Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Њујорк тајмс: Ескалираат тензиите меѓу Грција и Русија, Македонија е во средината

Рускиот министер за надворешни работи наводно ја откажал посетата на Грција бидејќи ескалираа тензиите меѓу двете земји поради одлуката на Атина да протера двајца дипломати обвинети дека се обидуваат да ја поттикнат опозицијата да го поткопа договорот со кој на Македонија ќе ѝ се отвори патот да влезе во НАТО, пишува вчера Њујорк тајмс.

mkd-383871.jpg

Спорот околу името на Македонија не предизвикуваше голем интерес надвор од регионот, но се испреплете со поважни конфликти, особено по еднонеделната турнеја низ Европа на претседателот Трамп: загриженост за наводните обиди на Кремљ да манипулира со западната политика, контрадикторните изјави на Трамп за руското мешање и неговата посветеност кон НАТО, како и противењето на Москва кон секое проширување на западниот сојуз, вели американскиот медиум.

Спорот се заостри во четвртокот, кога, според руската новинска агенција Тасс, министерот за надворешни работи, Сергеј В. Лавров, го откажа патувањето во Атина закажано за септември. Тасс го пренесе рускиот амбасадор во Грција Андреј Маслов, кој рекол дека посетата станала „неважна“.

„Ние веќе известивме дека ќе преземеме контрамерки. Не знам кога, кој и колку, но ќе има одмазда, како што тоа обично се прави во такви случаи“, рече Маслов.

Грција и Русија, обете православни христијански нации, традиционално имаат блиски врски, а актуелната левичарска влада на Грција, и покрај поддршката за проширувањето на НАТО, се залагаше за поблиски односи меѓу Русија и Западот и ја бранеше Москва во меѓународните спорови, вели Њујорк тајмс.

За разлика од многу други западни држави, таа не протера дипломати по труењето на поранешниот советски двоен агент Сергеј В. Скрипаљ и неговата ќерка, во Англија во март, напад што нашироко ѝ се припишува на Русија, а во 2015 година грчката влада ги осуди санкциите на ЕУ кон Украина.

Но договорот со Македонија е од огромно значење за Грција, која обвини четворица Руси дека се обидуваат да го поткопаат договорот, поттикнувајќи протести против него и обиди за поткуп на грчки државни службеници и свештеници. Спорот доведе до размена на невообичаено жестоки зборови во средата меѓу Атина и Москва.

„Ние сме целосно свесни дека Грција била подложена на притисок од највисоко ниво“, порача портпаролката на руското МНР Марија Захарова, неколку дена откако руското министерство отворено го обвини Вашингтон за „антируската одлука на грчката влада“.

И додека грчките медиуми пишуваа за „сибирскиот студ“ во билатералните односи, Атина одговори со жестока изјава, обвинувајќи ја Москва за „постојано непочитување кон Грција“.

„Никој не може и нема право да се меша во домашните работи на Грција“, рече грчкото Министерство за надворешни работи, додавајќи дека Атина има докази за своите тврдења. „Во секој случај, руските власти многу добро знаат што прават нивните луѓе“.

Контроверзната промена на името, вели Њујорк тајмс, мора официјално да биде ратификувана пред земјата да може да пристапи во НАТО, потег што би требало да биде одобрен есенва на референдум во Македонија и во грчкиот и во македонскиот парламент.
 
Секој следен вооружен конфликт во Македонија, ќе се пренесе на цел Балкан. На Русите, Србите и Грците не им одговара поделена Македонија.

Сигурно не му одговора поделена Македонија, ама поделена Србија прифаќаат :)
 
Aко една граница на балканот се чепне, се отвора пандорината кутија. Ако Србија добие дел од Косово, Косово и Албанија ќе лапнат дел од западна Македонија и компензацијата на наш грб ќе биде. Така да не се радувајте мн за руската поддршка на Србија во врска со спорот со Косово.
 
Пандорината кутија е отворена во 90тите години од 20 век... касно е сега да мислиме на тоа...
 
Aко една граница на балканот се чепне, се отвора пандорината кутија. Ако Србија добие дел од Косово, Косово и Албанија ќе лапнат дел од западна Македонија и компензацијата на наш грб ќе биде. Така да не се радувајте мн за руската поддршка на Србија во врска со спорот со Косово.
И да не се чепне ниту една граница на Балканов, со ова темпо (капитулацијата од Преспа>двојазичност>федерализација>отцепување) западна Македонија и де јуре оди курбан. Де факто е отидена.
 
Ниедна граница на Балканот од 1990 година не е чепната.

Само се подели СФРЈ на републики и покраини, без промена на граници.
 
Ниедна граница на Балканот од 1990 година не е чепната.

Само се подели СФРЈ на републики и покраини, без промена на граници.
Не бе, боже сачувај, немаше промена на граници... од една испаднаа седум држави...
 
Не бе, боже сачувај, немаше промена на граници... од една испаднаа седум држави...

Да ама ниедна внатрешна граница на СФРЈ не е променета во моментов.

Тоа не значи дека нема да се промени. Затоа што Балканот секогаш бил во војна, освен кога бил интегриран во друга поголема држава.
 
Да ама ниедна внатрешна граница на СФРЈ не е променета во моментов.

Тоа не значи дека нема да се промени. Затоа што Балканот секогаш бил во војна, освен кога бил интегриран во друга поголема држава.
Од Србија е одземено Косово...
 
Па нема, тоа се истите АВНОЈ-ски граници потврдени и ревидирани со Уставот од 1974, ништо не е променето.
Променет е етничкиот состав на населението во тие граници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom