Рехабилитација за преден вкрстен лигамент - ACL

  • Креатор на темата Креатор на темата cvet :)
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јануари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
12
Возраст
36
Здраво, јас имав операција на преден вкрстен лигамент во август месец, не беше од спортска повреда, туку како што ми кажа лекарот од повеќе часовното стоење на работа, после операција лекарот ми кажа дека лигаментот не бил скинат туку само оштетен, и покрај тоа земено е парче од тетивата за операцијата да биде завршена. После тоа вежбав интензивно, ама после 2 месеци ми се појавува фиброзно тикво и следува нова операција, и после таа операција немам целосна флексија ниту екстензија. Ме интересира дали некој има слично искуство да каже дали оваа бавно закрепнување е нормално или само мене ми се случува.
Однапред ви благодарам за одговорите.
 
Со среќа cvet :) ја имаш една од најгадните најдосадни спортски повреда. Бавното опоравување е сосема нормална работа. Инаку чисто информативно Дерек Роуз ја заработи истат повреда лани. И со сите НБА чуда и најдобри лекари најмалку година дена е надвор од натпреварување. Инаку и на Ражон Рондо со му ја дијагностицираа истата повреда пред некој ден и адиос плеј-офф и за него господ знае кога ќе се опорави. Со вакви повреди многу спортиси може и кариери си уропастувале.
Не си требал подолго време да вежбаш после тоа рехабилитација може да трае и до година дена зависи од големината повредата. Сега мислам дека ти е појасно што си направил:) Вежбање интензивно после АСЛ повреда е барање беља...може да си го заебеш коленото за век и векова.
Незнам како не ти кажале за оваа повреда до сега.
 
Немам навика да дискутирам на овакви теми од причина што не сум лекар, но бидејќи и јас сум напатена од оваква повреда ќе ти одговорам на прашањето од лично искуство и од долго истражување и консултации со повеќе лекари.
Јас не знам со кој памет си отишла на операција пред да побараш второ, трето, четврто мислење од други лекари за твојата состојба. Неќам да ти попувам али од ова што го прочитав имам мислење дека не си направила МРИ или магнетна резонанца.
И јас имав оваква повреда и тоа ја добив на вежбање кога направив еден потег со ногата. Нешто ми пукна внатре во коленото и после тоа не можев да продолжам да вежбам. Отидов на лекар и ми рекоа дека е дисторзија. После отидов на контрола и ми рекоа дека е обична повреда. Али, пошто сум скептик отидов и направив МРИ и имав дијагноза на оштетен лигамент, односно дел од лигаментот е скинат и истиот функционира делумно.
Со консултации со друг доктор кој има објективен пристап (а не само да те стави под нож) ми рече дека треба да мирувам и да не вежбам, бидејќи ако имам интензивни тренинзи само уште повеќе ќе го оптоварам лигаментот и тој може целосно да биде скинат. А секако тоа не ми иде во прилог.
Го прашав што да правам и дали ќе ми се регенерира тоа ткиво и он ми рече за ова треба само сунчање и пливање и никако напорно вежбање, туку само за релаксација. 3 лета по ред да идам по 20 дена на море на сунчање и пливање и ќе сум била ко нова.
Со самото тоа што си продолжила со интензивни тренизи само уште повеќе си ја влошила ситуацијата.
Мој совет би бил да прекинеш со тренизи, знам дека е тешко и мене тие денови кога не вежбав ми беа пекол, ама имај на ум дека не смееш и дека е за твое добро.
Батали ги операциите, мирувај, држи ја ногата подигната и свиткана на 90 степена, доколку имаш отоци стави мраз или ациди борици облоги. Додека не ти се стабилизира коленото мирувај, а кога ќе ти се стабилизира почни со полесни тренизи и секогаш носи стегач на коленото. Колку можеш толку вежбај, али во никој случај да не се форсираш. Ако се форсираш само може беља да си направиш. А ништо не те кошта да мируваш и да се припазиш малце отколку цел живот да си имаш последици.
Се надевам дека малце од малце ти помогнав со советов и ти пожелувам побрзо да закрепнеш.
 
kjara Можеби скокнав некои делови од целата оваа случка за да бидам пократка и да добијам одговор на моменталната мака што ја имам. Еве ја подолгата верзија: Работев по 10 ч во денот 6 дена во неделата, работата е нонстоп на нога, нема седење. Почна да ми отекува ногата и дојди до тој степен што не се трпеше, кога не одев 3-4 дена на работа блоката ми се смируваше но пак се враќаше кога повторно ја користев подолго време (прошетки, стоење итн итн). Бев во Скопје на ортопед каде ми кажа дека неми било ништо и си закажав јас снимање на МР во државна за месец време по нормално закажување. Во меѓувреме бев и на ортопед во Прилеп кај добро познат специјалист за ортопедија др. Илија. По 3 мин преглед и само со допир на коленото тој заклучи дека треба да се оперирам од менискус, и сакаше да ми закаже операција за 2 дена, без никакво снимање на нога (многу беше сигурен во својата дијагноза). Но за 1 недела требаше да ми дојде терминот за снимање на МР, јас сакав да одам на оваа операција без снимката (болката беше неподнослива) но моите блиски ме разубедија во оваа моја очигледно глупа идеа и почекав до терминот за снимање. После снимањето со снимките од МР појдов кај истиот др. Илија специјалист за ортопедија од Прилеп и му ја дадов за да виде што имам. Но како во цртаните уште да ја завртеше наопаку, незнаеше што е дијагнозта на снимката поради и што ми рече дека сум немала никакви проблеми со коленото туку сум имала слаба мускулатура и било потребно да вежбам што повеќе. Но болката си беше присутна а јас нервозна па си појдов на друг специјалист за ортопедија во Скопје др. Златко Темелковски кој исто така ми го кажаа како цар во оваа област. Кај него на преглед бев со истата снимка како и кај др. Илија од Прилеп и по само помалку од минута тој кажа дека проблемот е лигаментот и дека ќе морам да одам на операција (ACL). Операцијата ми ја направија во август и после операција ми кажа дека не ми бил скинат лигаментот само оштетен но операцијата се извршила со што сепак бил заменет со дел од тетивата. Ногата после операција ми беше во ортоза и 4 недели не смеев да се движам. Потоа бев на бања каде што имав вежби за коленото и тогаш за тогаш беше се ок. Но по 2 месеца од операција коленото ми се здрви и не можев да го мрдам, бев на контрола кај др.Темелковски и тој ми кажа дека сум добила фиброза, со што ми беше закажана 2 операција за чистење од фиброзата (артоскопија мислам дека беше). И после тоа бев пак на бања но како што кажав сеуште немам целосна флексија и екстензија, на што лекарот ми кажа дека треба да правам "агресивни" вежби и да бидам упорна. Додека ги правам овие "агресивни" вежби ногата ми добива скоро целосна екстензија (можам да ја исправам скоро колку и здравата нога) но флексијата ми е сеуште проблем. Но ако прекинам со вежбање, а тоа е кога спијам, ногата ми се здрвува во одреден агол кој што со повторно вежбање и ставање тежина врз коленото доаѓа до опуштање и ја добивам скоро целосната екстензија. Тоа е целата приказна, оваа е уште малку 6-ти месец од првата 3-ти од втората операција па сум загрижена и затоа сакам да знам дали имал некој сличен проблем или знае нешто во врска со мојот проблем. Поздрав и простете да долгиот текст, но маката е долга па така и текстов :)
 
Работев по 10 ч во денот 6 дена во неделата, работата е нонстоп на нога, нема седење. Почна да ми отекува ногата и дојди до тој степен што не се трпеше, кога не одев 3-4 дена на работа блоката ми се смируваше но пак се враќаше кога повторно ја користев подолго време (прошетки, стоење итн итн).

Ништо чудно ова да ти се десило од носење на неудобни кондури или штикли, а по се изгледа дека си дустабанлија односно рамни стопала. Ти се нарушила статиката и заради тоа почнало да ти откажува коленото. Си требала навреме да реагираш со носење на удобни кондури на рамно со ортопедски влошки.

Со тоа што си идела на операции уште поише си ја влошила ситуацијата.

Мој совет би ти бил да не те загрижува флексијата и екстензијата на ногата, мирувај и не се оптоварувај со агресивни вежби. Јас 4 месеци послем повредата не можев да ја исправам ниту да ја свиткам ногата. Со тек на време си дојде се на свое место. Уште имам проблеми ама тие се незначителни, а од повредата до сега има поминато година и 5 месеци.

Пиј апчиња глукозамин сулфат, ако имаш болки мачкај се со крема Камфарт, мирувај, шетај колку можеш, но никако не претерувај и никако носење неудобни кондури и штикли.
 
