Родителите по дискотеки ќе ги „ловат“ децата

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталкерот
  • Време на започнување Време на започнување

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
e7ecc79e-99fd-43c0-b190-be00cc4bd01b


Родителите водени од полицајци викендов во Куманово, Штип и во Струмица, ќе ги контролираат децата по нивните збиралишта, кафулиња, летни дискотеки, паркови и училишни дворови, со цел да ги спречат да потпаднат под влијание на пороците.

Министерството за внатрешни работи преку одделенијата за превенција во секторите за внатрешни работи во Скопје, Штип, Куманово, Струмица, Битола, Велес, Охрид и Тетово преку проектот „Мешани патроли" (полиција и родители) со цел да се спречат ризиците од лошо однесување на младите.

Родителите ќе се анимираат и едуцираат околу потенцијалните ризици на коишто е изложена малолетната популација во летниот период во кој нивното слободно време е поголемо, а поинтензивно и нивното дружење по различни места како кафулиња, летни дискотеки, отворени простори како што се градските паркови, училишни дворови и сл.
http://makfax.com.mk/#2/287980/roditelite_po_diskoteki_kje_gi__lovat__decata

Пазете што правите вечерва, да не ве соберат старите.:icon_lol:

Шала на страна, што мислите за "акцијава"? Дали има потреба од истата? Дали ќе вроди плод?
 
Пази родител.
Ке го следи родителот преку GPS и ке те извести ако е на помалку од 250 метри од тебе за да имаш време да ја скриеш чашата.
 
Зашто мислите дека секоја можна тема треба да ја отворите во Општи муабети? Во последно време почна да се гуши подфорумот. Иако името е “Општи муабети“ има и други подфоруми на форумов каде што можете да отворите тема.

Префрлено во ЧДА.
 
Пази родител.
Ке го следи родителот преку GPS и ке те извести ако е на помалку од 250 метри од тебе за да имаш време да ја скриеш чашата.

Да се чаши во прашање, супер е. Лошо би било она... "шо прајте бабе ево се дрогираме ;)"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom