Самопочитување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Што е за вас самопочит и како истата се демонстрира во животот?

Дали со тоа што ќе се однесува некој лошо и ќе заебе некој ја покажува својата самопочит?

Дали ако некој не враќа на друг и ќути навистина значи дека нема самопочит?

И како може некој да знае и познае дали некој друг навистина се почитува самиот себе?

Дали самодовербата и самопочитувањето се една иста работа или има разлика и која е таа?
 
Абе..... ја да ги знаев овие работи, ќе бев далеку понапред во животов :icon_lol:
1, Значи, ај да пробам. Самопочит е кога кога имаш почит кон себе (како, нервоза е коа се нервираш :icon_lol:ти текнуе, хаха). А, како се демонстрира. Епа... абе види, ја мислам дека ова е уствари поврзано со мислењето што го имаш за себеси. Ако имаш високо, онака, добро мислење за себеси... да не речам, ако се гордееш со себеси, имаш самопочит. На англиски мислам дека го викаат self esteem ама и self respect е исто.
2, Не, не баш... нема везе
3, Можда ако на пример не им дозволуваш на луѓето да те третираат како...*да не речам*, затоа што ти едноставно заслужуваш подобро.
4, Да има разлика. Самодоверба е да веруваш во себе и своите способности. Да веруваш дека можеш. А ова си е сасвим друго.
Разликата е што самодовербата се однесува на твоите способности, а самопочитта на твојата личност и мислењето што го имаш за неа.

И општо земено, не треба да бидеш мека со луѓето, туку треба како јанѕа да ги јадеш и за секоја грешка да им наплатиш. Ако сакаш да те ценат.... колку што се цениш ти самата себе. Ако не се цениш, ќе им дозволуваш to get away with anything, и тие нема да те ценат и почитуваат, зошто ти самата не си се ценела доволно да ги казниш за тоа што ти го сториле.

*Full Disclaimer: Сите совети во горниот пост се напишани од апсолутен аматер и треба да се земаат со солидна доза на резерва.;)))
 
Дали самодовербата и самопочитувањето се една иста работа или има разлика и која е таа?

самодовербата често води кон погрешни одлуки,но човек способен за самопочит ја има способноста да ги почитува и другите-тоа за жал го немаат тие со премногу самодоверба.

Абе..... ја да ги знаев овие работи, ќе бев далеку понапред во животов :icon_lol:
1, Значи, ај да пробам. Самопочит е кога кога имаш почит кон себе (како, нервоза е коа се нервираш :icon_lol:ти текнуе, хаха). А, како се демонстрира. Епа... абе види, ја мислам дека ова е уствари поврзано со мислењето што го имаш за себеси.
Ако имаш високо, онака, добро мислење за себеси... да не речам, ако се гордееш со себеси, имаш самопочит
гордоста е генератор на злото

. На англиски мислам дека го викаат self esteem ама и self respect е исто.
2, Не, не баш... нема везе
3, Можда ако на пример не им дозволуваш на луѓето да те третираат како...*да не речам*, затоа што ти едноставно заслужуваш подобро.
4, Да има разлика.
Самодоверба е да веруваш во себе и своите способности. Да веруваш дека можеш.
едно е да веруваш а друго е со труд да постигнеш

А ова си е сасвим друго.
Разликата е што самодовербата се однесува на твоите способности, а самопочитта на твојата личност и мислењето што го имаш за неа.

smart ass напиша:
И општо земено, не треба да бидеш мека со луѓето, туку треба како јанѕа да ги јадеш и за секоја грешка да им наплатиш

има и такви кои обожаваат реваншизам-се хранат со тоа затоа најдобро една кинеска мудрост-непријателот направи го пријател

. Ако сакаш да те ценат.... колку што се цениш ти самата себе. Ако не се цениш, ќе им дозволуваш to get away with anything, и тие нема да те ценат и почитуваат, зошто ти самата не си се ценела доволно да ги казниш за тоа што ти го сториле.

*Full Disclaimer: Сите совети во горниот пост се напишани од апсолутен аматер и треба да се земаат со солидна доза на резерва.;)))

:salut::salut::salut:
 
Самодовербата и самопочитта не се иста работа, само се поврзани една со друга до одредена мера ништо друго.
Самодоверба некогаш имам повеќе некогаш помалку, ама понекогаш ми се чини со машкиот полов орган мој ѕид ќе турнам :icon_lol:.
Треба првин човек сам да се почитува себеси после другите ќе го почитуваат, во еден или во повеќе аспекти од животот, тука спаѓа и хигиената на пример која што во моментов ме подсетува си се испочитувам себеси и избричам и истуширам...
 
Што е за вас самопочит и како истата се демонстрира во животот?

самопочит = да се почитуваме самите себеси :wink:
а се демонстрира со тоа што не дозволуваме другите да не газат и имаме свое јас, ама не значи дека сме секогаш во право! мислам, во ред е да имаме свое јас, ама не е во ред да мислиме дека само тоа е точно и да ги омаловажуваме и не прифаќаме туѓите ставови и мислења. и значи дека треба да поставиме граница до каде смеат другите да одат со било што, со зезање, со навреди, со се. ама и не значи дека треба само да имаме граници за туѓите однесувања, туку за да бидеме достојни за почит, ТРЕБА ДА ВНИМАВАМЕ И НА СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ДРУГИТЕ.

Дали со тоа што ќе се однесува некој лошо и ќе заебе некој ја покажува својата самопочит?

па, според мене, со тоа покажува колку не е вреден и колку е кретен и сељак и другите не треба да имаат почитување за него, а не ја покажува својата самопочит.

Дали ако некој не враќа на друг и ќути навистина значи дека нема самопочит?

не мора да значи, може тоа да значи и дека има многу трпение и висока 'точка на вриење'. и сеа има разлика, ако тој некој секогаш ќути и им дозволува на другите да го навредуваат и понижуваат, и има разлика кога знае до кога треба да се ќути па после да се спушти со два збора. во првиот случај, нема самопочит, во вториот има совршена количина на самопочит.

И како може некој да знае и познае дали некој друг навистина се почитува самиот себе?

па, можеби не е точно, ама мислам дека ако е некој ептен фин онака, и се однесува со другите како што би сакал тие да се однесуваат со него има самопочит. и ако баш сакаш да познаеш, почни да го вреѓаш, па види како ќе ти изреагира :wink:

Дали самодовербата и самопочитувањето се една иста работа или има разлика и која е таа?

различно е, самодоверба значи дека знаеме дека вредиме а самопочит значи дека не дозволуваме да не газат и дека имаме свое јас и сме праведни и коректни.
 
Што е за вас самопочит и како истата се демонстрира во животот?

Дали со тоа што ќе се однесува некој лошо и ќе заебе некој ја покажува својата самопочит?

Дали ако некој не враќа на друг и ќути навистина значи дека нема самопочит?

И како може некој да знае и познае дали некој друг навистина се почитува самиот себе?

Дали самодовербата и самопочитувањето се една иста работа или има разлика и која е таа?

1. За мене самопочитта претставува она чувство кое се јавува во текот на животот откако ќе ја сфатиме големината на нашата индивидуа и ќе продолжиме да размислуваме со ладна глава без притоа да дозволиме нашето значење на светот да нè удри по глава. Мислам дека се демонстрира преку трезвеното размислување, правилното расудување и длабоката верба во сопствените одлуки.

2.Па, доколку за тој човек лошите работи претставуваат преден план на животот, тогаш да, тој ќе ја покаже својата самопочит, но само пред себе. Во принцип, токму затоа и се вика самопочит. Ја чувствуваме самите према себе. Нема потреба некој од страна да ја регистрира за ние да го имаме тоа чувство.

3.Не. Самопочитта не значи дека секогаш треба да веруваме дека нашиот збор е последен и најправилен. Таа значи да знаеме да се цениме себе за да знаеме кога е доста а кога можеме да продолжиме. Односно, веруваме на своите одлуки без разлика како тие ќе личат во очите на другите.

4.Не е едноставно и лесно да се познае човек кој се почитува себеси. Пред сè, самопочитта може да се дефинира на онолку начини колку што има луѓе на светов. Од тука, туѓата самопочит јас можам да ја игнорирам и воопшто да не ја забележам. Едноставно, секој човек може со сигурност да ја почувствува сопствената самопочит, но не и онаа која другите ја имаа кон себе.

5.Не се една иста работа. Мислам дека самопочитувањето е сепак нешто подлабоко од самодовербата. Разликата ја гледам во тоа што, самодовербата понекогаш може да биде и тврдоглавост, а самопочитта она чувство кое го спомнав во првата точка:)
 
Back
На врв Bottom