САМОУБИЕЦ ДОБИ ОТШТЕТА ОД БОЛНИЦАТА ШТО МУ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ

  • Креатор на темата Креатор на темата OdMitico
  • Време на започнување Време на започнување

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.392
Поени од реакции
341
Возраст
42
САМОУБИЕЦ ДОБИ ОТШТЕТА ОД БОЛНИЦАТА ШТО МУ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ

Британец кој се обидел да се самоубие доби отштета од 90.000 фунти од болницата која му го спаси животот. Мајкл Декстер испил смртоносен коктел од околу 100 апчиња со рум и кола во декември 2002 година.


Шест години потоа тој на суд ја доби болницата која во обид ада го спаси му дала четирипати поголема доза неутрализатори од потребното.

Според неговите адвокати лекарите од болницата во Блекбурн со прекумерна доза лекови тешко му го оштетиле ткивото на десната рака, предизвикувајќи изгореници од трет степен.

Пациентот три години потоа уште еднаш се обидел да се самоубие, но и тогаш преживеал, но поради срцевиот удар останал сакат на едната рака.

58-годишниот Декстер ја тужел болницата за лошо лекување и за осакатување, по што значително му биле намалени шансите за нормален живот и работа.

Иако бил депресивен кога два пати се обидел да се самоубие, сепак судот застана на негова страна и пресуди обесштетување поради трајниот инвалидитет предизвикан во болницата.

Тој тврдел дека не можел да работи, да готви и да се занимава со својот инженерски занает поради 75 процентното оштетување на раката.

www.sitel.com.mk

aj posle pomogni mu na nekogo...:)Ostaj go neka umre tamu stom se resil..
 
ова стварно не ми е јасно..сакал да се убие,а после тоа откако го спасиле бил у депресија дека неможел да работи.Одеднаш се му се присакало ја мајката:tapp:
 
Требало да ги тужи шо го спасиле, повеќе ќе земел.
 
Леле тие па ако решил да се самоубие нека се убие што морале да го спасуваат.
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Јаооо човече не ми се верува што читам. До кај отидовме бе?:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
ЈАс би барал поголема оштета за да има до што да живее :vozbud:
 
хехе ај сега болницава и докторите криви оти се обидел да се самоубија...
 
Е ова стварно не е нормално, они ќе му спасуваат живот, овој ќе ги тужи
 
А оти од болницата не му предложат да наместо пари го вратат во состојба како кога го донесоа. Нек му шибнат коктел од апчиња и нек си заврши како сакаше.
 
Леле тие па ако решил да се самоубие нека се убие што морале да го спасуваат.
Обврска на секој доктор е да му го спаси животот на пациентот дури и без негова согласност. Тоа е приоритет, макар значело да има дополнителни последици (инвалидитет, психички пореметувања или слично)
Еве ви план да станете побогати=):icon_cool
Друже кај нас во Македонија не пали ова:) Овде ќе си умреш и наместо да земеш пари може и да платиш (т.е. твоите блиски) :helou:

А оти од болницата не му предложат да наместо пари го вратат во состојба како кога го донесоа. Нек му шибнат коктел од апчиња и нек си заврши како сакаше.
Хехехе, добра идеја :):):):)
 
Ццццц божеее оти му го спасијаа животот и ај тужба...:tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Друже кај нас во Македонија не пали ова:) Овде ќе си умреш и наместо да земеш пари може и да платиш (т.е. твоите блиски)
Чек дис аут е темата другар,не е се сериозно.=)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom