Родителите по дискотеки ќе ги „ловат“ децата

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталкерот
  • Време на започнување Време на започнување
Хаха, за да дојдат родителите до диското, ќе мора да ја паркираат колата на зонско/платен паркинг, and there it is (y)
 
А да ја викнат и класната со стапче да дојде и со дневник? И кога има журки нешто, карневали пиво фестови и слично родители соберете се во поголем број ЈСП Скопје со двокатен автобус ќе ве однесе до Прилеп, Струмица, Охрид...ете ти плус едно вработување на шофер и најекономичен превоз:D Абе да се чуди чоек од колку се МАЛОумни:facepalm: До кога бе упм????
 
Не ми е јасна поентата на оваа работа.
Што сакат да покажат или постигнат?
Колку системот и законите не чинат?
Како родителите и државата немаат никаква контрола врз младината?
Дека потфрлиле во воспитувањето?
Или само очајна мерка за да им проработи совеста на тинејџерите пошто сите други воспитноедукативни мерки на државата и родителите закажале.
Се си мислам дека чим стигнале на ова ниво работата е повеќе од очајна.
Да одам со полиција за да видам што прави и со кој се дружи детето. Па веќе ако прави нешто недозволено нека го соберат во внатрешни, што им е работа, за што земаат плата. Од таму јас ке си го приберам, да не морам да акам како ненормален по дискотеки и паркови.
 
Хаха, за да дојдат родителите до диското, ќе мора да ја паркираат колата на зонско/платен паркинг, and there it is (y)
Или ќе побараат Цајците да ги приберат од дома и да ги возат во Крајслерот. And now its gone.:icon_lol:
Мислам сериозно, дали некој ја разбра поентата на акцијава?
 
Е да де, само што ако газдата е преродбеник стапот ќе го јаде родителот (кој не е) и проблем ресолвед!Кај к*р си го пуштил син ти таму бе?!?
Ти се глупираш или така си роден, во секоја земја каде ние се стремиме е така, прашај другарчиња како е во САД, ако немаш лична карта, а изгледаш помладолико иако имаш 30 години ти ја зема пијачката и ја истура во водник
 
Да одам со полиција за да видам што прави и со кој се дружи детето. Па веќе ако прави нешто недозволено нека го соберат во внатрешни, што им е работа, за што земаат плата. Од таму јас ке си го приберам, да не морам да акам како ненормален по дискотеки и паркови.

Најголема трагедија е што нема да те однесат кај твоето дете туку кај некои други.Пред некој ден на вести гледав и препознав 2 жени кои одеа со полицијата но не кај нивните деца туку кај рандом друштва собрани во парк.
 
ц ц ц ц бруки
ако толку се сомневаат во своите деца односно во воспитувањето кое им го дале - тогаш нека си ги затворат дома и нека си ги гледаат ќе им бидат цело време пред очи - оти ова неводи никаде и е само глупирање на жен)ите кои излегле да се расшетаат и да се снимаат, а и срам за децата е
сево ова е смешно односно повеќе е јаааааааадно и треба под итно да престане
 
Леле тие деца чии родители ги имаше на телевизија во врска со акцијава ќе јадат ремет ненормален.

Идејава е ОЧАЈ

Кога видов дека ја прават прво во парк одма ми е јасно зошто ја правеа.Пари од пиење во парк нема али кога пиеш во клубовите на нивни другарчиња тогаш има.

Али по другиве градови не знам што прават.
 
Најголема трагедија е што нема да те однесат кај твоето дете туку кај некои други.Пред некој ден на вести гледав и препознав 2 жени кои одеа со полицијата но не кај нивните деца туку кај рандом друштва собрани во парк.
Најголема трагедија е што им се одзема право на шамари и на полицајците и на наставниците, и што можат да направат и полицајците и родителите ако си ги видат децата ???
Мислиш има таква сила што ќе може да им нареди не правете го тоа????
Барем порано колку толку шамарите страв држеле, сега се испуштени од раце. И што ако некоја кокошка не си го пушта девојчето да испаѓа до 18 години, тоа може да почне да се дрогира и да пие на 23, не е тоа проблемот.
Најдобар пример го читав на Леонардо ди Каприо, кога заедно со своите родители пушеле трава на негови 15 години и тогаш сфатил дека тоа не е некоја закон работа, како што се кажува меѓу младите во неговото опкружување, а ако пушел со негови врсници тешко ќе биде да каже дека и не е некоја закон работа, заради можноста да биде отуѓен од друштвото.
 
Таа плавата мајка што збореше пред камери во Скопје како да е и мајка од Источна Македонија. Како да ја видов кога беа во Штип или Кочани.
 
Најголема трагедија е што им се одзема право на шамари и на полицајците и на наставниците, и што можат да направат и полицајците и родителите ако си ги видат децата ???
Мислиш има таква сила што ќе може да им нареди не правете го тоа????
Барем порано колку толку шамарите страв држеле, сега се испуштени од раце. И што ако некоја кокошка не си го пушта девојчето да испаѓа до 18 години, тоа може да почне да се дрогира и да пие на 23, не е тоа проблемот.
Најдобар пример го читав на Леонардо ди Каприо, кога заедно со своите родители пушеле трава на негови 15 години и тогаш сфатил дека тоа не е некоја закон работа, како што се кажува меѓу младите во неговото опкружување, а ако пушел со негови врсници тешко ќе биде да каже дека и не е некоја закон работа, заради можноста да биде отуѓен од друштвото.
Не не какви шамари каков ќотек. Со децата со арно и со зборање треба да се разбериш. Со ќотек никако па ако треба на глава нека ти се качат.
Е после ке ги бараат со полиција, е ке ги бараат.
 
Не не какви шамари каков ќотек. Со децата со арно и со зборање треба да се разбериш. Со ќотек никако па ако треба на глава нека ти се качат.
Е после ке ги бараат со полиција, е ке ги бараат.


А да земат сами да си ги воспитаат родителите децата.Професорите служат за образување а полицајците за спроведување закони а не да ги воспитуваат децата на некој немарни родители.

Во секој случај ако сакате да ви ги тепаат некое трети лица децата тоа е ваш проблем.
 
А да земат сами да си ги воспитаат родителите децата.Професориет служат за образување а полицајците за спроведување закони а не да ги воспитуваат децата на некој родители.

Во секој случај ако сакате да ви ги тепаат некое трети лица децата тоа е ваш проблем.
За жал ни родителите не смеат, а не пак професорите или полицајците.
Инаку тоа за професорите и полицајците грешиш, нивна улога не е само таа што ја наброја туку и оформување на младата личност а не пренос на информации ( професорите) и спроведување на законот( полицијата). И тие треба да бидат дел од воспитниот систем, ама пошто не се сега ке гледаме вакви глупости, Така да незнам што се чудиш.
Јас како тинејџер памтам имавме еден реонски полицаец( ти изгледа си премногу мал за да ги памтиш реонските) кој да видиш чудо едно како реонот го држеше мирен и стабилен без да има поголеми инциденти и други тинејџерски глупости.
Ај ке скратам, тој не прашуваше многу многу. Делуваше превентивно. А и да се направеше некоја беља за ден два максимум три се знаеше кој ја направил. Можеби не е демократски ама беше барем сигурно, а не ко сега.
 
И која е поентата, ако некој сака да пие, да се издрогира, да се изе**, ако не денес, утре сигурно ќе го направи. И која е таа улава мајка да иде да си ја/го брука ќерката/синот, само мене ли ми мириса ова на партиски турет синдром пред избори...мхмхмх
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom