Нема смена во Руската политика иста со векове назад, само веке официална.
Како сме Македонци, што добро направија денес нашите "браќа" Руси за нас ?
Ние нема што да бараме на Запад, ги имаме нашите словенски браќа (ама сме антички де) Руси кои не сакаат, кои ни помагаат, кои абе никакво зло ни немат нанесено на нас , името не ни го дават, а и ако им се створи шанса и Македонија ќе ја обединат со главен град Солун, чуено од устите на русофилите во секоја прилика.
Но, во Лерин Русија си ја кажа својата официална политика, со подигнувањето на споменикот на своите војници кои загинале во "ослободувањето" на Лерин, или во превод Руските војници го ослободиле грчкиот град Лерин, а колку знам Лерин е Македонија и не бил грчки пред неговата окупација.
Всушност овој споменик има многу поголема симболика покажувајќи ја официалната руска политика, првата на братство и единство кои ја имаат со Грците векови наназад, второ дека токму Русија (секој што читал тоа го знае) е главниот противник на идејата за Независна или Автономна Македонија, токму Русија беше најголемиот непријател на ВМОРО/ВМРО во остварувањето на целта за слободна Македонија.
Добро утро Македонци и можеби сега ќе се разбудите и ќе сфатите дека Русија не е наш брат или пријател, туку еден од најголемите непријатели и душмани низ историјата, била а според последните постапки таква и ќе остане.