Роденден Препорака

  • Креатор на темата Креатор на темата mikie
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 јули 2017
Мислења
169
Поени од реакции
133
Скоро ми е роденден.
Вака обично мразам родендени, немам славено од 10 годинки.

Мислев некаде во кафана со неколку блиски пријатели во Скопје.

Препорака некое место каде што храната е добра а има млади не е се старци со пожутени бркови?
 
Ако ви е за провод Боними или Ветер и Магла, може и Рустикана или Сокаче.
Ако ви е за ручек подобро идете надвор од Скопје во некои од етно селава.
Ако ви е стрикно за ручек во Скопје можете Баба Цана на Водно или нешто малце подалеку Македонско Село во Нерези или Дома во Илинден.
 
Можеш во кафана ама не мораш. Може да пробате да се соберете дома кај тебе али тоа може да не бива, којзнае. Дома знаеш дека нема да имаш такви старци освен ако немаш старци со пожолтени бркови ама тоа е малку возможно бидејќи реално кажано нема опција и по кој повод би имале такви старци дом нели реално што знам може и да е подобро во некој ресторан јас знам има добри ресторани низ градов ама па ресторан е прескапо и може да биде многу ама не.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Мартини ти е топ за храна, секој по една вафла и пивце и таман. Има млади како што бараш има и што се собираат со резервирано да се почастат за нешто, сега не знам за буџетот што како дека и не се нешто многу ефтини цените. Не е кафана, туку ресторантче е , а ако бараш стрикно кафанче види тие на Боемска, кај Перо и компанија
 
Калабалак кај градски парк, солидно место.
 
Ние убаво сме си поминувале во Ганза на Боемска. Преку лето, приквечеина има жива музика, чичко еден со гитара и прекрасен глас...цените на храната и пиењето се пристојни (поевтино е од останатите на боемска) а храната е убаво приготвена.. домашно така.. и секогаш има млади луѓе околу тебе .
 
Скоро ми е роденден.
Вака обично мразам родендени, немам славено од 10 годинки.

Мислев некаде во кафана со неколку блиски пријатели во Скопје.

Препорака некое место каде што храната е добра а има млади не е се старци со пожутени бркови?
Јас би ти ја препорачал кафаната Деи Фратели. Храната е евтина, услугата е добра, атмосферата е предобра, петок и сабота има музика во живо, гостите се млади луѓе и нешто што мене многу ми се свиѓа е тоа што кафаната има осветлувања во боја. Одлично место е за млади луѓе кои сакаат добра забава и пријатна културна атмосфера:)
 
Деи Фратели ти е топ и јас сум многу задоволен, петок / сабота преполно со млади резервирај си 2 дена пред тоа имаш жива музика, за провод добар незнам др место
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom