Репутација

Што е тоа репутација во општеството? Како се стекнува? Дали е преценета? Дали ги претставува всушност оковите на „идеалното“ што всушност не постои?

За мене угледот е преценета, нереална слика, каде си принуден да криеш дека си грешен, иако сите знаат дека си, ама не ти ги знаат гревовите.

Угледот е синџир во кој самите се оковуваме, докажувајќи си колку сме примитивни и колку живееме за другите.

Ајде, now it`s your turn! :helou:

Живееме во такво општество што мора понекогаш да мислиме што ке кажат другите за нас(иако не си ја гледаат својата работа)затоа што самото општество ке те отфрли како личност и ке те критикува иако можеби си во право,тоа е животот кај нас.Иако можеби тој што те критикува,направил поголем грев.
Јас лично не живеам за другите,не ме интересира кој што рекол,кој што мисли за мене,зошто тоа си е мој живот.А другите нека си гледат за себе.
Колку е убаво да даваш критики од страна а всушност не се погледнеш самиот себеси.
Углед?ха ха ха...што беше тоа?
 
Ако го имате добиено комплиментот ''СВАКА ЧАСТ'' од барем 20ина луѓе, тоа значи имате добра репутација. ;)
 
Ако го имате добиено комплиментот ''СВАКА ЧАСТ'' од барем 20ина луѓе, тоа значи имате добра репутација. ;)
:pos2:

Он:
Репутација (односно мислење на околината) почитувам кога станува збор за професионална репутација.
Инаку за приватен живот, стварно не ме занима, луѓе што ми се пријатели точно знаат која сум и што сум, а многу ми смета кога на некој треба да му се објаснувам што сум мислела со тоа што сум кажала или направила. Ова мислам дека на рана возраст го сфатив, бев прва средно, ептен бев запалена по Nirvana, и си носев маички такви, со мартинс, а во борис тоа беше незамисливо, и цел клас мислеше т.е. беа убедени дека сум џанак. И покрај тоа што дознав дека мислат така, и тоа од татко ми кој беше викнат од класната за истава причина (неможам да замислам што му зборела, ќерка ти во црни маици се шета :tapp:) ич не му се замарав. И дојде втора, си продолжив јас во ист стил, (додуша почнав у метал води :icon_lol: ) и не се ни обидов на некој да му објаснувам дека нема врска, дека не сум наркоман, и за кратко време, си престанаа муабетите, и денес никој од нив не се ни сеќава. Поентата ми е дека ако се обидуваш да разубедуваш луѓе дека не е точно тоа што се мисли, уште повеќе ќе мислат дека е точно, во човековата природа е тоа, затоа само chill и мирна глава :wink:
 
Пред некој ден со еден пријател зборувавме за тоа како ги доживуваме грешките на луѓето со добра репутација. Заклучокот е дека нивните грешки се потешки, понепријатни за прифаќање, пошокантни и на долг план водат до сомнеж во репутацијата. Всушност - целиот живот е подолгиот пат да дојдеш до лоша репутација. И за тоа не треба многу труд. Само - доаѓа.
 
Репутацијата најчесто за жал се стекнува со First impression. Да дадам некој рандом пример.
Упознаваш девојка/дечко во даден момент. Ти ги попримаш првите впечатоци и градиш еден вид на личност која подоцна ја запознаваш во поинакво светло. И тука е најголемата грешка. Разочараност. И откако таа личност по некоја случајност дознава за разочараноста, започнува обостраното градење на ѕидот. Со таа разлика што личноста најчесто генерализира и мисли дека сите го имаат истото ако не и сличното мислење. И таа се оттуѓува.
 
Well,мене цел живот IRL репутацијата ми е големо црвенко ама ете,моиве грешки сепак се неприфатливи во очите на најблиските па и подалечните.
 
Репутацијата најчесто за жал се стекнува со First impression. Да дадам некој рандом пример.
Упознаваш девојка/дечко во даден момент. Ти ги попримаш првите впечатоци и градиш еден вид на личност која подоцна ја запознаваш во поинакво светло. И тука е најголемата грешка. Разочараност. И откако таа личност по некоја случајност дознава за разочараноста, започнува обостраното градење на ѕидот. Со таа разлика што личноста најчесто генерализира и мисли дека сите го имаат истото ако не и сличното мислење. И таа се оттуѓува.
Да, али после некое време (ако си го дозволите), ќе дојдат работите на свое место, односно ќе се добие вистинската слика, па макар и првичните впечатоци биле сосема спротивни од неа.
 
Да, али после некое време (ако си го дозволите), ќе дојдат работите на свое место, односно ќе се добие вистинската слика, па макар и првичните впечатоци биле сосема спротивни од неа.
Да но најчесто првиот впечаток е пресуден.
И да, ако истиот е негативен, подоцна потешко се постигнува во позитива. Reality bites.
 
Да но најчесто првиот впечаток е пресуден.
И да, ако истиот е негативен, подоцна потешко се постигнува во позитива. Reality bites.
И те како е битен.Ако ја заебеш на почеток работата после тешко да поправиш впечаток.Може ке успееш ама треба време за тоа а и можеш многу да изгубиш до тогаш...
 
И те како е битен.Ако ја заебеш на почеток работата после тешко да поправиш впечаток.Може ке успееш ама треба време за тоа а и можеш многу да изгубиш до тогаш...

Битен е,ама до колку?што ке се случи ако имаш погрешен впечаток за одредената личност?
Тоа ме највеке нервира кога некој ке рече внимавај како ке се прикажеш зошто може да се случи да имаат погрешно мислење за тебе.
Јбг,ми се случувало погрешно да проценам луге.Aма секогаш ми кажувале дека навистина сум била во грешка ама ко на зид да се зборувало.
 
Природно е тоа што човекот вака постапува. Секогаш новите работи се впиваат одат според најпрвите впечатоци. Исто како и кога пробуваш нова храна. Или некој си пијалок. И не дај боже да имаат гаден вкус. Потешко ќе се натераш повторно да ги пробаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom