Сè за лимонот

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Точно ова за лимонот, истото важи и за мандарините, ако ги засадите од семка ќе им требаат мислам 7 години за да ви даваат плод. Дрвцето лимон ни е старо со години, од семка го засадив ко мал, мандаринава исто така ја засадивме како украсно дрво. :icon_mrgr:

Неколку семки во обичен хумус, ставете и пластична кеса на саксијата и за 2 недели до месец дена ќе изникне лимонот. Само саксијата мора да е ставена на топло место, на даска над радијатор на пример.
 
Точно ова за лимонот, истото важи и за мандарините, ако ги засадите од семка ќе им требаат мислам 7 години за да ви даваат плод. Дрвцето лимон ни е старо со години, од семка го засадив ко мал, мандаринава исто така ја засадивме како украсно дрво. :icon_mrgr:

Е сигурно нема да чекам толку години за да ми израсне дрво кое ќе почне да раѓа :) ќе гледам да најдам веќе израснато дрвце од расадник па ќе видам што ќе испадне.. ако го биде ќе земам 7-8 дрвца и така имам доста место.
 
Е сигурно нема да чекам толку години за да ми израсне дрво кое ќе почне да раѓа :) ќе гледам да најдам веќе израснато дрвце од расадник па ќе видам што ќе испадне.. ако го биде ќе земам 7-8 дрвца и така имам доста место.
:) Така де, ја ко дете се играв, сакав да израснам нешто. :icon_lol: Пиши после во кој расадник ќе најдеш и по која цена, сакам и ја да земам неколку садници.
 
одличен ми е лимонот со чај од шипки или планински чај кога сум болен (а ретко сум за среќа)
малку ОФ: али знам недај боже да му се лигавиш на трубаџија со лимон.
 
Имам дома 20 годишен лимон од Хрватска донесен, врска немам која сорта е ама знам дека секоја втора година дава горе доле од 9 до 14 лимони кои се доста добри на вкус. Формата му е во вид на дрво и голем е скоро метар ипол. Го чувам на светло во затворена тераса, му давам секој трет ден вода и во саксијата и доле во тацната да впива од двете страни така ми препорачаа. Во текот на летото ги прскам со прскалка листовите секој втор ден.
Како храна користам Валентин течно ѓубриво за лимони кое се раствара, две капачиња во 3 литра вода 2 до 3 пати во месецот. Успеав од семка онака на зезање да зафатам подмладок кој сега е стар една година и некој месец и висок 1 метар, сеуште нема плодови и не знам кога ќе има. Ама мирисот на листовите кога ќе се протријат е подобар од секој можен освежувач што постои.:)

Лимонада во лето е права ствар за освежување. Кога ќе почуствувам дека настинувам си лупам еден го сечам на делови и така го јадам. Пола лажичка кафе и лимон измешано е добар народен лек против дијареа.
 
Помело - џин меѓу цитроните

Во последните години во маркетите може да се најде помело - најголем меѓу цитрусите, понекогаш тежок и до три килограми.
A78EA83BB508514687ED86421901E574.jpg
Може да биде тркалезен или овален, со мазна или набрчкана кора, а зависно од подвидовите од зелена до жолтопортокалова боја. Месото зад дебелата кора е од жолтеникава до црвена, а слаткогорчливиот вкус потсетува на грејпфрутот. Изобилува со витамините Ц и Б и со бетакаротин, а во 100 грама има од 30 до 35 калории. Може да се јаде како и грејпфрутот, но добро оди и со мешани салати од зеленчук, додека кората од помелото се користи за кандирање, исто како и од другите цитруси.
 
Порано имав мал проблем со акни. Лимонот ја чисти кожата и и ја враќа еластичноста. Само исцедете лимон, сокот нанесете го на целото лице и оставете да отстои 20 мин. па исплакнете со ладна вода. Ефикасно е.
 
и јас вака реагирам :ROFLMAO:
неможам да се изначудам на луѓе кои без проблем го јадат :eek:

gifs_07_11.gif
 
Јас само кората не ја можам оти ми горчи а тоа под кората го лупам све комплет :)

Sent from my Nexus
 
Јас од коа прочитав за лимонот месе дена уназад секое утро, буквално, 3-4 дена само ако имам пречекорено, инаку обавезно, станувам е се фаќам за лимонот :D Еден лимон си го цедам, ја дополнувам чашата со вода, го затоплувам млако, на 1 во микробрановата и без шеќер го крцнувам :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom