Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај, чекај, пред да продолжиме. Значи секоја информација што ја кажа досега беше неточна?

10 милијарди потрошени од септември годинава - неточно.
210 за 3 недели во 2008 - неточно.
Достави ми дата за неделно поедниечно во 2008 па ќе го сумираме и ова.




Е сега ајде ти кажи ми. Како ќе одредиме дали е панично или не?
Ете ги параметрите ги одредивме.


Септември/Ноември 2014 потрошено 28 билиони така?
Септември/Ноември 2008 потрошено 85 билиони така?[DOUBLEPOST=1418931579][/DOUBLEPOST]
Очигледно е дека има прелевање, се финансираат другите сектори преку буџетот.

As of 2012 oil and gas sector accounted for 16% of the GDP, 52% of federal budget revenues and over 70% of total exports.

http://en.wikipedia.org/wiki/Economy_of_Russia


Што се однесува до кризата 2008, други се причините за таа криза целиот свет беше погоден. Русија полесно ја надмина од другите поради нафтата и гасот.
Била под шпекулативен напад но за кратко и потрошила многу од девизните резерви. Сега токму тие приходи се намалени.

А за крахирање, зависи што подразбираш под тоа, но дека се во криза никој не негира, дури ни Путин во денешниот говор.

Се согласувам, но далеку е и од паника дека Русија утре ќе прогласи дифолт.
Или дека безглаво ги троши девизните резерви.
 
Тешка зима имаат русиве, уште потешко ќе им биде. Какви шпекулативни напади во серија ги дрмаат. Централната банка ќе ги потроши резервите, паниката меѓу граѓаните за штедни влогови ќе се зголемува секој поминат ден и ќе добијат и галопирачка инфлација.

Дали конечно Путин ќе замине од сцената после овие настани е поинтересно прашање. За другово веќе е лесно превидливо дека загубите на Русија ќе бидат големи.

Секогаш во овие битки Путин вадел џокер од ракав, купуваше злато не му успеа ни таа стратегија. Што следно ќе направат да видиме.

Греота за народот што го ставаат во една клинч ситуација каде може да изгуби се што стекнале со години.
 
@leandra не сметнувај од ум дека истото ова сценарио беше искористено за да се докусури СССР. Не верувам дека сето ова денес што се случува не е предвидено, и планирано од двете страни.

Мало потсетување:
http://en.wikipedia.org/wiki/1980s_oil_glut

Од западна перспектива:
http://www.telegraph.co.uk/finance/...-new-Cold-War-with-Putin-just-ask-Reagan.html


Како што кажа, ќе видиме кои ќе бидат следните потези.
СССР реагираше со продавање на златните резерви (во надеж да ги издржат годините на дампинг ниски цени). Лоша тактика со која банкротираа.
Денешнава Руска Федерација не продава злато, туку активно купува и во последниве неколку денови.
Освен тоа, тука е и договорот за подршка со Кина, договор направен токму за взаемна помош во случај на напад на ликвидноста на нивните две валути, рубљата и јуанот (подетално).

И да, штета за народот... ама да не заборавиме кој всушност им го прави ова, и дека секој има право да се брани кога е нападнат.
 
Јасна е меѓународната сцена, Русија во овој облик со оваа политика не одговара никому. Планот е секако економски да ја уништат за да избијат поделби и нови пазари. Играат на карта инфлација, Русија стагнираше овие изминати години благодарение на Путин. Нема економска сила Русија да се бори против, премногу силни играчи има наспроти кои одат по цена на нова рецесија али инфлација сигурно ќе има во Русија. По она што читам најавите започнаа пред играва со Русија дека се очекува рецесија во еу зона следна година. И автоматски почнаа да се подготвуваат за тоа сценарио.

Мој личен впечаток е дека Русија нема да издржи економски во оваа битка. Она што би сакала вас да ве прашам е на што територијално би се поделила Русија освен Чеченија? Дали има некој друг (пазар) дел што би се отцепил?
 
Стотици народи живеат во РФ (иако во голема мера се асимилирани), кој ќе го знае колку од нив би посакале независност кога некој како САД би им понудил „нешто што не се одбива„...

Иначе рецесија во ЕУ мора да има.
Почнаа со негативни камати во банките, балоните веќе се пренапумпани а прекинот на трговските односи со Русија уште повеќе ја дебалансира работата.
И не само рецесија во ЕУ, во цел свет. Погледај ја инфлацијата во сите земји што некако живеат од енергетски ресурси.
 
Мое мислење е е дека сево ова се случува поради заграбување на евтини ресурси. Шкрилците не спаѓаат во оваа група. Борбата сега на светскава сцена е сите волци ќе се ранети кој ќе падне прв тој ќе го јадат. Америка е зависна од евтини ресурси без тоа неможе да просперира. Кина и Јапонија се зависни од секакви ресурси. Русија ги има овие ресурси ама и фалат многу други работи. Ќе ја притиснат од сите страни или ќе издржи или ќе ја распарчат. Незнам Кина каква позиција ќе завземе бидејќи освен западните пазари потребни и се и ресурси за да ги створи тие добра за пласман на запад така да мислам дека ќе биде неутрална малце ваму малце таму. Во секој случај се игра многу опасна игра која може да резултира и до директен судир.

Едно е сигурно рецесиите и монетарните политики се релативни се менуваат но ресурсите се движат во еден правец а тоа е трошење а светот е жеден за западен систем на масивно трошење епа за сите нема место.

Не ми е јасно сега со ОН случувањава дека ќе го отпишеле Хамас/ Хезболах од терористичка организација или како закана за што Израел жестоко реагираше. Дали му вртат грб на Израел или да добијат симпатии од Иран останува да видиме
 
Нема никакво распарчување да има..Промена на власт или уништување на влијанието.Не им треба вајда нестабилна земја со огромен број на нуклеарки...
 
Јасна е меѓународната сцена, Русија во овој облик со оваа политика не одговара никому. Планот е секако економски да ја уништат за да избијат поделби и нови пазари. Играат на карта инфлација, Русија стагнираше овие изминати години благодарение на Путин. Нема економска сила Русија да се бори против, премногу силни играчи има наспроти кои одат по цена на нова рецесија али инфлација сигурно ќе има во Русија. По она што читам најавите започнаа пред играва со Русија дека се очекува рецесија во еу зона следна година. И автоматски почнаа да се подготвуваат за тоа сценарио.

Мој личен впечаток е дека Русија нема да издржи економски во оваа битка. Она што би сакала вас да ве прашам е на што територијално би се поделила Русија освен Чеченија? Дали има некој друг (пазар) дел што би се отцепил?

Па незнам дали и воопшто има некаква шанса некој да се отцепи. Обично тие што пробале да се отцепат, завршиле со сменет личен опис.
 
Нема никакво распарчување да има..Промена на власт или уништување на влијанието.Не им треба вајда нестабилна земја со огромен број на нуклеарки...
Па во економска смисла мислев распарчување или ете да кажеме нешто како приватизација на ресурсите. На наикој не му стиска нуклеарна калакурница влогот е преголем сите губат.

Цената на нафтата ќе паѓа краткорочно можеби неколку месеци после ќе се врати во нормала.
Геостратешката економија е краткорочна само за остварување или проба за остварување на некои цели и крај
 
Јасна е меѓународната сцена, Русија во овој облик со оваа политика не одговара никому. Планот е секако економски да ја уништат за да избијат поделби и нови пазари. Играат на карта инфлација, Русија стагнираше овие изминати години благодарение на Путин. Нема економска сила Русија да се бори против, премногу силни играчи има наспроти кои одат по цена на нова рецесија али инфлација сигурно ќе има во Русија. По она што читам најавите започнаа пред играва со Русија дека се очекува рецесија во еу зона следна година. И автоматски почнаа да се подготвуваат за тоа сценарио.

Мој личен впечаток е дека Русија нема да издржи економски во оваа битка. Она што би сакала вас да ве прашам е на што територијално би се поделила Русија освен Чеченија? Дали има некој друг (пазар) дел што би се отцепил?
Инфлацијата, или барем покачувањето на цените на храната е кривица на Путин со неговото ембарго. Барем на кратко додека се пополни пазарот. Абсолутно е јасно дека нема сила Русија да се бори против западот, сама и во случај кога другите Брикс земји само ќе ги тапшаат по рамо а не застануваат цврство зад нив. И на Путин му е јасно дека не може вака и затоа притиска најмногу за мир, додека сите други сакаат војна во Украина. Малце и си го бараше пошо ги разгневи американциве ама дел е чиста агресија кон Русија, со голо око може да се види од вселената, освен врабец и компанија секако.

И најбитно, она што е како солза јасно, најверојатното сценарио на пролет, у стил кад је бал нек ја маскенбал, а тоа е војна. У стилот на Порошенко, земјата у банкрот, нема пари, lets have a war.

Нема друг излез, кога веќе не можеш да вратиш економски мора да ги развлечеш мускулите, literally.

Распарчување и расцепување на сон само. :)
 
Ете тоа е трол мој драг, форумски колега. Штета што модераторот е на твоја страна, па не интервенира на пријавите.

Интересно, како мислите дека ваквите клевети треба да поминат незабележани? Нарочно гледам на листата затворени пријави во Декември, не гледам дека си имал некаква забелешка.
Јас имам свој став и немам намера никому да му удоволувам ниту да глумам неутралност. Дури и ако треба да избирам меѓу правото на сопствено мислење и извршување на виртуална функција, со задоволство ќе прифатам да ми биде вратен статусот на обичен член.
Ако некој мисли дека споделил суштински значајна содржина на било која тема која неправедно му била избришана нека поднесе жалба на соодветната тема, јас немам проблем да ја приложам целата содржина одново и да се преиспита мојата одлука.
Меѓутоа, што имам јас од тоа доколку се покаже дека сум бил во право? Ајде да го подигнеме влогот и секој да понесе некој вид последици за лажните обвинувања.

Во спротивно, ќе има постојано злоупотребување на репутацијата на модераторите кои не се допадливи на одредена мала група која цел форумски живот го посветува само на 2 или 3 теми и се однесуваат толку арогантно небаре се недопирливи или којзнае колку допринеле до квалитетот на форумот, во однос на луѓето кои овде несебично придонесувале со години и години. Не заборавајте дека форумов забележува константен пораст за разлика од многу други кои едвај преживуваат и сезонски или наменски се појавуваат и снемуваат. Многу други форуми се обиделе да воведуваат “0“ забрани и да оживуваат контроверзни/сензационални теми само за да привлечат лакоми корисници. Нас тоа не ни треба, не сме дрчни за билдање статистика и подпросечна дискусија. Постојат одредени стандарди веќе со години и тие треба да се додржуваат.[DOUBLEPOST=1418944903][/DOUBLEPOST]
Е ако де, нека пропаднат и овие, важно е да имаме поефтина нафта, што би дошло дека за другите сектори од економијата е благодет ниска цена на енергенсите. Ние немаме нафта така да нема зошто да ги жалиме овие Западниве или Руските монополи.

Превземањето на бизнисот преку привремено одржување на нереално ниски цени со цел да банкротира конкуренцијата, е манипулативна корист, која ќе биде тродупло наплатена од нашиот џеб во моментот кога ќе се постигне целосно превземање на пазарот.
Размисли уште еднаш дали не сме засегнати со тоа што се случува.
 
Последно уредено:
Цената на нафтата ќе паѓа краткорочно можеби неколку месеци после ќе се врати во нормала.
Зависи што се имаат договорено. На Саудиска Арабија и одговара и ниска цена, тие имаат најголеми резерви нафта (и ефтини трошоци).

Еве во 1985та кога ова му го правеа на СССР, колку време се задржа цената доле:
Nominalrealoilprices1968-2006.png
 
Дали конечно Путин ќе замине од сцената после овие настани е поинтересно прашање. За другово веќе е лесно превидливо дека загубите на Русија ќе бидат големи.
.

Путин ќе замине на одмор, ќе дојде нов човек да ја игра неговата улога. Загубите се прашање на ризикот до кој може да се оди, доколку се процени дека нема што повеќе да се ризикува и се подигне влогот од руска страна тогаш нема да биде лесно за Европа. А веројатно тоа е скриената цел на САД, взаемно да ги ослабне конкурентите, за да ја одржи доминацијата која реално сериозно е разнишана.


Интересно е што Турција е исто така валутно нападната како и Русија, но никој засега не дига врева за тоа.
 
Е сега тоа со каматните стапки на 17% е малце зезната работа. Кога економијата расте расте и инфлацијата а со тоа и каматите за да го забават растот а со тоа и инфлацијата (ако има брз раст) Високите стапки како оваа од 17% ги зголемува трошоците за позајмување а со тоа ја намалува потрошувачката и инвестициите. Леандра е во право ќе предизвика голема инфлација. Америка во 1990 имаше 15% стапка и влезе во рецесија.Генерално правило ако има раст на инфлација 1% мора каматите да пораснат за 1,5 %. Ако економијата е во полна пареа високите камати ја намалуваат инфлацијата а ако е ранлива економијата тогаш генералниот производ е сигурна рецесија. Проблем број два Русија е економски интегрирана во ЕУ. Германија има околу 6000 компании во Русија и плус уште неколку илјади од цела ЕУ. Влегувањето на Русија во рецесија ќе ја повлече и цела ЕУ. Исходот ќе биде катастрофален за некои членки кои веќе си имаат мака. Шпанија, Франција (тотал веќе страда) итн..[DOUBLEPOST=1418945812][/DOUBLEPOST]
Зависи што се имаат договорено. На Саудиска Арабија и одговара и ниска цена, тие имаат најголеми резерви нафта (и ефтини трошоци).

Еве во 1985та кога ова му го правеа на СССР, колку време се задржа цената доле:
Nominalrealoilprices1968-2006.png
Сега немаат толку време да му го прават тоа на Русија многу работи се сменија во последниве 15 год. И Саудиска Арабија е многу пожедна за пари од пред 20 години. Освен песок и нафта ништо немаат друго. Песокта не носи ништо така да и покрај ниската цена на производство која сигурно не е толку ниска како пред 20 год тие многу повеќе од русите зависаат од таа нафта за основни потреби. Храна, десоленизација на вода итн. Арапите кога ќе им снема нафта ќе се вратат на номадски живот. Не е створена таа парче земја за рајска градина.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom