Се плашам од самиот/а себе?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали некогаш сте се почувствале како да се плашите од самите себе, да се плашите од тоа што го чувствувате од икс причини?

Дали е возможно човек да се плаши од себе и своите чувства или сепак тој некој страв од сам/а себе е последица од нешто друго? И ако е возможно, зошто се појавува тој страв? Дали се работи за страв да се искаже вистинското јас?

И дали има лек т.е дали може некако тој страв да исчезне, да го снема?
 
Прва работа што се сетив кога го видов насловот е книгата Демијан на Херман Хесе. :)
Емил Синклер пател од еден вид неуроза, бил збунет во светот што го опкружува, бил растргнат помеѓу религиската догма и тешкотиите во секојдневниот живот. Тој што него го малтретирал, го понижувал, Емил му дозволувал во стил на лицемерен христијанин да го гази до крај. Не затоа што не знаел да се спротивстави, туку едноставно не смеел, се плашел, како така да треба. Како резултат на тоа го развил помалку злобното алтер его Демијан. Она што Хесе го премолчил во книгата која е прилично автобиографска се неговите несогласувања со своите родители, од таму почнува се.
Кога човек не живее за себе, туку за други кои не го сакаат вистински, ниту тој ги сака, туку затоа што „МОРА’’ така, тоа се случува - несигурност, страв, ужасен срам, немање свој став. Т.е. има став, ама тој е длабоко во личноста, а надворешната личност е слаба и плашлива, се плаши од соочување за да некој случајно не продре во тој нејзин внатрешен свет, единствено место каде има мир.
Лекот е јасен, - одлука! Или ќе живее човек за себеси, или за другите како вејка на ветрот. Ако е неопходно потребно е и физички да се напуштат личностите што не врзуваат а не не исполнуваат. Ако не е можно, само цврсто, енергично!., без пардон.
Тоа е моето мислење, дека таквиот страв потекнува од блиската околина, или подобро, поради начинот на кој ние сме се поставиле спрема тие луѓе.
 
Леле а мене па ме потсети на Степскиот Волк од истиот писател :icon_lol: изгледа сите книги му се со слична содржина, таму се опишува борбата на главниот лик Хари со неговите две спротивставени страни кои го сочинуваат неговиот карактер, едната страна е секогаш спремна да биде среќна-човечката, а другата постојано е спремна да страда и оваа е страната на степскиот волк инстинктивната страна.
Мислам дека сите ние ги имаме овие две страни, а најголем непријател сме си самите на себеси, никој не може да ни нанесе поголемо зло од тоа зло што самите можеме да си го нанесеме.
 
Да, ни јас не знаев дека книгите му се многу автобиографски, и дека всушност тој цел живот се лечел од болестите што им ги припишувал на своите јунаци, само во пошарено светло, правејќи од нив импесивни ликови за восхит. Макс Демијан е закон лик. Таков лик немам сретнато ни во друга книга па ни во филм. Дури и во Сидарта станува збор за расцеп на личноста. Сидарта е само посветол лик, водач, и Говинда кој како овца се влече по него. Не сум ги читал Нарцис и Златоустиот, и Банскиот гостин која е најавтобиографска како што сум чул, без премногу шаренило.
Страшни трауми имал Хесе, на тинејџерска возраст имал обид за самоубиство, поврзано со родителите. Само тој како да не сакал да ги озборува родителите, Чарлс Буковски тоа го направил во Блудниот син, но тек после нивната смрт.
Токму така, пред да почнеме да кршиме туѓи глави, најдобро прво нашата да си ја доведеме во ред. :)
 
Дали некогаш сте се почувствале како да се плашите од самите себе, да се плашите од тоа што го чувствувате од икс причини?

Дали е возможно човек да се плаши од себе и своите чувства или сепак тој некој страв од сам/а себе е последица од нешто друго? И ако е возможно, зошто се појавува тој страв? Дали се работи за страв да се искаже вистинското јас?

И дали има лек т.е дали може некако тој страв да исчезне, да го снема?

Тоа се толкува како недостаток на самодоверба па можеби и слаб карактер каде што личноста не си верува себеси и на своите ставови, каде што едноставно и е тешко да воспостави јасен и цврст став и неретко тие личности можат да бидат потчинети под други личности преку кои се чувствуваат сигурни. Тоа за пример може да бидат сопствените родители.
Лек како лек не постои според мене решението треба да се бара во изградба на самодоверба која сигурно може да се добие или да се манифестира на повисоко ниво преку вежби, разговори, но најбитно е личноста да биде убедена дека може многу повеќе од тоа што во моментот е таа.
 
најбитно е личноста да биде убедена дека може многу повеќе од тоа што во моментот е таа.

Кога ќе се појави тоа убедување на личноста може уште потешко да и стане, бидејќи ќе стане свесна за соочувањето што ја чека, но тој чекор мора да се изоди. Во спротивно, личноста живее неуротично, ненормалното однесување, својот страв, лабилност, попустливост, ги прифаќа како нешто најнормално. И на нејзе тогаш ништо не и фали. Згазена е, на дното е, но таму си е мирна.
Родителите не мора да бидат отворено лоши, „стаклено ѕвоно’’ е честа причина за оваа појава.
 
Да, ми се случило да се исплашам од себе. Посебно кога едноставно не знам што треба да направам. Чувствувам како сам себе да почнувам да се уништувам затоа што разумот не ми дава можност да изберам некоја рационална одлука. Се чувствувам неспособен што ме тера да помислам дека пропаѓам.
Исто така сум се плашел и од нешто што сум го чувствувал затоа што сум мислел дека е многу погрешно.
Секако дека е возможно да се појави овој страв, за кој сметам дека е последица на несигурноста во себе.
Стравот може да го снема само со длабоко верување во себе и своите одлуки и постапки. Потребен е објект на стравот за тој да постои. Со самото тоа што веруваме во себе, ја губиме таа улога на објект на стравот при што тој нема основа на која може да се развие.
 
Дали некогаш сте се почувствале како да се плашите од самите себе, да се плашите од тоа што го чувствувате од икс причини?

Дали е возможно човек да се плаши од себе и своите чувства или сепак тој некој страв од сам/а себе е последица од нешто друго? И ако е возможно, зошто се појавува тој страв? Дали се работи за страв да се искаже вистинското јас?

И дали има лек т.е дали може некако тој страв да исчезне, да го снема?

Прави ги оние работи кои што ти изгледаат "страшни" без да размислуваш за крајниот исход. Соочувањето со сопствените стравови е многу корисна и здрава работа, така го градиш сопствениот карактер и се запознаваш многу подобро себе си и сопствените можности. Дури и резултатите од твоите обиди да се негативни, тоа воопшто не треба да те загрижува, затоа што пред се битен е приодот кон нештата, кој што би требало да ти премине во рутина, а резултатите после тоа сами по себе ќе си дојдат.

P.S. Се надевам дека советов ќе ти помогне,а ако не разбираш што сакам да ти кажам глеј го Фајт Клаб и све ќе ти се објасни:pipi:.
 
Дали некогаш сте се почувствале како да се плашите од самите себе, да се плашите од тоа што го чувствувате од икс причини?
Премногу пати низ годините ја имам почувствувано, онаа, не толку пријатна емоција на страв од и кон себеси.Често непознавајќи се себе доволно добро сум се плашела од сопственото реагирање во различни ситуаци, кога елементот на изненадување не е во ситуацијата, туку во мене и кога знам потпирајќи се врз емоции и субјективни судови да одам толку далеку што заборавам која сум за кога ќе се сетам да не можам да се препознаам.

Но, се е прашање на избор и самоконтрола, иако неколкупати ми се свртела теоријата дека можеби во тие моменти јас сум навистина јас затоа што реагирам по инстинкт и импулс, не размислувам како нешто ќе се одвива и зошто би го правела, туку едноставно го правам од чиста желба и потреба.
Но одбирам да не верувам во тоа.

Додека за да исчезне, мислам дека не треба да се брка страв од нас кога е за нас, тоа е како еден вид на топломер кој што кога температурата е превисока реагира со тоа што активира емоција на страв.Сите треба да имаме по еден, сме ја наеб*ле ако се расипал.
 
Дали некогаш сте се почувствале како да се плашите од самите себе, да се плашите од тоа што го чувствувате од икс причини?

Да, сум се почувствувала така да се плашам од самата себе, понекогаш се плашам од пресилните емоции што ги имам :nesum:
 
би требало да се трудиш да ги контролираш односно минимизираш нивното влијание врз твоите постапки....плаши се од твоите постапки-од нив добиваш последица
 
Редовно,еднаш ,двапати годишно сигурно имам такви моменти кога едноставно ме понесува ситуацијата и почнувам да реагирам по чист инстинкт и животински нагон,некој вид состојба на афект.Потоа кога ке се смирам и кога ке ми текне што можело да биде богами се плашам сам од себе и се трудам да ги избегнам тие моменти и да се исконтролирам.
 
Се плашам од она што чувствувам, затоа што некогаш тие чувства ме тераат да правам глупави ствари.
Но повеќе се плашам од мислите кои ми влетуваат во глава, затоа што тогаш правам уште поголеми глупости.
Емоциите знам да ги контролирам, под покровителство на мозокот ми се, но самиот мозок, се` уште не можам да го смирам кога бунтува.
 
:S:S:S:S ne se plasam do sebe no se plasam od ona sto mozam da go napravam.:helou:
 
Како може да се плашиш од самиот себе?
 
Back
На врв Bottom