РК Алкалоид

  • Креатор на темата Креатор на темата Vardarecc
  • Време на започнување Време на започнување
Аман немој и ти.Секој играч кога упорно го форсираш и тоа во репрезентација станува незаменлив.А за пикерите нели се премногу.Па немој те молам 11 најдобрите т.е сите со исклучок на повредени играчи и странци.
Незаменливи сe додека не произведиме подобри од новите генерации, ако се крстиме во играчи како Атанасовски, подобро сите заедно да си закажеме термин за заедничко харикири и да му ставиме катинар на ракометот.
 
А кои се тие играчи на Тиквеш, Бутел, Пролет... кои не се земени. И на чие место би биле?
Атанасовски на пикер? Во ситуација кога првите двајца се неприкосновени, нормално е за трет да се даде шанса на некој помлад и надежен. Иако заслужува шанса.
Николов на десен? Дечкото нема никаква одговорност во играда.
Ајде ти кажими што бараат Гонов, Горгиевски, пикерот Стојанович па и дефанзивниот Младенович во репрезентација кога немаат квалитет ни за македонска лига. Зошто крилото Кузманоски е изоставен?
 
Ајде ти кажими што бараат Гонов, Горгиевски, пикерот Стојанович па и дефанзивниот Младенович во репрезентација кога немаат квалитет ни за македонска лига. Зошто крилото Кузманоски е изоставен?
Ај прво научи ги играчиве па после пишувај. Кој играчи ти се овие Горгиевски и Стојанович?
Младеновиќ веќе 2 години не е дел од репрезентација ако немаш забележано.

А Гонов како што го викаш ќе биде дел од репрезентација кој и да биде селектор, благодарен и корисен играч, покрива повеќе позиции, баш тоа што треба од ротациските играчи.

А исто изгледа немаш следено последниве два натпревари, па за твоја информација крилото Кузманоски играше и на двата меча имаше лоша реализација 3/7. Некој да не го знае ќе си речи Генсхајмер не е повикан…
 
Ова изгледа тастатурите во Битола погрешно ги спелуваат презимињата :icon_lol: иако овој горгиевски сеуште ми е енигма кој е;)
Автоматски споено мислење:

Ај прво научи ги играчиве па после пишувај. Кој играчи ти се овие Горгиевски и Стојанович?
Младеновиќ веќе 2 години не е дел од репрезентација ако немаш забележано.

А Гонов како што го викаш ќе биде дел од репрезентација кој и да биде селектор, благодарен и корисен играч, покрива повеќе позиции, баш тоа што треба од ротациските играчи.

А исто изгледа немаш следено последниве два натпревари, па за твоја информација крилото Кузманоски играше и на двата меча имаше лоша реализација 3/7. Некој да не го знае ќе си речи Генсхајмер не е повикан…
Ова изгледа тастатурите погрешно ги спелуваат презимињата :icon_lol: иако овој горгиевски сеуште ми е енигма кој е;)
 
Ајде ти кажими што бараат Гонов, Горгиевски, пикерот Стојанович па и дефанзивниот Младенович во репрезентација кога немаат квалитет ни за македонска лига. Зошто крилото Кузманоски е изоставен?
Ѓонов е најдобриот all-round играч што го имаме, добро покира крило, лев, среден, индијанец во одбрана. И во офанзива е подобар од Кузманоски, а за дефанзива да не праиме муабет. Субашевски треба да добие шанса пред Кузманоски.
Ко што спомна Riki94, Младеновиќ неколку години не е во репрезентација. Се пробуваше и со него, и со Аларавов, и Омерагиќ и ред други али за жал Марковски уште е најдобар дефанзивец.
Ѓеорѓиев сезонава игра на солидно ниво, доста сигурна топка има. Не е потрошач на топки, кога треба реализира. И која е алтернативата? Карапалевски? Можда Шулевски али зависи како ќе се врати после повредата.
За пикерите јасна е ситуацијата. Пешевски и Лазаревски се прва и втора виолина. За трет тука се Карасманакис, Стојковиќ и Самоил. Карасманакис и Стојковиќ имаат минутажа и играат одбрана на 3-4. Самоил не баш. Штета што Симоновски има малер со повреди. Офанзивно е далеку подобар од тројцата.
И нормално е дека следно во репрезентација треба да влезе Дамјан Митев.
 
А исто изгледа немаш следено последниве два натпревари, па за твоја информација крилото Кузманоски играше и на двата меча имаше лоша реализација 3/7.
Кузманоски игра ЛШ, која и да му е реализацијата мора со Петар Атанасиевич да бидат прва опција.
Точно не ги знам презимињата пошто се небитни, ама не можиш никој да ме убеди дека наместо Томовски Кизич или другиот голман од алкалоид треба да се во репрезентација.
Историјата во мак ракометот видела многу вакви пластични проекти и сите завршија неславно.
 
Добар отпор дадоа Алкалоид денеска на Пелистер.
Само не ми е јасно зошто Дамјан Митев не доби ниту минута на натпреварот?
Овој Оливеира се уби од промашувања, не е воопшто квалитет плус од останатите, како за странец.
Ѓоргиев има многу напреднато, само му фалат подобри соиграчи за да има голем ефект тоа што го игра. :)
 
Нема достапна статистика за лигава, но убеден сум дека Ѓоргиев има најмногу пробиви на 6 (breakthroughs) и најмногу изнудени пенали. Шо не е мала работа покрај играчи како Фитиљ и Митев во лигава.
Сепак, има простор за напредок во реализацијата, ментално делува како да му е поважно да изнуди пенал отколку да постигне гол кога веќе пробива на 6.
 
Серафимов џабе им даде 8-9 гола кога во клучните моменти направи две промашувања - првото на празен гол, второто пеналот за израмнување. Инаку да, добра партија без Митев.
 
последно време кирката го немат со изјави ,анализи,дали имат бојкот од алкалоид.?
 
Нема достапна статистика за лигава, но убеден сум дека Ѓоргиев има најмногу пробиви на 6 (breakthroughs) и најмногу изнудени пенали. Шо не е мала работа покрај играчи како Фитиљ и Митев во лигава.
Сепак, има простор за напредок во реализацијата, ментално делува како да му е поважно да изнуди пенал отколку да постигне гол кога веќе пробива на 6.
Оваа добра реализација на Серафимов, пред се од пенали, е благодарение на влезовите на Ѓоргиев, 90% од пеналите ги изнудува Ѓоргиев.
Му фали во екипата класичен бек шутер, кој ќе го користи просторот што го прави и ќе пуца кон голот.
 
Победа од 5 разлика над норвешки Рунар кој е сериозен противник со типична скандинавска игра. Мислев дека Алкалоид без Митев ќе биде драстично ослабен за вакви натпревари, но мора да се пофали Ѓорѓиев кој денес изгина, даваше голови, се пробиваше, асистираше, сите пенали беа над него, играч на натпреварот без конкуренција. Исто пофалби и за Мартин Ивановски, со сигурност ќе се најде дечкото на следниот репрезентативен список. Ајде финалето е блиску, нека издржат во Норвешка.
 
браво дечки,изненадија позитивно ,штета шо судиите не им дадоа некое екстра исклучвење на Мирхол за протестите од клупа цело време,,,
галец не е галец ако не одбранит пенал последна сек
 
Јака партија на Алкалоид денес против Сандефјорд! Позитивно изненадување е тоа што без Митев играа доста полетно и да не беа оние чисти одбранети удари на Серафимов од 6-метри и пеналот, веројатно ќе даде 45 гола. Она што го видов е дека играа доста разновидно и даваа голови од сите позиции. Немаа решение за Рамбо и таа нивна 7-6 игра. Они играа цело време на таа карта или шут од 9 преку Рамбо или додавање до пикер и десен бек и така ги дадоа повеќето голови. А и не е лесно да се чува тој - висок и со многу јак шут. 5 разлика им е супер резултат. Ако играат вака и во Норвешка ќе победат и ќе играат финале! Памтам пред едно 20 години Вардар играше со Сандефјорд и ги победи и ги елиминира. Заборавив само дали беше квалификации за ЛШ или КПК куп.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom