Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.156
- Возраст
- 40
Прекрасното градче Сарти се наоѓа на источната страна на полуостровот Ситонија (вториот крак на Халкидики), со поглед на светиот полуостров Атос. Местото е опкружено со бујна вегетација и раскошен поглед на сите страни, што го прави идеално за одмор и релаксација.
Градчето Сарти е подигнато на местото каде што се наоѓал античкиот град со истото име, град кој бил исклучително важен во геополитичката стратегија на древната Грција. Местото било посетено и од персискиот крал Ксеркс за време на неговите епски походи. Денес, остатоците од античката населба можат да се најдат во опкружувањето на Сарти.
Околу Сарти се наоѓаат и дел од најраскошните плажи во цела Грција, меѓу кои најпознати се: Златната плажа Сарти, Транос, Аи Николас, Платаници, Аклада, како и уникатната плажа Кавуротрипес.
Сарти веќе со години е едно од најпопуларните туристички локации во Грција, главно поради необично складната комбинација на морето и планините, кои се соединуваат токму во ова магично место. Градчето изобилува со бројни кафулиња, ресторани и таверни, кои ќе ги задоволат и најпребирливите вкусови.
Можете да се опуштите во некое од тивките кафулиња со убаво кафе или сладолед, но можете да уживате и во интензивниот ноќен живот, во одличните ноќни клубови.Посетата на Сарти не смее да помине без посета на манастирот Ксиропотамос, кој се наоѓа непосредно до градчето, а од оваа локација секојдневно се организираат и бродски екскурзии кон планината Атос – искуство што едноставно не смее да се пропушти.
Какви се вашите впечатоци од Сарти? Сте биле ли? Ако веќе сте биле сместени во некој убав објект, споделете повеќе информации околу истиот.

. Познавам доста луѓе што биле тука и го фалат доста местово ,овде мора да се отиде барем еднаш во животов.

и е полупразна т.е ништо посебно . На сама плажа има многу ресторанти и пицерии со прифатливи цени .
... Ова со ветров е кога фаќаат некои струи или период или... Оти навистина сите кажуваат дека сѐ е убаво, ама ветрот не се издржува. И сместување што разгледував сѐ беа некои соби клаустрофобија да те фати, мене простор ми треба за да дишам
Сепак , собата за спиење само .... по цел ден надвор бевме