Вид вака не можам да знам што има во твоја глава се обидувам од она што го пишуваш да претпоставам и за сега заклучувам дека не си далеку од Црпе (додека го дишам овој воздух ..... - името мора да го смениме) или Трамп (Украина мора да размисли да отстапи територии.... - Украина може да ја порази Русија и да заработи уште...) па така прашањето е што Русија велиш тигар јас велам од самиот почеток Мечка.Мора да се земе во предвид и твојата капацитираност за селективно читање.
Никој не вели дека Русија е „хартиен тигар“ туку јас би рекол дека е гласен тигар во кафез.
Кога не можеш да излезеш надвор без да ти се сруши економијата, без да ти избегаат мозоците и без да ти гори задниот двор, тогаш не си страшен, туку заробен.
А што се однесува до НАТО, па токму тоа е поентата: силата е во тоа што не мора да војува директно.
Кога некој троши милијарди, а ти само испраќаш помош и тој сѐ уште не победил тогаш вистинскиот победник не е на фронтот, туку во стратегијата.
А за економијата, да, Русија „стана четврта“, ама само ако ги броиш и танковите како БДП.
Кога граѓаните живеат полошо, а бројките растат, тоа не е економија, туку статистички ботокс. Иначе џабе им беше и скапаните војници од северна кореја, изгинаа како муви во Украина.
Околу економијата, ајде уште еднаш: Дали руската економија и покрај војната и санкциите опстана и покажа РАСТ?
Да или Не?
(значи тенковите и целата наменска индустрија не се брои се бројат само телефоните

Ако пак мислиш на тоа дека 11 часовна земја може подеднакво да има развиени подрачја и стандард во сите 11 часовни зони, тогаш немам што да разговарам (Македонија има 1 часовна зона и повторно има региони кои се разликуваат во својот развој).
Аха, ова е она што од самиот почеток го пишувам, а тоа е дека ОТАН не војувал директно ами преку прокси и ако проксито ја изгуби војната тоа не значи дека војната ја изгубило ОТАН, ова го тврдиш нели?
Еве сега има најава дека Трамп-САД дозволил а можеби веќе и доставил софистицирани ракетни системи во Украина со кои ќе може да се гаѓаат цели во длабочината на РФ, е ако познато дека тие ракети користат ВОЕН ГПС и ако познато дека посада за нивна употреба може да биде исклучиво америчка дали и тогашш ќе тврдиш дека ОТАН-САД не војува директно ? ?
А моето мислење е дека при првата употреба на овие системи сателитската мрежа нема да постои, па да почекаме и ќе видиме што е што.
И едно моронско мислење кое не го очекував скапаните војници од северна кореја со што заслужија вака да ги нарекуваш, надвор од теритпоријата на РФ не водеа операции туку исклучиво на руска територија, што толку ти смета кај нив?
Ако овие војници кои беа испратени од држава таму вака ги нарекуваш како ги нарекуваш силните платеници и советници од западната империја кои учествуваат во убиивањето на Руси не само во овие 4 региони ами влегоа и во Курск, какво име ним ќе им дадеш?
Но, гледам дека пласираш одредена русофобија и како што се одвиваат работите можеби ќе имаш прилика да одиш и ти на Источниот Фронт и своите зборови ги украсиш со дела.