Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Гледам дека пак сте почнале со рафална паљба!
И не мис е верува еј!
Лигуши невидени!
Вие не знаете што е глад, што е да немаш кај да одиш, да не знаеш за прегратка, за креветче, за родителска насмевка!
Тие деца се „пораснати“ од родители што го минале нивниот пат. Какво ќе биде тоа дете утре како родител, кога нема ништо доживеано освен најпримитивните нагони и голата борба за живот.
Сте сретнале ли некогаш Ром во поодминати години? Не. Умираат млади, оти таквиот начин на живот има своја цена!
Знам дека со 10 денари си ја перам совеста, ама тие што не даваат пари, зашто демек го поттикнуваат питачењето со тоа, тие со тоа си ја перат совета, само што имаат 10 денари плус во џебот.
Знам дека тоа е проблем што треба да го реши државата, јас сама не можам. Ама најбитно е да се промени свеста кај сите.
Ги гледам коментарите и не можам да поверувам колку се нема сочувство за тие деца!
Каде се тие што протестираат на денот на толеранцијата? Или само припадниците на ЛГБТ-групите се „ИН“, па само за нивните права се протестира?
Секој од вас се расплакал кога ја читал Андерсеновата бајка „Девојчето со ќибритчињата“. Погледнете и видете колку такви деца има околу вас. Ако ви е полесно да сочувствувате со лик од букви, тогаш во вас е проблемот.
Ај ако не да станеме сите Мајка Тереза. Знаеш колку други место да се образуваат и да си најдат работа ќе се фрлат на картата питачење? Преполни ќе се улициве со такви. И тоа па ако не ми дадеш ќе те плукнам? Пази молимте. Како да изреагираме на таков? Да му дадеме да не плукне? Ја мајката. Еднаш на Рекорд додека чекав бус за дома едно такво Ромче ми вика дај ми пари да си купам за јадење и тоа 5 минути вака непрекинато ме молеше. И му викам ај ќе ти дадам, ќе влеземе во Жито Лукс (на Рекорд тој што е), ќе ми кажеш што сакаш да јадеш и да пиеш и ќе ти купам. Можете да претпоставите што одговор ми даде


Во средно со мене учеше едно дете кое беше Ром. Немаше многу пари плус го изгуби татко му некаде во втора година. Но тој беше одличен, учеше, се трудеше, сите предмети му беа 5.. По хемија можеше часови да држи на цел клас. Преку лето си наоѓаше работа и си заработуваше плус и земаше стипендија за Ромите зошто беше одличен, но заслужена стипендија.
Кога може тоа дете да биде меѓу најсолидните ученици во генерација, и тоа Ром и да си зема стипендија и да работи преку лето, можат и другите. Поготово со денешните бенефиции во образованието кои ги имаат тие. А не, се научиле со питачење пари ќе правиме, прати ги децата на улица, ти дреми дома. А за свадби кога ќе дојде период, недела дена музика и славење. Ако се фрлиме сите да питачиме, кој ќе треба пари да ни дава?