Сѐ за чаевите

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Локација
Скопје
Чајот потекнува од Азија. Најнапред почнал да се одгледува во Кина, пред неколку илјади години, а подоцна и во другите делови на светот. Во Европа тој стасува во 1610-та година, со бродови на една холандска компанија.

Интересен „детал“ од неговата „историја“: во кинеската амбасада во Москва, во 1618-та, рускиот цар Алексеј е послужен со чај и тој, одушевен од него, веднаш им го препорачал на „своите“, а откако станал секојдневен напиток, нормално, мошне брзо, „преку ноќ“ излегол од неговиот двор, му станал достапен на народот. И не само во Русија, туку до крајот на 18-от век се раширил насекаде во светот.

Чаевите претставуваат мешавина од иситнети или неиситнети растителни делови, а се наменети за внатрешна и надворешна употреба. Сите листови на чајот (освен растителните и овошните) потекнуваат од иста грмушка на зизмелено растение со латинско име Camellia sinensis. Дрвото на чајот е јако и отпорно, а може да порасне и до 5 метри. Меѓутоа, производителите се трудат неговата височина да не прејде 1 метар, за полесно да може да се собира лисјето.

Тоа треба да биде што помладо зашто од него многу зависи дали чајот добива или губи на цена. Листовите се темнозелени и без мирис, а цветовите бели, крупни и имаат мошне пријатен мирис кој потсетува на јасмин. Растителните делови (растителни дроги), кои најчесто се користат за изработка на чаеви, се цветот, листот, коренот. Во нив, освен лековитите состојци, се наоѓаат и баластни материи кои не се пожелни и можат да го намалат дејството на лековитите сусптанци (белтоци, масти, смола).

Постојат две големи групи на чаеви: чај (англиски Tea), кој се добива од растението чај (Camelia (Thea) sinensis ) и растителен чај (herbal tea), кој се добива од разни лековити растенија. Намената и карактерот на овие групи на чај е различна.

Вистинскиот чај во себе има кофеин и обично се користи како стимулативно или смирувачко средство, додека растителниот чај во најголема мера се користи како лековито средство во народната медицина.

Основни видови на вистински чаеви се: црниот, кој е сосема оксидиран и ферментиран, па затоа има темна боја, а се пие главно во Америка и Англија; зелениот, кој не е оксидиран и има златнозелена боја; се пие во Азија, но и на запад; има пријатен вкус и е мошне здрав; „oolang“- претставува мешавина од црн и зелен чај.

И зелените и црните чаеви се напитоци добиени од сушено лисје на растението Camellia sinensis, но процесите со кои се добива конечниот производ се различни. Ако лисјето пред процесот на сушење сосема ферментира, ќе се добие сушено лисје за подготвување на црн чај, но доколку тоа исто лисје пред процесот на сушење се бланшира, односно подоцна не подлежи на процесот на ферментација, добиваме производ за подготовка на зелен чај.

Од црните чаеви:

-English breakfast е веројатно еден од најпознатите. Тоа е мешавина од повеќе различни видови на црн чај, главно цејлонски, индиски и африкански. Мошне е јак и обично се пие со малку млеко;

-Earl Gray е уште еден исклучително познат вид на чај. Тој може да се најде и во варијанта на зелен чај, но оригиналниот Earl Gray е црн кинески чај кому му е додадено масло на бергамон. Има исклучително препознатлива арома, мирис и вкус, и се пие без никакви додатоци (шеќер, млеко, лимон итн.).

Од зелените чаеви:

-Gunpowder е јак кинески чај кај кого ливчињата се завиткани во топчиња и личат на барут (оттаму потекнува и името Gunpowder- барут);

-Чајот од јасмин е еден од најпознатите. На плантажите со чај помеѓу стеблинките на чај се сади јасмин. Со време ливчињата на чајот ги впиваат етеричните масла на јасминот и така ги попримаат неговиот мирис и арома. Често во кутијата со овој чај се додаваат и суви цветови на јасмин, но нивното присуство е повеќе од естетска природа зашто главната арома на јасмин доаѓа од етеричните масла во текот на заедничкото растење на плантажите. Овој чај е со исклучително деликатен вкус и се пие без никакви додатоци;

-Lapsang souchong може да се најде и во варијанта на црн чај. Неговите ливчиња се сушени на чад од запалени борови иглички. Мошне е препознатлив токму затоа што е чаден (како кашкавал или шунка);

-Јапонските зелени чаеви се малубројни, но се користат мошне често и се сметаат за најдобри и најздрави;

-Белиот чај е еден подвид на зелен чај. Се состои од најмлади ливчиња кои се се уште прекриени со бели или сребрени влакна;

Ulong (oolong)- ливчињата од оваа група на чаеви поминале само делумно низ процесот на вриење. Помалку се застапени од црниот и зелениот чај. Се прелеваат со врела, но не зовриена вода, а некои од нив се натопуваат и до 10 минути. Најпознатите ulong чаеви се одгледуваат на Цејлон.

Кај нас „чаевите“ главно се подготвуваат од ароматични растителни видови. Тие содржат етерични масла кои, освен што се лековити, имаат пријатен вкус и мирис. Во својот состав немаат кофеин, па се погодни за децата. Ова е втора голема група на чаеви која нема многу заеднички особини со вистинските чаеви.

Кај нашиот народ се зборот „чај“ се нарекува лековитиот растителен чај и неспоредливо повеќе се користи од црниот или зелениот.

Главни лековите состојци на чајот се кофеин, теобромин, теофилин, аденин, рутин, етерични масла, а имаат уште и гума, декстрин, масти, восок, белтоци, танин и др.

Во зелениот чај има витамини Ц, Б1, Б2, никотинска и пантотенска киселина. Зелениот чај е силен антиоксиданс и се применува во многу диети каде што треба да се внесува поголемо количество на течност со соодветна физичка активност.

Кофеинот ја надразнува кората на големиот мозок поради што се намалува поспаноста, односно се зголемува будноста и психомоторната издржливост. Дејствува и врз кардиоваскуларниот систем зголемувајќи ја силата на контракција на срцевиот мускул, ги релаксира мазните мускули на бронхиите, што има терапевтско значење, ја зголемува секрецијата на хлороводородна киселина во желудникот, ја зголемува диурезата.

Претставници на антиоксидантите во чаевите се флавоноидите, а од нутриционистички аспект како „вистински“ чаеви главно се сметаат претставниците со вакви својства. Способноста на флавоноидите за антиоксидација е мошне голема, се смета дека активноста на одделни растителни полифеноли е поголема од активноста на веќе добро познатите антиоксидативни супстанции- витамините Ц и Е. Флавоноидите пред се позитивно дејствуваат врз функцијата на срцето, но и го спречуваат развојот на одделни видови на рак. Освен тоа, флавоноидите ги инхибираат метаболичките реакции на некои микроорганизми, како што се на пример Salmonella typhi, Campilobacter jejuni, Campilobacter coli, Helicobacter pylori, Shigella, Clostridium, Pseudomonas, Candida и други. Најновите истражувања објавени во американското списание за клиничка исхрана (American Journal of Clinical Nutrition) укажуваат дека екстрактите од вистинскиот чај можат да помогнат при слабеење, со тоа што ја забрзуваат оксидацијата на мастите.

За една мала шолја на чај да може да не закрепи во текот на денот, треба да се подготви на соодветен, правилен начин:

-инфузите се изработуваат од растенија со понежна структура, кои содржат термолабилни супстанции (етерични масла). Лесно ќе знаете од кои растенија се подготвува инфузот, зашто кога растителните делови на ароматичните растенија ќе се протријат со прстите се чувствува пријатен мирис на етерично масло (мента, лимон). Се подготвуваат така што растителната дрога се прелива со зовриена вода, се поклопува и се остава да стои 10 минути. Така се изработуваат инфузи на камилица, нане, жалфија;

-декоктите се изработуваат со екстракција на растителна дрога на зголемена температура. На пример, декокт на шипинка се подготвува така што дрогата се прелива со вода и се остава да врие на зголемена температура;

-мацератите се изработуваат со екстракција на растителна дрога на собна температура. Значи, растителните делови се преливаат со студена вода и се оставаат да стојат на собна температура. На овој начин се подготвуваат растителните дроги кои содржат слуз и термолабилни супстанции (бел слез).

Најпознати методи на подготвување на чај се:

-јапонскиот- зовриена вода се разладува на околу 60 степени Целзиусови, се прелива преку чајот и се остава 3 минути да отстои. Ако е чајот премногу кисел, првата вода се фрла, а истиот чај повторно се прелива со топла вода. По 2-3 минути се сервира;

-англискиот- една шолјичка= една мала лажица на чај. Ливчињата се преливаат со врела вода. По 5 минути чајот се сервира;

-трипрстен метод- за секоја шолја се зема чај колку што може да се собере помеѓу палецот, показалецот и средниот прст + една мерка за чајник. Се се прелива со зовриена, но малку заладена вода.

Чајот може да се зачини на различни начини: со додавање на млеко, рум, лимон, ванила. Најчесто се засладува со шеќер или мед. Во Кина и Јапонија се пие незасладен и без никакви додатоци. Може да се користи и како зачин. Од листовите се добива и боја.

За дилемата: вреќички или ливчиња

Се разбира дека чајот во ливчиња е многу повкусен и поздрав од оној во филтер вреќички, за кои најчесто се користи чајна прашина. Со вреќичките полесно се ракува, но вкусот и аромата се неспоредливо подобри ако чајот е во ливчиња.

Чајот е мошне чувстивелен, па мора да се чува на студено и суво место. Немојте да го држите покрај лук, на пример, оти лесно прима мириси. Алуминиумските садови кои можат цврсто да се затворат се идеални.

Пијте чај постојано и секојдневно затоа што:

-чајот наутро буди, ги освежува духот и мислите, ги поттикнува креативноста и волјата (црн чај, зелен чај, чај од шипинки, овошни чаеви...);

-чајот напладне опушта, го обновува и го чисти организмот, го олеснува варењето, посебно на тешко сварлива храна, му враќа на организмот вода и, воошто, со него дружењето и муабетот одат „полесно“ (билни мешавини, овошни чаеви, „чајни коктели“, домашни ледени чаеви...);

-чајот навечер опушта од напорниот ден, смирува, успива, дава чувство на мир и задоволство, го олеснува варењето и осигурува подобар и помирен сон (растителни чаеви, нане, камилица...);

-чајот зиме грее, опушта, ги исполнува долгите вечери, ја подобрува волјата, дава енергија;

-чајот лете освежува, го намалува потењето, му осигурува на организмот доволно количество на вода, витамини и останати микроелементи, го чисти организмот од токсини, ја крева енергијата, ја враќа волјата...(овошни, домашни ледени, растителни чаеви).
 
Чајот е еден од најпопуларните пијалaци во многу делови од светот и неговото консумирање е навика која се повеќе се шири и опстојува,но треба да напоменеме дека тоа е корисна навика. Значењето на чаевите за здравјето на луѓето е се попопуларно денес.

Чаевите се значајни за телесната тежина,пиењето чаеви резултира со губење на вишокот телесна тежина која била предизвикана со прекумерен внес на масти. Истовремено, таложењето на масни наслаги во абдоменот и црниот дроб се намалило. Лачењето на прекумерна количина на инсулин, состојба позната како хиперинсулинемија, исчезнала. (Зголеменото количество на излачен инсулин е состојба која се поврзува со здебелување).Значи, чајот има специфичен ефект во смисла на губење на телесната тежина и „топење на мастите“, и заради тоа би требало да биде секојдневна навика, особено кај оние луѓе кои прават напори да ја намалат својата телесна тежина.

Чаевите се значајни за дијабетичарите, Според неодамнешната студија објавена во Diabetes Care, оолонг чаевите имаат способност да го намалуваат нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите кои се на терапија заради дијабет. Споредено со обична вода, чаевите го намалувале нивото на шеќер во крвта од 229 мг/дл на 162 мг/дл. Механизмот на кој чаевите го намалуваат нивото на шеќер во крвта не е познат, но се смета дека таквото нивно дејство се должи на способноста на полифенолите – супстанции кои се наоѓаат во чаевите да делуваат исто како и инсулинот, и на способноста да го намалуваат апсорбирањето на шеќерите од дигестивниот тракт.

Чајот придонесува за заштита од срцеви заболувања и висок крвен притисок.Чајот може да доведе до покачување на крвниот притисок веднаш после неговото консумирање, но сепак, за подолго време во текот на денот, чајот делува во правец на намалување односно стабилизација на крвниот притисок. Истовремено бројни испитувања покажаа дека чајот има антивоспалително, антитромботично дејство како и способност да го намалува нивото на холестерол во крвта. Тоа е во прилог на намалување на ризикот од појава на атеросклероза и срцев удар. Бенефициите во однос на крвните садови и нивно одржување во прилики на консумирање на чаеви се резултат и на способноста на чаевите да ги спречуваат оксидативните процеси на веќе создадените атеросклеротични наслаги во крвните садови.

За чаевите може да се зборува многу,ги има различни видови кои имаат различно дејство, но главно се делат на :

Белите чаеви се чаеви кои се едноставно само сварени тревки.

Зелените чаеви се кога тревката е исушена на воздух, обарена и исушена.

Олонг чаеви се добиваат кога тревката е исушена, здробена, кратко ферментирана и исушена.

Црни чаеви се добиваат кога тревката е исушена, здробена, добро ферментирана и исушена.
 
Многу е добра темава иако никој не пишува.
Инаку, во Македонските планини растат прилично егзотични билки од кои можат да се прават чаеви.
Мене ме интересира доколку се разбирате од имињата на растенијата дали можете да ми го посочите латинското име или воопшто медицинското име на растението што тривијално се нарекува Риген.
Поздрав :)
 
Многу е добра темава иако никој не пишува.
Инаку, во Македонските планини растат прилично егзотични билки од кои можат да се прават чаеви.
Мене ме интересира доколку се разбирате од имињата на растенијата дали можете да ми го посочите латинското име или воопшто медицинското име на растението што тривијално се нарекува Риген.
Поздрав :)

SALVIA NEMOROSA, се наоѓа во централна Европа и Азија.

Многу издржливо растение, може да издржи и -18 целзиуси.
 
Ти благодарам за информацијата. одамна го барав. :pipi:
 
Многу е добра темава иако никој не пишува.
Инаку, во Македонските планини растат прилично егзотични билки од кои можат да се прават чаеви.
Мене ме интересира доколку се разбирате од имињата на растенијата дали можете да ми го посочите латинското име или воопшто медицинското име на растението што тривијално се нарекува Риген.
Поздрав :)

SALVIA NEMOROSA, се наоѓа во централна Европа и Азија.

Многу издржливо растение, може да издржи и -18 целзиуси.
Има 30-тина видови на салвија
http://www.about-garden.com/fe/en/0001-salvia/

А на групата Nemorosa припаѓаат 3 од нив
Blue Queen
Marcus
Rose Queen

Незнам зошто на сајтот немаат пишано за Salvia Divinorum, или е под друго име ставена. :)

хинт: сите не се користат за чаеви, повеќето треба да се спремаат претходно.
 
Незнам зошто на сајтот немаат пишано за Salvia Divinorum, или е под друго име ставена. :)

хинт: сите не се користат за чаеви, повеќето треба да се спремаат претходно.
Можда ради состојките и ефектите :)

  • Salvia divinorum, or diviner's sage, is sometimes cultivated for psychedelic drug effects; the legality of its use is under review in some US states.[12]

Од чаевите посебен впечаток ми остава начинот на служење, вкусот и јачината на т.н. турски чај кој редовно го консумираме кај соседите. Неговата боја е магија, вкусот од првата голтка дразни, од втората смирува... Буди, освежува, го ублажува заморот. Пошто не знам како се приготвува (иако многупати сум прашал), ќе се послужам со позајмен текст (ако некој знае од искуство, нека дополни)

турски чај е вид на црн чај кој е многу популарен во турското говорно подрачје и во другите балкански земји од некогашната Отоманска Империја. Чајот е важен дел од турската култура и нудењето чај или кафе се смета за знак на пријателство и гостопримство.
Се приготвува типично со помош на чајданлак (тур. çaydanlık)—чајник составен од две котлиња наредени еден врз друг—дизајниран особено за подготовка на чај. Вода се става да се вари во поголемото долно котле, а потоа дел од водата се користи за полнење на помалото горно котле и во него се додава неколку лажици рефус-чај. Останатата вода се користи за да се разредува чајот на индивидуална основа, давајќи можност на избор меѓу силен (тур. koyu, „темен“) или слаб (тур. açık, „светол“) вкус. Чајот се служи со коцки шеќер и се пие од мали стаклени чашки (тур. ince belli bardak, „чашка со тенка половина“) кои чуваат топлина и ја покажуваат бојата.
826097_ay_turkish__tea.jpg



Како дел од церемонијата, не се одбива и втората чаша, а местото на лажичката по испивањето (во празната чаша или на тацната) е знак за домаќинот, доколку се остави на тацната, за уште едно дополнување.


За здравјето на овој чај е кажано погоре во делот за црни чаеви, но за дел од неговите позитивни ефекти мислам дека придонесува и ритуалот на консумирање, т.е. начинот на пиење и дружењето-социјализацијата
 
Сакам чаеви.Нане,камилица,планински...you name it.

Еднаш пробав цејлонски.Многу ми беше јак,ама така испадна пошто не го подготвив добро.
 
Ова е едногодишна билка која често се среќава во нашата земја. Латинското име доаѓа од грчкиот збор за железо Sidiros и латинскиот назив за Шар Планина е Scardus. Јас најмногу го пијам во зима и никогаш не сум се разболела. Еве линк ако сака некој да прочита повеќе ...
clip_image002.gif


http://mojataubavagradina.mk/index.php/floras/2011-08-25-08-46-26/167-2011-09-07-22-35-37
 
Back
На врв Bottom