- Член од
- 25 март 2008
- Мислења
- 105
- Поени од реакции
- 3
Темава не ја отворам за да го изразам моето мислење за една или друга партија, туку сосем општо за предвремените избори во Македонија.
Од досегашните инциденти, случувања може да се заклучи дека во Македонија изборите, не само парламентарните, туку и претседателските и локалните наликуваат на фудбалски натпревар, помеѓу 2 тима, и којшто секој од нив си има своја банда на хулигани.
Дали тоа и наликува на држава, цивилизирана во 21 век? Цела полиција е на терен, набљудувачи од ЕУ, наблудувачи од партии, наблудувачи од партии, од невладини, како да се чека да се направи некој инцидент. А што уствари постигаме ние со тоа? Можеби ќе се теши некоја партија дека направила фалсификат, дека ќе има некој глас повеќе.. но ние ќе бидеме само црна точка на Европа.
Гледав вчера BBC и CNN, и најавата и снимките што беа покажани, наликуваат на некоја афричка држава, каде што има граѓанска војна, каде што сеуште владеат корумпирани генерали, каде што изборите се напнати, има убиства, има пукање, заканување, фалсификување, итн.
Ќе ви дадам пример во Германија, каде што подолго време имам престојувано таму. Кога има парламентарни избори, исто е и како секој нормален ден. Нема воопшто ниту обезбедување, ниту пломбирани гласачки кутии. Се запишуваш, гласаш си одиш дома. После неколку дена, излегуваат резултати, се објавува на ТВ, по весници, и толку завршено е. А, не кај нас после 1 месец ќе се препукуваат овие направиле фалсификат, оние направиле она, оние не направиле ништо...
Наместо да се стремиме да се нормализираме, ние повеќе и повеќе го следиме тој тренд да не кажам на простотилк!
Сакам ваше општо мислење.