Само ти давам совет да си ја разнообразиш палетата на медиуми ако сакаш да ја разбереш внатрешната политика на САД, а не да се затрчуваш со еден и да сметаш дека е апсолутна вистина.
И самото тоа што на секое повторуваш Барак Хусеин Обама е бесцелно. Барем за Савиџ е јасно дека со тоа сака да инсинуира и да го претстави Обама како скриен муслимански комунист; нели пошто Обама не сака да фрли тактичка нуклеарна врз Иран т.е да го оствари сонот на секој еврејски лобист. Напротив, Обама преговара со Иран, што е смртен грев.
Него прашање е зошто и ти го користиш истото? Сметаш дека Обама е муслиман? Евреин си? Која е причината?
Хехе, фала ти за прашањата на крајот.
Го именувам со името Барак Хусеин Обама бидејќи тоа е неговото целосно име и нема ништо лошо во тоа, особено ако се земе во предвид дека неговиот биолошки татко и неговиот очув биле муслимани по религија.
Не знам дали е муслиман, но знам дека бил израснат од муслиман и несомнено има наследено некои од исламските учења и обичаи кои можеби - ама само можеби - придонесуваат за неговата политика кон Израел - кого јас го поддржувам бидејќи е единствена демократска држава на блискиот исток, а не бидејќи Мајкл Севеџ го поддржува или бидејќи и самиот Севеџ е Евреин.
Не, јас не сум Евреин, по националност сум Македонец, а по религија сум православен христијанин. Но и Евреите ги сметам за луѓе и не оправдувам ниту една држава или движење кое повикува на истребување на Евреите или било кој друг цивилен ентитет, вклучувајќи ги и Иран и неговите потрчковци Хезболах и Хамас.
Лесно е да нејќеш една држава или една нација, погледни не нас Македонците, колку ги сакаме, односно ги нејќеме нашите соседи, а колку па тие не сакаат нас, односно колку не нејќат. Но друго е да мразиш една држава или една нација и да повикуваш на нејзино истребување. Барем засега ниту една од државите со кои Македонија се граничи не повикала на истребување на Македонците, како што тоа го прават Иран и Хамас кога повикуваат на истребување на Евреите, но нели подобро е да се спречи отколку да се лечи, па од тука самото давање легитимитет на Иран со преговорите околу неговата нуклеарна програма - која и понатаму функционира со полн капацитет - не е баш во корист на мирот.
Зошто баш Барак Хусеин Обама не треба да го оставиме да диши на раат ?
Па затоа што човекот има премногу моќ во своите раце и повеќе од јасно е дека ја користи на деструктивен начин.
Погледни го неговото спасување на банките - истите банки кои придонесоа за светската економска криза од 2008 година со тоа што одобруваа кредити за кои однапред знаеле дека ќе бидат нефункционални.
Еден мал Исланд ги испоапси банкарите и политичарите кои го доведоа до банкрот, а им ги врати заштедите на своите граѓани, за разлика од САД, кои наместо да ги спасуваат сопствените граѓани, ги спасија банките, а како што можеш да видиш од линкот кој ти го испратив претходно, ваквата политика не придонесе баш за подобар живот за обичниот американски смртник.
http://www.usdebtclock.org/
После јануари 2017, Барак Хусеин Обама нема да биде повеќе важен и ќе има друг лажливец и лицемер кој ќе биде сместен во Белата Куќа на авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон - главниот град на САД - и на него ќе му дојде редот за да не го оставиме да диши на раат. Веќе се шпекулира дека изборот на наредните редовни претседателски избори кои треба да се одржат во ноември 2016, ќе биде помеѓу Џеб Буш или Хилари Клинтон - и двата ужасни избори ако се земат во предвид политиките на тате Буш Постариот и бате Буш Помладиот и политиките на Биле додека беше претседател на САД во 1990-те години и на Хиларито додека таа беше државен секретар за состојби на САД.