Тие доктори не се доктори околу нив само толку.
Зашто си трчала да продолжиш со тренинзи и вежбање? Јас на стапалото имав напукнато петната коска или тука нешто беше (замисли колкава коска и колкава сила требало да напукне) па после лонгета носев и за целото време на носење не се осмелував да стапнам на ногата и бев на патерици а докторите ме караа да стапнам на таа нога и да идам па дури после 2 недели отприлика по вадење на лонгетата уште со недоверба газев.

Таа повреда која си ја имала т.е. ја имаш сеуште е една од потешките а посебно што се работи за најголемиот зглоб на човечкото тело. Доктор, едиствен компетентен за такви повреди според мене е др.Камиловски и веќе прекина да оперира докторот со ќелава глава скроз лево на сликава.

Каде беше на физикална, какви терапии помина до сега итн итн и со каков спорт се занимаваш?
 
Во која болница се оперираше девојко ?
Во државна болница, на ортопедија кај др. Златко Темелковски...
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 05:18 ---
Тие доктори не се доктори околу нив само толку.
Зашто си трчала да продолжиш со тренинзи и вежбање? Јас на стапалото имав напукнато петната коска или тука нешто беше (замисли колкава коска и колкава сила требало да напукне) па после лонгета носев и за целото време на носење не се осмелував да стапнам на ногата и бев на патерици а докторите ме караа да стапнам на таа нога и да идам па дури после 2 недели отприлика по вадење на лонгетата уште со недоверба газев.

Таа повреда која си ја имала т.е. ја имаш сеуште е една од потешките а посебно што се работи за најголемиот зглоб на човечкото тело. Доктор, едиствен компетентен за такви повреди според мене е др.Камиловски и веќе прекина да оперира докторот со ќелава глава скроз лево на сликава.

Каде беше на физикална, какви терапии помина до сега итн итн и со каков спорт се занимаваш?
На физикална бев во катлановска бања, а од терапии само струја т.е интраферентнии струии мислам како што ми кажуваа сестрите таму, масажи, вежби со физиотерпевт, на справи итн. Значи како што имам напишано погоре не почнав одма со вежби, 35 дена носев ортоза и никако не смеев да стапнувам, тек дури одпосле, се беше во ред кога се вратив од физикална дома, си продолжив со вежбите со ги знаев, наеднаш почна да не оди, и добив фиброза и пак на операција, и пак на физикална, сега докторот ми вели да форсирам со вежбите. И искрено сега сум многу подобро, ама ме плаши тоа што нема целосна флексија и екстензија, а и наутро кога станувам целата нога ми е поткрената и имам окоченост. А исто знам дечки со истата повреда како мојата ги немат овие проблеми, и многу се плашам оти бавно закрепнувам. Инаку не се занимавам со никаков спорт.
 
Во државна болница, на ортопедија кај др. Златко Темелковски...
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 05:18 ---

На физикална бев во катлановска бања, а од терапии само струја т.е интраферентнии струии мислам како што ми кажуваа сестрите таму, масажи, вежби со физиотерпевт, на справи итн. Значи како што имам напишано погоре не почнав одма со вежби, 35 дена носев ортоза и никако не смеев да стапнувам, тек дури одпосле, се беше во ред кога се вратив од физикална дома, си продолжив со вежбите со ги знаев, наеднаш почна да не оди, и добив фиброза и пак на операција, и пак на физикална, сега докторот ми вели да форсирам со вежбите. И искрено сега сум многу подобро, ама ме плаши тоа што нема целосна флексија и екстензија, а и наутро кога станувам целата нога ми е поткрената и имам окоченост. А исто знам дечки со истата повреда како мојата ги немат овие проблеми, и многу се плашам оти бавно закрепнувам. Инаку не се занимавам со никаков спорт.
Гледај да ти ја исправат ногата за да не останеш куца. Прашај ги дали вреди да се имоболизира ногата во полна екстензија, барем накратко, или можеби преку ноќ. Батали ја флексијата, ова е многу побитно.
 
Мене ми ги спомнаа Др. Несторовски од Воена болница, Др. Мирче Симеонов од Државната болница, и Др.Борче Илиев од Ремедика. Ако некој има искуство (добро или лошо), може да сподели тука, бидејќи и јас го имам истиот проблем со вкрстените лигаменти, а се уште не сум се одлучил за операција.
 
Мене ми ги спомнаа Др. Несторовски од Воена болница, Др. Мирче Симеонов од Државната болница, и Др.Борче Илиев од Ремедика. Ако некој има искуство (добро или лошо), може да сподели тука, бидејќи и јас го имам истиот проблем со вкрстените лигаменти, а се уште не сум се одлучил за операција.
Дефинитивно да си одиш ка Др. Несторовски, ти кажувам оти кога бев во катланово имаше повеќе деца од него оперирани со иста повреда како мојата и сите беа добри, по мое да си одиш кај него. Но дали до сега некој има слушнато за Др. Златко Темелковски од државна болница, и какви искуства има :)
 
Како прво, ЦВЕТУ, јас имам 15% оштетен преден вкрстен лигамент и не ми го чепнаа. Ми направија артроскопија и утврдија дека проблемот не го правел лигаментот, туку рскавицата. Со артроскопијата ги исчистија деловите од рскавицата кои останале во зглобот, а лигаментот си остана, таков каков што е.
Сега, 6 месеци по оперативниот зафат, лека-полека ногата кинисува, но не се брзам со вежбите. Како што ми рече лекарот, опоравувањето од оваа повреда е како да градиш куќа, долго и мачно.
Моја препорака е да не те лаже ѓаволот пак да одиш во државна, оди си на приватно. Јас бев кај д-р Џолев во неуромедика. Тој ми рече дека може да се оперира лигаментот, но пошто не планирам да станам МЕСИ на 30 и кусур години, со останав така.
Боро Илиев е број 1 во Македонија, а по него е Џолев. Сите други не ги рецкам. Златко Темелковски и Симеонов разбрав оти неодамна биле болни (мозочен удар). До несторовски не успеав да допрам. Отидов кај Џолев, пошто типот праел реконструкции на лигаменти во Мајчин дом пред 25-30 години.

П.С. Не се брзај со опоравувањето, терај натенане, бавно. Истото ти го мислам и за вежбите, не се преоптеретувај и пешачи за почеток. После 4-5 месеци теретана и вежби да ти даде некој писмен за да набилдаш мускулатура (предна и задна ложа- со нив се намалува оптеретувањето на лигаментот), да не се исфорсираш и пак да те вратат назад. позз и ако ти треба уште памет солење, слободно обрати се :)))))))
 
moze li nekoj da mi pomogne.u fudball se povrediv i kolenoto ne mi e stabilno sega napraiv m.r i eve sto pisuva.napraveno e mri na desnoto koleno vo standardni ramnini i plus sekvencii,vodliva efuzija vo suprapateralnata burza i vo koleniot zglob.obata miniskusa se prikazaa uredni. na nivo na medijalniot meniskus preden rog se voocuva mala ventralna i medijalna ekstruzija na predniot rog.zadniot rog e so promenet signal vo prilog na degeneracija.leteralniot miniskus se prikaza so ureden signal.predniot vkrsten ligament ne se prikazaa i na dopolnitelnite ramnini kkoe odi vo prilog na komletna lezija na istiot kosken edem se voocuva na nivo na predniot aspekt od medijalniot kondil na femurot.vo istata regija se voocuva osteohondritis dissecans b.patelofemoralniot zgloben prostor e ureden.tetivata na m.Quadriceps femoris i liga.patelae so prikazaa so ureden signal.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 23:53 ---
napravil; li nekoj operacija na preden vkrsten ligament koj doktor e najdobar tuka u makedonija.sto mi preporacuvate.i dali operacijata e rizicna.ne znam sto da napravam kolenoto ne mi e stabilno.
 
Мене ми ги спомнаа Др. Несторовски од Воена болница, Др. Мирче Симеонов од Државната болница, и Др.Борче Илиев од Ремедика. Ако некој има искуство (добро или лошо), може да сподели тука, бидејќи и јас го имам истиот проблем со вкрстените лигаменти, а се уште не сум се одлучил за операција.
Борче Илиев или пак Несторовски.
За првиов ти зборам од искуство а за вториов од муабети. За почеток отиди на консултации.
 
Батка, како прво тебе не ти е дијагностицирана лезија т.е. кинење на лигаментот. КАј тебе има омекнување на коската и аномалија на задниот рог од менискус. за тоа се прави артроскопија, со која ќе влезат во коленото и ако не е лигаментот искинат, ќе те закрпат и излечат, а ако е искинат, ќе ти го сечат коленото (должина од 15-20 см) изнад и испод коленото и ќе те крпат - најгрубо кажано.
За доктори - јас бев кај д-р Џолев во неуромедика, а по реномето во Македонија број 1 е д-р Боро Илиев од Ремедика и двајцата се на приватно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom