Па... Точно е дека човекот јадел месо премногу долго и дека сега е неприфатливо за оние кои јадат да се откажат од него, и на мене ми беше чудно на почетокот али после сфаќаш дека не ти треба толку многу како што сите зборуваат. Значи, се јадело месо, така? Да, али колку? КОлку пати годишно во минатото нашите предци од селата колеле животно за да имаат месо кое нормално брзо се дојадува зашто немале услови да го чуваат, се расипувало? Еднаш до два пати годишно, така? Протеините се наоѓаат само во месото а всушност и многу полошо е да имаш вишок на протеини и масти во крвта (ова денес е голем проблем во светот). Во муслиманските земји исто месо се јадело многу малку ама тоа се надокнадувало со многу благо (знаеш дека таму традиционално се прават мн слатки) а месо највеќе се има јадено горе, на север кај што животниот век билч страшно помал. Проблемот на денешниот современ човек е што конзумира премногу од се - месо во секој оброк во денот (за квалитетот на месото не коментирам, претпоставувам знаете процеси на создавање паштети, шунки...), многу благо, многу леб... Она што е најпотребно - зеленчук и овошје е занемарено до немајкаде! И да, ние не сме крави за да можеме да произведиме од трева протеини ама нив можеме да ги добиеме и од растенија, нема потреба да убиваме животни. И ме мрзи да дробам и понатаму на темава, ама дефинитивно вегетарјанството е оправдано од секоја гледна точка...