Порано во комунизмо можеше секој да се декларира за сатанист пошто не беше познато и пропишано шо се услови треба да исполнува една млада особа да биде призната за сатанист. Така да долга коса или беџој или црна маица... беа доволни на некој да му кажат дека е сатанист.
Денес кога сме на праг на ЕУ и НАТО не е веќе така. Метал музиката нема врска со сатанизмо, металците се бараби кои не сакаат да се капат и да учат и измислија метална музика како оправдање за нивната реа и слаб успех на школо. (Панкерите се исто металци само шо не знат да свират)
Да бидиш сатанист треба да имаш црно на бело дека си му ја ветил душата на сатанта, то ест дека си му ја отсапил на вечно користење и управување. Значи уредно пополнета изјава, заверена на нотар, објавена во службен весник, и плус да направиш еден свечан обред по повод приемот во сатанисти на полноќ не гробишта со пиење на крв од мачки и јазовци. А после дал ќе слушаш народна ил забавна музика, дал ќе носиш тренерки, костум ил кожни јакни - не е битно.
Башка треба да си и ДДВ обврзник со фискална сметка печат и фирма за сатанисување.