Роберт Фишер

  • Креатор на темата Креатор на темата PloTwist
  • Време на започнување Време на започнување

PloTwist

...
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.428
Поени од реакции
27.684
Малку неконвенционално е да се отвораат засебни теми за поединечните спортисти (да, шахот е спорт), кои оставиле длабока (историска) трага, па дури и успеале да поместат одредени граници во посочениот спорт или спортска дисциплина, но лично сметам дека одредени маркантни ентитети, како Роберт (Боби) Фишер, заслужуваат свои теми.

Соперништвото помеѓу СССР и САД, во периодот на студената војна, не било само трката за освојување на вселената, туку и целосна воена, економска, политичка, технолошка, културна и спортска компетитивност, односно натпревар на секое можно поле.

Во светот на шахот, што бил спорт на интелектот, со децении доминирал Советскиот сојуз. Александар Алехин (лик кој е за степен поконтроверзен и од самиот Фишер), доминирал речиси две децении, односно од 1927, па се до 1946 (без 1936) година. После следува ерата на Ботвиник, Смислов, Тал, Петросјан и Спаски која трае неколку децении. За момент, макар на кратко, американецот Роберт Фишер ја прекинува советската доминација, каде го победува тогашниот светски шампион во шах, Борис Спаски. По Фишер, продолжува Советската (односно Руската) доминација со Карпов, Каспаров и Крамник.

Фишер е многу препотентен, инаетлив, самобендисан, асоцијален и крајно параноичен лик. Неговата неконвенционалност отишла до тој степен каде научил руски, шпански и српско-хрватски, со цел да ги разбира нивните шаховски магазини. Во однос на поконтроверзните негови ставови, а ги има во изобилие, е ставот за улогата на жената, како и отворениот антисемитизам, иако и самиот е Евреин.

Една од најпознатите партии на Фишер е неговата game of the century, која ја игра на 13 годишна возраст, каде ја жртвува својата кралица. Со оваа партија се лансира во светот на шахот:


Во однос на светското првенство во ша, по поразот во првата партија, Фишер одлучува да не се појави на втората и истата ја губи затоа што му истекува времето на часовникот. Неговите барање, во однос на камерите и публиката, се усвоени и повторно се враќа на масата. Еве еден од натпреварите (истиот драматично е прикажан и во самиот филм ставен подолу):


Доколку некој е заинтересиран, може да го изгледа и ова филмче, во кој солидно е претставен приватниот живот на Фишер и натпреварот со Спаски, па дури и следниот документарец „Боби Фишер против светот“:


Во 1992 година, во СР Југославија, по декади отсуство т.е. пауза од натпревари, го одигрува својот реванш со Борис Спаски. Со оглед на фактот дека овој период СР Југославија е под санцкии, а истиот е државјанин на САД, и поради неговиот отворен пркос кон санциите, има отворен налог за негово апсење. По ова никогаш повторно не стапнува на американско тло, истиот животот го продолжува во Исланд, каде и умира во 2008 година. Затоа државата, односно политиката, не смее да се меша во спортот! Фишер го победува Спаски во 1992 година.

Мене ме фасцинира пркосот кон Советски сојуз, јасно става до знаење дека соперниците играат тимски и јасно и отворено тргнува против целиот систем (нешто што подоцна ќе го направи и Каспаров во однос на фаворизирањето на Карпов). Потоа покажува и јасен пркос против политиките на својата држава, каде не се плаши ни од затворската казна. Не ги поместува своите црвени линии, макар и никогаш да не ја понесе титулата светски шампион. На идентичен начин и ја губи оваа титула, но повторно, не отстапува од своите граници.

Најмногу ме интересира анализата на неговите натпревари, па ќе споделам и една, со многу чудно отворање, каде се смета дека белиот е Фишер во овој натпревар против Шорт:
 
Да не дојде до недоразбирање, верувам дека повеќето го знаат како Боби (Bobby), нагалено од Роберт (Robert) неговите го викале Боби и од тука е и попознат во светот како Боби отколку неговото вистинско име.
Човекот е гениј и легенда во шаховскиот свет, но според мене руската школа доминира на полето на шахот поготово со имињата како Гари Каспаров и Анатолиј Карпов. Од моменталните велемајстори Магнус убедливо најдобар и според мене далеку подоминантен од легендарните Каспаров и Карпов.
Во секој случај риспект за Боби и неговиот придонес за оваа генијална игра.
 
Неодамна гледав едно добро филмче - Searching for Bobby Fischer од 1993. Иако не е директно за него, во голема мера е инспириран од неговиот живот и иако Фишер никогаш не добил финансиска надокнада од тој филм и тврдел дека не го гледал, сепак мислам дека не е лошо да го ѕирнете.
 
Фишер бил навистина паметен човек, има многу легендарни изјави. Воедно и го замразил шахот и сметал дека е тапа игра. Јас во потполност се согласувам со него. Како дете и јас како Боби сум го гледал шахот како игра на надмудрување, но сега кога знам каква е навистина состојбата ми е одмилен. Во главно луѓе на памет ги учат најдобрите отварања и комбинации и е изгубена секоја магија на играта, посебно сега кога компјутерите се навлезени во тој свет.
 
Неодамна гледав едно добро филмче - Searching for Bobby Fischer од 1993. Иако не е директно за него, во голема мера е инспириран од неговиот живот и иако Фишер никогаш не добил финансиска надокнада од тој филм и тврдел дека не го гледал, сепак мислам дека не е лошо да го ѕирнете.
Имам и рецензија за овој филм оставено на Летер:

Филм со огромно историско значење, излезен во период по настаните во СР Југославија, '92 година, каде Фишер го крши ембаргото и се наоѓа во егзил.

Надвор од историската генеза, два различни учители со два различни пристапи кои се наоѓаат на сосема различки страни на шаховскиот спектар. Едниот е класичен учител, позиционист, практикувајќи класични отворања и се држи со елементарните теории. Вториот игра за забава, користи психологија на дистракција и ужива во хаосот на таблата. Сплет на научна и улична школа, школи кои го поттикнуваат потенцијалот и го хранат духот.

Инзвонредна семејна драма, прикажана низ детските очи на Џош, раскажани од мемоарите на неговиот татко Фред.

„This is my reply!“


И од мене претопла препорака!
 
Мислам дека треба засебна тема и за железната тупаница на Советскиот сојуз поврзана со шахот, посебно приказната на Керес и светското првенство во шах 1978 година. Сепак од оваа школа произлегне најголемите и најзвучните имиња поврзани со шахот.

Белиот ловец на Фишер во полна пареа:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom