Како прво, ЦВЕТУ, јас имам 15% оштетен преден вкрстен лигамент и не ми го чепнаа. Ми направија артроскопија и утврдија дека проблемот не го правел лигаментот, туку рскавицата. Со артроскопијата ги исчистија деловите од рскавицата кои останале во зглобот, а лигаментот си остана, таков каков што е.
Сега, 6 месеци по оперативниот зафат, лека-полека ногата кинисува, но не се брзам со вежбите. Како што ми рече лекарот, опоравувањето од оваа повреда е како да градиш куќа, долго и мачно.
Моја препорака е да не те лаже ѓаволот пак да одиш во државна, оди си на приватно. Јас бев кај д-р Џолев во неуромедика. Тој ми рече дека може да се оперира лигаментот, но пошто не планирам да станам МЕСИ на 30 и кусур години, со останав така.
Боро Илиев е број 1 во Македонија, а по него е Џолев. Сите други не ги рецкам. Златко Темелковски и Симеонов разбрав оти неодамна биле болни (мозочен удар). До несторовски не успеав да допрам. Отидов кај Џолев, пошто типот праел реконструкции на лигаменти во Мајчин дом пред 25-30 години.
П.С. Не се брзај со опоравувањето, терај натенане, бавно. Истото ти го мислам и за вежбите, не се преоптеретувај и пешачи за почеток. После 4-5 месеци теретана и вежби да ти даде некој писмен за да набилдаш мускулатура (предна и задна ложа- со нив се намалува оптеретувањето на лигаментот), да не се исфорсираш и пак да те вратат назад. позз и ако ти треба уште памет солење, слободно обрати се

))))))