Рокенролот не е мртов, барем ние како бенд се трудиме во Македонија да не дојде до тоа, можеби да издавачките куќи повеќе ги интересираше идеја или подигање на свест,сеуште рок бендови ќе имаше и наместо продавање еротика (што очигледно повеќе се продава отколку музика) сеуште денес ќе гледавме концерти и ќе слушневме нови изданија и албуми..
Во Македонија постојат многу рок бендови кои се трудат да се пробијат на "сцената" но телевизиските медиуми сепак промовираат и пуштаат спотови и не трујат со неквалитет..
Не се работи можеби за тоа дека нема квалитетни бендови и денес нема добра музика, туку можеби издавачките куќи,телевизиите,и сите медиумски тела сфатиле дека повеќе "се пали " публиката т.е. "аутистичкиот аудиториум" на слика, на ниски страсти, отколку на добра музика..
И тоа е добар маркетинг но дегутантен според мене. Вредности кој му требаат? Дај таму нека се тресе нешто, да исплакне народ очи

Шо ќе слушам ја животни филозофии

Сфатиле многу добро дека на човекот денеска му е битно да се најаде,напие,отспие после работниот ден и повремено да "поопшти" малку со неговата "подобра половина"

И што мајка му се рок бендови кои што ќе шират некаква свест,некаква револуција - боље да ги заќутиме - не им треба на ниедна држава носители на авангардни идеи -
Бидејќи сме бенд од Македонија и конкретно се бориме како бенд да не замре рокот во Македонија - повелете чујте нешто од нас:
Revoltmkd - Opstanok