Ryzen - нов ЦПУ од АМД

Дискусија во форумот 'Хардвер' започната од dace@mkd, 22 февруари 2017.

  1. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    253
    Допаѓања:
    117
    Ете стигна и тој ден официјално ни дојде Ризен/Рајзен, па да отвориме тема за сите АМД-фанбојс да дискутираат. АМД отсекогаш бил ултра популарен во МК, бидеќи нудел добри перформанси за Гејминг по упола цена.
    Еве ја презентацијата на АМД:

    и уште едно порелевантно видео од Линус, кој направи споредба со интел

    Да ја започнеме темата како треба, што мислите вие за Ризен (така се чита де, иако го викаат Рајзен од АМД), ќе ги испуни ли очекувањата, еве за мене реално е да понуди нешто за гејминг а да е подобро од i5 на Интел за исти или помали пари, бидејќи нема разлика од и5 и и7 за гејминг кога збориме.
     
    На Riki_AMG/// му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    4.354
    Допаѓања:
    5.207
    Изгледа онака, како и секој процесор
     
  3. gjoko-mkd

    gjoko-mkd

    Член од:
    8 јануари 2012
    Мислења:
    3.188
    Допаѓања:
    2.044
    На српски форуми читав не така добри коментари.....но повеќето беа како последица на предрасуди кон АМД
     
  4. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    253
    Допаѓања:
    117
    Da da, se se toa predrasudi posto AMD ne ima iznevereno mnogu pati, ke ni gi digne ocekuvanjata visoko i togas ke ne razocara no od ova dosega videno me like it :D Sekako ke treba da se vidi vo praksa kako odi, na Cinebench e edno, no vo praksa sosema drugo. Ke vidime koga Linus i drugata ekipa ke go zeme na test, mi se cini kaza deka deneska ispaga vo US, na 22.02. Najbitno e da ne pravi bottleneck na grafickata, e sega nz treba da pretstavat novi graficki da odat so ova pa ke vidime. Eve go i Austin zborese za grafickata sto ke bide, sekako zavisi i od igrata na primer vo Cities Skylines treba poveke snaga od procesorot a zavisi i od toa dali streamas na Twich, kako sto kazaa prethodno.
     
  5. Fredy Guarin

    Fredy Guarin

    Член од:
    20 јули 2009
    Мислења:
    2.245
    Допаѓања:
    2.871
    Додека не извадат аnandtech ривју и бенчмарци мислам дека џабе ќе се хајпаме :)
     
  6. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    253
    Допаѓања:
    117
  7. Gladiatorized

    Gladiatorized

    Член од:
    11 ноември 2015
    Мислења:
    154
    Допаѓања:
    35
    Со последниве процесори, мислам дека АМД се надмина самиот себеси во поглед на испорачувањето на перформанси во поглед на неговите претходни изданија. Лично сметам дека на серијава Рајзен вреди да и се даде шанса со оглед на фактот што истата нуди повеќе предности за разлика од нивните претходници. Ако се обидеме да повлечеме паралела помеѓу серијата Рејзен со последната генерација на i7 процесорите на Интел можеме да заклучиме дека АМД е многу блиску со перформансите на Интел, т.е. можеме да забележиме дека слободно може да му противречи. Несомнено е евидентно дека процесориве на АМД имаат приближно идентични (ако не и за нијанса повеќе) перформанси со оние на Интел. Предноста на серијата Рејзен е во тоа што процесорите не се ограничени во поглед на оверклокувањето, имаат поголем број на виртуелни јадра (автоматски со нив се овозможува симултана обработка на повеќе податоци и информации за исто време), а евидентна е и намалената консумација на електрична енергија. Исто така, во споредба со серијата на Интел, цените на Рејзен процесорите се далеку попристапни за крајните купувачи.
     
  8. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    253
    Допаѓања:
    117
    http://www.hcl.hr/vijest/amd-ryzen-5-procesori-potrest-ce-srednji-rang-iduceg-mjeseca-104111/
    Ryzen 5 доаѓа наредниот месец. Интересно е како се оде понадолу кон мид и ентреи левел, разликата во цена е заправо многу мала со Интел (мислам на и5 серијата пред се) која ќе ја користат гејмерите, да не заборавиме Интел има и вградена графика во своите процесори, кои се доста моќни да вртат некои игри, како Оverwatch.
     
  9. iksimkd

    iksimkd ШшшШшшШ...

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    4.914
    Допаѓања:
    2.050
    Да бидам искрен АМД процесор на мој компјутер немам ставено уште од времето на Athlon, мислам некаде 2004-2005 година. Она што последниве денови го гледам низ Јутуб видеата и го читам по форуми ми дава повторно надеж дека можеби АМД конечно се разбуди од зимскиот сон и направи нешто паметно. Сега засега скоро сите ривјуа за новата серија Ризен 7 се одлични, посебно за новиот 1700 процесор. Со оглед на перформансите кои ги нуди и цената по која се продава, овој процесор е формула 1 во споредба дури и со некои i7 процесори на Интел. Што викаат американците bang for the buck. Дефинитивно во наредните неколку месеци ќе го имам АМД во предвид доколку правам нов ПЦ, а со оглед на тоа дека на 18 Април излегува и новата RX 580 графичка може да се направи една одлична конфигурација за околу 700 - 800 евра.
     

Сподели преку: