиш во некој таква фирма и колку после некое време ќе си „уживал” и разни други лезети кои, никогаш нема да ги видиш....

И да...незнаеш како стојат работите...И не само во Сеавус...во сите ИТ фирми е така!

Ама чекај...ќе ти дојде и на тебе редот, па ќе те видам тогаш....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom