Самокритичност!

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Често се сретнувам со луѓе кои не се задоволни од она што го прават, или од тоа како изгледаат, или пак од тоа како им се случуваат работите. И по некоја случајност секогаш самите себе си се наоѓаат виновни за тоа...
Дали самокритикувањето ги прави да се тераат посигурни во одлуките, во себеси, или едноставно чекаат сожалување од другите чувствувајќи дека тоа е единствениот начин на кој можат да се покајат за нешто кое сами го избрале или да заборават на она што им се случува, чекајќи да ги утеши некој друг и да им каже дека тоа не е нивна вина??
Според мене, несигурноста во себе, ги прави онакви какви што се, не дозволувајќи им реално да ги согледуваат работите и да ги прифатат нештата онакви какви што се, а пак уште помалку да се обидат да ги сменат...
 
Е јас видиш, сум самокритичен, ама не делам ниедно мислење со твоите.

Зошто сум самокритичен? Зошто сакам да критикувам и други. И зошто не се сметам за компетентен да критикувам нечиј недостаток, доколку претходно немам утврдено дали и јас поседувам некаков сличен на него. Односно, соочување со сопствените ерори, како би можел да ги критикувам останатите.

Дали чекам сожалување? Дефинитивно не! Зошто би се свел на такво ниво, да правам или зборувам за мене нешто, со кое кај некој друг би предизвикал да ме сожалува? Кој профит од сето тоа? Доколку сакам да постигнам ефект кај некого, гледам да го постигнам со моите позитивни карактеристики, но не прикривајќи ги моите негативно. Само така би можел субјектот да ме оцени во вистинско светло.

Самокритиката е многу битна карактеристика на секоја единка. Согледувањето на сопствените недостатоци, фобии, инертности...Застанувањето пред самиот себе и критиките упатени кон себеси, и како втор чекор, трудењето истите да ги елиминираш во најголема можна мерка е неминовно доколку сакаш да се изградиш како правилна и „нормална“ личност.

Според мене, несигурноста во себе, ги прави онакви какви што се, не дозволувајќи им реално да ги согледуваат работите и да ги прифатат нештата онакви какви што се, а пак уште помалку да се обидат да ги сменат...

Напротив. Сигурноста во себе, ќе ме натера реално да се согледам каде грешам и што ме прави таков каков што сум, и нема да ги прифатам нештата такви како што се и да живеам во инерција, туку ќе се обидам да ги сменам толку, колку што мојата моќ дозволува
 
Моето мислење во однос на темата е дека самокртичноста кај луѓето произлегува од различни причини и само критикувањето претставува поттик на себеси, тоа е борба самиот со себе,самокритичноста е мерило на интелектот доколку отсуствува оваа особина кај човекот тоа значи дека тој е горд пред се што е најголем недостаток на личноста без самокритика нема постигнување на целта.Штом ја бараме вината првеснтвено во себе тоа значи дека не живееме во заблуда и дека сме свесни за своите грешки .
 
Самокритичноста мислам дека влијае позитивно,но до некаде затоа што сепак со нејзе се отценуваме колку сме добри во нешто и ако со тоа не сме задоволни се обидуваме да се подобриме..Но самокритичноста преминува во лоша особина кога таа е поголема и стигнува и до потценување на себеси.
 
Значи, имаме објективна самокритичност, во која се пронаоѓаме себеси со сите наши негативни особини кои сакаме да ги подобриме, и имаме себепотценување, најчесто предизвикано од надворешни субјекти кои негативно влијаеле на нашиот карактер. Тоа се две посебни работи, кои никогаш не може да преминат од една во друга. Самокритичната особа ќе се искритикува себеси во моментот кога ќе почне да станува себепотценувачка, и ќе се труди тоа да го стави во контрола.
 
Да ама некој кога ќе ми посочи мене некоја негативна особина,ми останува или со мојата самокритичност да го сватам тој проблем и да направам нешто за да се подобрам.Или со мојата смокритичност ја прифаќам таа особина,да навистина сум јас таков,колку сум..(бла бла бла)и да премине во самопотценување..Сепак тоа зависи од карактер до карактер..
 
Мислам дека јасно пишувам постови... Тоа и го напишав во претходните. Освен фактот дека (како јас ја сфаќам темава), не треба некој друг да ми посочи нешто за кај мене да проработи самокритичноста. Скилот е да ти проработи САМОкритичноста пред некој друг да ти потенцира на „недостатокот“. Нели...
 
Па еве и друг пример каде што САМОкритичноста води кон себепотценување.ЈАс и ти дебатираме на оваа тема и со предходниот пост ти да речам дека ме "вкопа"мене.Јас со самокритика утврдувам дека не сум компетентна да одговарам повеќе на темата,дека не сум доволно паметна или пак дека не сум информирана.Ако имам лабилен карактер,таа помисла дека не сум доволно паметна ќе ме натера да се потценам и никогаш повеќе да не вратам на ниеден цитат или да не напишам друг пост од страв дека повторно ќе ме"вкопаат"..Ако имам карактер и позитивно ја користам самокритичноста ќе се поинформирам на оваа тема и со тоа ќе се подложам на подобрување на себеси..Значи самоконтролата може да ме донесе или до себепотценување или до подобрување на себеси,од што зависи тоа?Се разбира од карактерот на човекот и од тоа како ги прифаќа нештата...
 
Точно така. И се е тоа во ред, и се ќе ни беше во хармонија и двајцава ќе се поддржувавме на темава, а немаше да се контрираме, само доколку ти ми ги прочиташе моите постови погоре, и сфатеше дека јас имам исто такво мислење, какво што сега доби и ти.
 
Често се сретнувам со луѓе кои не се задоволни од она што го прават, или од тоа како изгледаат, или пак од тоа како им се случуваат работите. И по некоја случајност секогаш самите себе си се наоѓаат виновни за тоа...
Дали самокритикувањето ги прави да се тераат посигурни во одлуките, во себеси, или едноставно чекаат сожалување од другите чувствувајќи дека тоа е единствениот начин на кој можат да се покајат за нешто кое сами го избрале или да заборават на она што им се случува, чекајќи да ги утеши некој друг и да им каже дека тоа не е нивна вина??
Според мене, несигурноста во себе, ги прави онакви какви што се, не дозволувајќи им реално да ги согледуваат работите и да ги прифатат нештата онакви какви што се, а пак уште помалку да се обидат да ги сменат...

Сонце, она што ти го опишуваш како појава е малку повеќе од самокритичност, според мене, преминува повеќе во комплекс на „нижа вредност“.Искрено, според мене е неопходно човек да има здрава доза на љубов кон себе која што ќе му овозможи да се сака себеси и правилно или барем приближно на тоа, да проценува за своите постапки, како и за постапките на тие околу себе.

Несигурноста во себе секогаш делува многу повеќе негативно, него инспиративно врз тој тип на луѓе затоа што им ја зема можноста да се обидат да пробаат нови работи поради стравот од неуспех.Да не го ценат она што го работат од уверување дека не знаат и тоа да го направат како што треба.

Ништо без доза на егоцентричност.:toe:
 
Често се сретнувам со луѓе кои не се задоволни од она што го прават, или од тоа како изгледаат, или пак од тоа како им се случуваат работите. И по некоја случајност секогаш самите себе си се наоѓаат виновни за тоа...
Дали самокритикувањето ги прави да се тераат посигурни во одлуките, во себеси, или едноставно чекаат сожалување од другите чувствувајќи дека тоа е единствениот начин на кој можат да се покајат за нешто кое сами го избрале или да заборават на она што им се случува, чекајќи да ги утеши некој друг и да им каже дека тоа не е нивна вина??
Според мене, несигурноста во себе, ги прави онакви какви што се, не дозволувајќи им реално да ги согледуваат работите и да ги прифатат нештата онакви какви што се, а пак уште помалку да се обидат да ги сменат...
Се согласувам со Лејди Сатори
За жал,, познавам такви луѓе и можам да кажам дека таквиот став воопшто не можам да го споредам со самокритичност..Самокритичноста ја сфаќам како една повеќе позитивна особина одошто негативна,, кога се стремиме она на што го правиме да му ги пронајдеме недостатоците се со цел да истите успешно ги надминеме.. како и да е ,, во случајов кој ти го опишуваш не станува збор само за самокритичност,, тоа е веќе состојба на изгубена самодоверба,, кога на некои луѓе зборовите и мислењето на другите им се далеку поважни од нивното мислење,, кое е секако негативно.. овие луѓе се незадоволни од себе и својот живот,, иако можеби некогаш и не постои реална причина за тоа.. Таквите луѓе со самиот факт што се негативни во мислењето за себе,, шират и негативна енергија во околината.. Многу ме иритираат вакви луѓе поради тоа што тие си ја хранат душата слушајќи некој да го коментира нивниот изглед или однесување,, но и покрај тоа што можеби слушаат комплименти ним тоа никогаш не им е доволно,, затоа што тие во себе се убедени дека тоа не е така и постојано поставуваат исти прашања по стопати секако поврзани за нив,,затоа и ваквите луѓе се многу напорни и се обидувам да ги избегнувам затоа што дефинитивно можат да ми ја исцрпат енергијата..
 
Сонце, она што ти го опишуваш како појава е малку повеќе од самокритичност, според мене, преминува повеќе во комплекс на „нижа вредност“
Комплекс на нижа вредност.. Одлично... Се согласувам со тебе... Но тој комплекс на нижа вредност произлегува од разочарувањата и незадоволствата... А од која причина се јавува самокритичноста?!
Нормално дека е убаво човек сам да ги согледува своите грешки но не и постојано да биде самокритичен. Значи мислам на луѓе кои секојдневно се самокритицизираат без било каква и да е причина. А според мене самокритилноста е почеток на нижата вредност... Така да мислам дека овие две работи потполно се надополнуваат една со друга.:toe:
 
Back
На врв Bottom