РК Алкалоид

  • Креатор на темата Креатор на темата Vardarecc
  • Време на започнување Време на започнување
Дај Боже оваа сезона да се појави и уште еден клуб кој би имал барем 70% од буџетите на првите 4 и уште појака да е лигата.
 
Дај Боже оваа сезона да се појави и уште еден клуб кој би имал барем 70% од буџетите на првите 4 и уште појака да е лигата.
Takvo nesto nema da se sluci vo narednite 20 godini,pobrgu nekoj od ove 4 ekipi da izdisi otkolku da se javi 5-ta
 
Беше ставено на чекање и кога Марко се повреди тие се откажаја од него

Не е сигурно уште, ама ке бидат топ играчи затоа што Кире разговараше со најдобрите ракометни агенти во европа
Што му текна на Кирца вака да мења плоча ? Нели ќе правеше парам парче со македонски играчи и дека тоа е единствено правата формула за напред. Исланѓанецот, Борзаш, Цехте, плус преговарал со јак агент за 4-5 нови странски засилувања. Ептен се држи до планот , нема што.
 
Сакат да се борат за титула, македонски играчи и 3-4 странци како металург што правеше на времето
 
Сакат да се борат за титула, македонски играчи и 3-4 странци како металург што правеше на времето
Па три странци веќе ги има и ако земе уште четири тоа е цела постава..каде е македонскиот проект тука?
 
Па три странци веќе ги има и ако земе уште четири тоа е цела постава..каде е македонскиот проект тука?
Кој е третиот странец? Да не го рачунаш драчевчанецот Кизиќ за трет странец :icon_lol:
 
Наредна сезона може да имаат и седум странци, сега засега се двајца
Па тоа ми беше муабетот, дека ќе го мења концептот во кој толку се колнеше и ги обвинуваше другите клубови за нивната лоша работа по тоа прашање. На крај он полека доаѓа на нивното , односно дека ако имаш амбиција за високи дострели и во МК и во Европа , мора да работиш на тој начин.
 
Со носењето на „квалитетни“ странци, а истите тие додека беа во Пелистер важеа за „неквалитетни“, полека но сигурно започнува процесот на губење на македонските играчи — токму оние во кои се колнеа и на кои им ветуваа дека ќе бидат столбот на тимот.

Ако продолжат со оваа агресивна кампања и со уцени кон играчите околу играње или неиграње за репрезентацијата, за неколку години лесно може да останат без своите клучни играчи.

Немам ништо против Алк, ниту против Киро, но навистина пречи мешањето и постојаното коментирање за работата на другите клубови.

Секој клуб има право, со сопствениот буџет, да гради концепт каков што сака и тоа е сосема легитимно. Но, за сопствените неуспеси не треба да се бара алиби во работата на другите, туку одговорност кај
себе.
 
Драма во вториот дел немаше, но има период за одбележување.
Алкалоид покажа сосема друго лице, особено во одбраната и им го сокри својот гол на бутелчани цели 19 минути!
За тоа време Алкалоид направи серија од 13-0 и во 49 минута беше 15-29.
 
Па тоа ми беше муабетот, дека ќе го мења концептот во кој толку се колнеше и ги обвинуваше другите клубови за нивната лоша работа по тоа прашање. На крај он полека доаѓа на нивното , односно дека ако имаш амбиција за високи дострели и во МК и во Европа , мора да работиш на тој начин.
Толку е моменталниот максимум со сегашниве македонски играчи, сe додека не произведат нови таленти од младинските категории и не "созреат" играчи како Дамјан Митев.
Јасно е дека целта е настап во Лига Европа, за репрезентативците да играат на повисоко ниво, но со силен Вардар, Охрид и Пелистер, прашање е дали ќе обезбедат пласман дури и во ЕХФ купот.
Засилувања од калибарот на Цехте, не гледам колку би направиле некоја разлика реално..
 
Не , него никад у Македонија во исто време нема да се склопи таков квалитет на ракометари кои ќе издоминираат во МК лига , а уште помалце во Европа. Убаво кажа , толку е максимумот.
 
Кога тоа не му успеа на Лино кој ги имаше на лагер репрезентативците од најдобрата генерација на Македонија во прајмот, Мојсо, Жути, Ацо и Велко одбрана, Гоце, Деки и т.н., заборавете дека со македонски играчи ќе може да се направи конкурентен тим да освои титула, а камо ли да е компетитивен во Европа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom