САМОУБИСТВО

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Локација
Скопје.
Чисто информативно ме интересира кога човек ќе си го одземе животот каков е неговиот закоп? Како го пеат мислам дали воопшто има поп или..? Исто и кај другите религии....

Eве еден подолг извадок.....

Човекот кој е духовно слободен од власта на светот, никогаш не би ја доживеал состојбата на очај и безнадежност, кои водат кон самоубиство. Тој знае, дека изворната радост ја даваат – не световните добра, туку возрастувањето во духовниот живот и блискоста со Бога, дека изворниот живот е раснење во заедницата со Бога. Човекот пак, што расне за вечноста, никогаш не ќе посака насилно да го прекине својот живот во времето. Слободата од светот се дава преку возрастувањето во духовниот живот. Кога човекот го завршува животот со самоубиство, тогаш, на некој начин, него го убива светот кој станал за него премногу горчлив, додека тој сладоста на светот тој ја сметал за единствениот вистински и изворен живот. Отровот кој човекот во поривот на очајание го прима, зрното што го испукува во себе, реката во која се фрла, сето тоа е „светот” што го уништува, а под чија власт тој се наоѓа. Кога човекот длабоко и животно е проникнат со мислата дека живот во овој свет, во ова време, не е единствениот и конечен живот, дека постои друг, повозвишен, вечен живот, нему никогаш нема да му дојде идејата да се самоубие. Тогаш се појавува пред човекот бесконечната задача да расте во вечноста, духовното искачување, ослобдувањето од власта на лошиот, несреќен, бесмислен живот на светот. Да се победи волјата за самоубиство, значи да се победи власта на „светот” над својата судбина. Еве во што е основниот парадокс на самоубиството. Самоубиецот е човек кој најмалку е способен за жртвување на својот живот, тој е премногу приврзан кон својот живот и е нурнат во неговиот мрак. Самоубиството е потонатост на човекот во себе и човеково робување на светот. Самоубиството е егоистичко и тоа е спротивно на жртвувањето на својот живот во име на другите, во име на каква било идеа, во име на својата вера. Ако човекот, кој решил да заврши со себе, би бил способен да се жртвува, тогаш тој би останал да живее, тој би направил жртва, примајќи ја тежината на животот. Ако самоубиецот во фаталната минута би бил способен да мисли за другите и за другите да се жртвува, неговата рака би затреперила и неговиот живот би бил спасен. Власта на светот над самоубиецот се изразува, не во тоа дека тој е способен да мисли за светот, заборавајќи на себе, туку во тоа дека тој целиот е проголтан од страдањата, кои светот му ги донел и од очајанието дека светот никогаш нема да ги даде посакуваните добра. Тоа значи дека во однос кон светот тој е ориентиран егоцентрично. Но, егоцентричноста секогаш и е извор на робство. Губењето на вкусот на светот и на животот, кога сè станува неподносливо досадно, е самоубиствено расположение, но ова не значи дека човекот е слободен од власта на светот. Човек би сакал светот да има вкус за него, да го возбудува, да го привлекува, а тој се мачи, бидејќи сето тоа поминало и веќе го нема. Прикованноста кон светот, макар во негативна форма, целосно останува.
Самоубиството е психолошка појава и, за тоа да се разбере, мора да се разбере душевната состојба на човекот кој решил да си стави крај. Психологијата на самоубиството е пред сè психологија на безнадежноста.


Самоубиството е предавство на Крстот. Во мигот кога човекот се убива себеси, тој заборава за Христа, а ако би си спомнал за Него, тој не би си го нанел смртниот удар. Тој би го зачувал својот живот, бидејќи решил христијански да го жртвува. А, кога сакал да се убие, тој не сакал да го жртвува својот живот, бидејќи мислел само за себе и се утврдувал само себеси. Самооткажувањето и саможртвувањето во Божјо име и е појава директно спротивна на самоубиството. На човекот му изгледа потешко да живее, отколку да умре – и тој го избира полесното. Во животот сите тешки минути бараат напор, самоубиството пак, претпоставува само една тешка минута. Но, илузијата и самоизмамата на самоубиството е: небаре тоа претставува конечно ослободување од времето кое носи страдања и маки. Самоубиецот верува дека нема да има веќе страдања. Но минутата во која се извршува самоубиството е последната минута само од нашето време. По неа следува цела вечност и Суд. А, ако човекот што решил да се убие себеси, се почувствувал дека стои пред вечноста, пред Судот на вечноста, таа негова зла решеност би се поколебала. Самоубиецот се надева дека ќе го уништи не само времето, туку и вечноста. И времето и вечноста се сврзани за него со свеста, која тој сака дефинитивно да ја згасне. Но, не е можно онтолошки да се уништиш себеси, можеш само да се преведеш себе во друга состојба – добра или лоша. Трето нема. Самоубиецот не може веќе да ги поднесува маките на престојувањето во себе, во својата темнина, во својата затвореност. Тој се надева дека ќе се извлече од себе преку убивањето на себеси. Но, всушност, тој уште подлабоко пропаѓа во себе, во лошата бескрајност на мачењето кое продолжува после актот на самоубиството.
Човекот само привремено се наоѓа во времето, тој е суштество предназначено за вечноста, и во него има вечен, неуништлив принип, кој не може да биде уништен со убиство или самоубиство.
Само христијанството учи дека страдањето е подносливо и дека има смисла. Страдањето би било неподносливо, ако би било бесмислено. Но, смислата го прави страдањето подносливо. Самоубиството го смета страдањето неподносливо и бесмислено. Но, смислата на страдањето е во тоа што страдањето е носење на крст, на што нè повика Спасителот на светот. „Земи го Својот крст и оди по Мене.” Токму свеста за носењето на животниот крст и го прави страдањето подносливо. Бунтот против страдањето го удвостручува страдањето. Човек страда не само од искушенијата што му се испратени, туку и од својот бунт против страдањата. Крстот е најсилната заштита против самоубиството и единствената сила, што може да му се спротивстави. Секој човек што е склон кон самоубиство, треба да се прекрсти со крстниот знак, да го прими крстот во себе. Имено, тајната на крстот и е осуда на самоубиството.


Самоубиството е откажување да се биде човек. Животот е искачување, самоубиството е снижување, паѓање. Големата илузија и измама на самоубиството е наджта дека самоубиството е ослободување, ослободување од маката на животот, од бесмислиците на животот. Всушност, самоубиството пред сè е губење на слободата, која секогаш повикува кон искачување, кон победа над светот. И во луѓето склони кон самоубиство, мора најнапред да се пробуди достоинството на слободни суштества, на Божји чеда, повикани кон повисок живот. Самоубиецот не само што се откажува до крај да остане човек, туку и ја затрујува и околината со отровот на небитието. Да се биде човек е голема задача која Творецот ја поставил пред нас. Да се биде човек значи да се биде личност, да се биде духовно слободен, да се возрастува во своето сознание, да се биде творец. И најголемата тајна на живот се состои во тоа, дека сè во човекот мора да биде надминато со повисоката состојба. Човекот станува човек, надминувајќи се себеси. Личноста го претпоставува постоењето на надлични вредности како: вистината, доброто, убавината… Човекот постои бидејќи Бог постои, бидејќи тој може кон Бога да се придвижува, односно подвизува. Прашањето за самоубиството е прашање на религиозната смисла на животот. Самоубиството ја негира таа смисла. Беспомошни и наивни се оние социолози-позитивисти, кои мислат дека општеството и општествените цели можат да го заменат Бога и божествените цели на животот и да му дадат смисла на животот. Мислата за општеството и за општествениот долг, сама по себе, никогаш и никого не може да го предодврати од самоубиство. Што може да значи некоја апстрактна идеја за човекот, за кого се помрачило сè на светот? Само паметењето на Бога како Превисока реалност од Која никаде не може да се избега, како за Извор на животот и Извор на смислата, може да предодврати од самоубиство. Од општеството може да се замине во смрт, во небитие. Општеството е безсилно над вечната судбина на човекот. Од Бога пак, и преку смртта не може да се избега и не може да се избегне Божјиот Суд и Божјото определување на вечните судбини на човекот. Самиот однос на човечката личност кон општеството добива смисла преку нејзиниот однос кон Бога. Само Бог му дава смисла на животот. И борбата против самоубиството, против самоубиствените расположенија – е борба за религиозната смисла на животот, борба за Божјиот образ и подобие во човекот.
 
Чисто информативно ме интересира кога човек ќе си го одземе животот каков е неговиот закоп? Како го пеат мислам дали воопшто има поп или..? Исто и кај другите религии....

Во христијанството ко што знам, самоубијците нит ги пее поп, нит ги закопуваат на гробиштата. Се смета за срам за семејството.
Кај другите вери неам појма
 
Во христијанството ко што знам, самоубијците нит ги пее поп, нит ги закопуваат на гробиштата. Се смета за срам за семејството.

И не само срам туку тоа е грев па и затоа не се пее гробот иако се закопува на гробишта зашто гробиштата не се под јурисдикција на црквата него на државата а таа нема такви правила.
 
самоубиството е строго забрането во исламот.. и тој што се самоубил не се бажи како верник :smir:
 
И не само срам туку тоа е грев па и затоа не се пее гробот иако се закопува на гробишта зашто гробиштата не се под јурисдикција на црквата него на државата а таа нема такви правила.

Јас слушнав нешто како ги пеел попот ама не како што пее на закоп кај што починал човек од природна смрт... Баш ме интересира ова и ако некој знае точно како идат тие работи обавезно нека каже....
 
Јас слушнав нешто како ги пеел попот ама не како што пее на закоп кај што починал човек од природна смрт... Баш ме интересира ова и ако некој знае точно како идат тие работи обавезно нека каже....

Воопшто не се пее телото. Нема песни за самоубици и нормални. Порано се закопувале надвор од гробиштата каде што биле сите но сега не е така.
 
Единствено нешто кое и трите моно религии го сметата за Поголемо од сите гревови . Значи исто важи и за Христианство и за Јудеизам и за Ислам ... НЕ опростиво ... Ако некој се самоубие дури и според догма не оди ни во пеколот ... Оди на полошо место дури и од пеколот ... То по догма де .
Значи колку шо имам читано самоубиството го сметат како врван негациа на божјото дело . „Тој“ ______ ( вметни бог по избор ) дал живот и во неговата соврсшена мудрост животот не секој е свет . Актот на самоубиство е негирање на сето ова горе ( , совршенство ,живот , мудрост негови ) го негира .
 
Ги пее поп сум била на закоп кај едно девојче кое изврши самоубиство. И зошто не би ги пеел, попот преку тоа бара прошка од Бога за умрениот, а дали Бог ќе му ја даде тоа е друга работа. На 40 дена после смртта душата човечка е пред Бога и тогаш му се суди. Јас бара така знам. Кои сме ние да му судиме на умрениот. Попот е човек како и сите нас и не е безгрешен ниту тој ниту црквата како инстиуција според мене неможе да суди. Има кој а тоа е Господ.
 
Значи колку шо имам читано самоубиството го сметат како врван негациа на божјото дело . „Тој“ ______ ( вметни бог по избор ) дал живот и во неговата соврсшена мудрост животот не секој е свет . Актот на самоубиство е негирање на сето ова горе ( , совршенство ,живот , мудрост негови ) го негира .
Но истовремено ова е и против природата, таа му дала живот, таа треба да му го земе. Мислам ако гледаме од друг аспект, не од религиозен. Живот му е даден за да го живее, твори, остави наследници и да си оди, има одредена цел.
 
Човекот НЕМА право да си го одзема сопствениот живот (според Библијата). А кога ќе дојде до закоп-ирелевантно е како кој умрел-церемонијата ќе се изврши. Друга работа е што со душата (која е вечна) на покојникот.
 
Koi sme nie da si go odzemem zivotot? Koga Allah ne stvoril i toj zne koga treba da ni ja zede dushata...
 
Ги пее поп сум била на закоп кај едно девојче кое изврши самоубиство. И зошто не би ги пеел, попот преку тоа бара прошка од Бога за умрениот, а дали Бог ќе му ја даде тоа е друга работа. На 40 дена после смртта душата човечка е пред Бога и тогаш му се суди. Јас бара така знам. Кои сме ние да му судиме на умрениот. Попот е човек како и сите нас и не е безгрешен ниту тој ниту црквата како инстиуција според мене неможе да суди. Има кој а тоа е Господ.

Сега ни се чини дека знаеме кому да судиме или не, да речеме ако некој се жртвувал за друг тоа е храбро, а ако некој од слабост се убил тоа е кукавички. Не треба ништо да се суди, ниту оправдува, пред се за нас самите. Само молитва.

Човекот НЕМА право да си го одзема сопствениот живот (според Библијата). А кога ќе дојде до закоп-ирелевантно е како кој умрел-церемонијата ќе се изврши. Друга работа е што со душата (која е вечна) на покојникот.

Чув дека ни во Стариот ни во Новиот завет не е директно споменато дека самоубиството е грев. Да не имаш некој поконкретен текст?
 
Во Библијата нема ништо коноретно за самоубиството!
 
Во Библијата нема ништо коноретно за самоубиството!


остави ја библијата раат!!!!!!!!!!


како може бее па самоубиство е слабост..некој не може да се носи со последиците....оправдувам во еден случај

кога си у војна и со 5 души се движите...ви фрлаат рачна бомба или гините сите..или...јас би се жртвувал ако знам дека барем ке спасам живот!!!!!!

инаку самоубиство онака јажиња пиштоли ланатан и што уште не...е само нанесување болка на блиските:toe:

Сега ни се чини дека знаеме кому да судиме или не, да речеме ако некој се жртвувал за друг тоа е храбро, а ако некој од слабост се убил тоа е кукавички. Не треба ништо да се суди, ниту оправдува, пред се за нас самите. Само молитва.



Чув дека ни во Стариот ни во Новиот завет не е директно споменато дека самоубиството е грев. Да не имаш некој поконкретен текст?

единствено нешто е молитвата...па добро бе добрите дела нели помагаат...јас овие три месеци форматирав 50 компјутери кај народ на кои им пише click here to see your mother naked или dobivte lutrija па не им земав пари!!!!!!ја знам ситуацијата ебаго....

аааа и учебници од економски и други книги ги донирав во библиотека у вел...учебникот от таки фити...ми недостасува тој учебник..

плус еднаш на џупцте им дадов стари алишта а и пет пати давав крв(сега имам забрана-не смеам..ама за некој месец ке може)

и сега да горам во пеколот........оти не верувам во бог!!!!!

госпо прима мито и гзолижачи...еве на пример тој криминалецот до исус рекол ахх да јас бев лош ти си добар и ајде отиде у рајо:toe:

НЕ!!!!!

не е чесно:vozbud:
 
Што станува со пушачите?
Дали тие спаѓаат во категоријата самоубијци, кога сите знаат дека цигарите се тивок убиец и дека пушењето убива, а намерно се трујат секојдневно со кутија две никотин?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom