Се бара медицинско лице за превод

  • Креатор на темата Креатор на темата Intervju
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 февруари 2012
Мислења
16
Поени од реакции
2
Возраст
45
Итно се бара лице од медицинска професија (лекар, сестра) за прегледување на превод од англиски на македонски. Лицето треба да е во активен работен однос во сопствената струка и да има најмалку две години искуство со пациенти со Алцхајмерова болест, деменција и слични болести. кандидатот не може моментално да биде на студии или на специјализација и треба да има поминато најмалку две години од последното образование (студии или специјализација). Се разбира, кандидатот треба да има одлично познавање на англискиот јазик. Заинтересираните треба да поднесат актуелно резиме и контакт-информации. Рокот за пријавување е до среда 17.12.14. Трудот ќе биде финансиски соодветно компензиран. За прашања, контактирајте ме преку профилот.
 
Последно уредено:
Дополнување: кандидатот треба да живее и работи во Македонија.
 
Ама чуден оглас, зошто мора да има две години поминато од завршен испит на студии за преведување/прегледување на стручна литература? И мора да живее и работи во Македонија зошто во пдф неможе да ги прегледа преводите?
 
Такви се условите на компанијата која го нарачува преводот/прегледувањето. Треба да има најмалку две години активно искуство со такви пациенти во рамките на неговата секојдневна работа, а не во рамките на образованието. Мора да живее и работи во Македонија затоа што текстот се однесува на пациенти кои живеат во Македонија. Инаку, текстот е во Word. :)
 
Е така сега појасен ми е огласот.
Колку пари е ова соодветно финансиран? Бидејќи според новите законски измени мораш да ставиш плата на оглас.
 
Не се работи за плата, туку за хонорар. Не ја нагласив точната сума за да не биде водечки мотив па да се пријавуваат кандидати без соодветни услови (како што порано се случило) водени само од сумата и беспотребно да се губи време. Инаку, хонорарот е многу добар за македонски услови, би рекол дури и предобар.
Ако сепак мора, тогаш ќе ја објавам сумата...
 
Мора таков е законот. Плус на хонорар од 1 Јануари се плаќаат 40% давачки да може да си пресметаат луѓето дали им се исплати за тоа да аплицираат.

Убаво им објасни дека ти требаат луѓе со работно искуство мин две години во Македонија во област деменција и Алцхајмер и македончето мора да се научи дека треба да аплицира само онаму каде исполнува критериуми на оглас. Многу едноставно: Работно искуство 2 години мин - ако имаш аплицирај. Ако имаш една година само не аплицирај не им требаш. Ако имаш 2 месеци само работно искуство - прескокни го огласот барај во делот без искуство.
 
Ако е така, тогаш во ред...
Се работи за 375 американски долари кои ќе се исплатат на банкарска сметка најверојатно во денарска противвредност.
 
Не се работи за плата, туку за хонорар. Не ја нагласив точната сума за да не биде водечки мотив па да се пријавуваат кандидати без соодветни услови (како што порано се случило) водени само од сумата и беспотребно да се губи време. Инаку, хонорарот е многу добар за македонски услови, би рекол дури и предобар.
Ако сепак мора, тогаш ќе ја објавам сумата...
Тој што го составил огласот најверојатно има деменција со овие нелогични услови
 
Ако е така, тогаш во ред...
Се работи за 375 американски долари кои ќе се исплатат на банкарска сметка најверојатно во денарска противвредност.
375 долари за текст од колку страни?
Претпоставувам се работи за некоја клиничка студија според критериумите, така?
 
Текст од 1359 збора (не страни). Подготовка за клиничка студија.
Се извинувам за непотполноста на информациите во објавата.
 
Почитуван Кадаиф, благодарам за понудата. Но најпрво би сакал да ми одговорите дали ги исполнувате условите на барањето:
1. Дали сте медицинско лице?
2. Дали сте во активен работен однос во медицинска професија во Македонија?
3. Дали имате најмалку двегодишно искуство со пациенти со деменција, Алцхајмерова болест или слично?
4. Дали имате познавања од англиски јазик?
Доколку ги исполнувате сите овие услови, пратете го Вашето резиме и контакт детали. За појаснување, не се работи за превод, туку за преглед на веќе преведен текст.

Инаку, за дополнување во стил на еден коментар погоре:
Најверојатно има деменција тој што се пријавува на овој оглас, а не ги прочитал или разбрал условите.
 
Текст од 1359 збора (не страни). Подготовка за клиничка студија.
Се извинувам за непотполноста на информациите во објавата.

Зошто барате таков специјалист на форумов каде веројатноста да се најде е помала од 0.0000001%? Зошто не побарате меѓу вработените на Клиниката за неврологија? Сигурно некој од докторите или сестрите таму ги исполнува условите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom